Најдобар бенд на сите времиња (GOAT) (Читај прв пост правило)

Најдобар бенд


  • Вкупно гласачи
    98
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.730
Поени од реакции
38.973
Па да ама за нешто се прашувал и Бебек, кога Брега почнал да скршнува од првичните идеи за класичен/психо рок и сакал да вметне фолк мотиви почнале несогласувањата. Затоа и Бебек си иде од бендот и со тоа Бреговиќ на еден начин скроз си го присвојува бендот и ги диктира правилата на функционирање во иднина.

Па има врска аргументот за сељачко со оглед на тоа што скроз бега од рок музиката и иде во некој шунд правец, музика за сите уши, за у кафана, за по дома, за пијанка на улица, за на слави и собиранки, за сегде. Ликот не ни знае да свири гитара.

Ок се Дугме, све тоа стои дека се најпопуларни и бенд со највеќе продадени плочи ако не се лажам, Брега е мајстор да продаде. Не дека они се единствен бенд што од рок одат на нешто помеко, има и други примери ко Плави Оркестар, Црвена Јабука, Бајага и до негде Галија и Парни Ваљак. Ама ова на Дугме е недефинирано, затоа и чобански рок се вика.

Јас и Индекси би ги ставил во категоријата на поп-рок бенд со примеси на психоделија. Иако они се у посебна категорија со тоа клавијатурите, они и ЕКВ се уникатни во тој поглед. Клавијатурата на Маги е чиста магија. Маргита е пола ЕКВ.

За мене најчист рок свири Азра и никој друг.

Ова е за у другата тема, сега приметив. Нека префрли Зан ако не го мрзи.
Тоа бегање што го викаш се вика еволуција. Тоа е нешто што мора да се случи за да се одржи релевантноста на пазарот. Они, мслам музичарите, музиката ја прават за да заработат, а не за лепе очи. Брега проценил што се бара и тоа му дал на народот. Многу ги гледате плитко работите.
У музиката ако не еволуираш, не можеш да одржиш континуитет, сеа ако за некого неколку фолк мотиви се сељачки тоа е ваш проблем.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Едно време до осмо слушаш свашта, а можда и ништо по што пар години предходно си го гледал Дигимон на А1 и си збирал жетони што се паѓаа во оние смоките на Велија и после имаше и сложувалка да збираш па ако ја собериш добиваш мотор веспа или така нешто.
Е, со растот на кинеската економија и мас производството, му падна тоа цената ваљда на компјутерите па негде пред почеток на средно масовно се започна да се купуваат компјутери и да се мести интернет. Можда беше и економското визионерство на Грујо, кој да го знае, небитно. Битно тогаш се дојде до контакт со неограничени порно ресурси, оти пред тоа се чекаше да прекрши 00:00 па на тв 1000 да почни голо рокање. Се враќаш од излегување и гледаш на пола маало му светкаат телевизорите во ниедно време :D. Родителите ти купиле компјутер, инсталираш игра од замунда и те мислат хакер, се фалат по комшии, а ти дркаџија во буквална смисла на зборот.

Во средно почнаа некои да слушаат Нирвана и ГнР, по што обично со тоа се почнува и демек несфатени, со уникат изоштрен вкус за музика, не ко оние шабаните глупи, неинтелигенти. После еволуираш, копаш по интернет и откриваш дека мејнстрим уствари не е кул уопште, тебе ти треба нешто што ретко кој го знае, алтернатива на алтернативата и налетуваш на Рејдиохед. Појма немаш шо пеј тоа грдиот британец али јебига, интернетот вели оти ако се поистоветуваш со тој стил на музика, тоа ваљда ти е некој знак дека си поинтелигентен, си член на одбрано друштво слушатели, уникатна снегулка. Па трипаш као демек се тоа е апстрактно, даваш свои видувања што тоа сакал авторот да каже во песната, што го инспирирало. Уствари гуглаш и читаш по вакви форуми. Исто како што го изгугла значењето на Fight Club филмот, оти го симна дека мислеше оти е нешто ко Роки а уствари доби нешто сосема друго. Гледаш висок рејтинг на Имдб, читаш рецензии со хвалоспеви и не ти е јасно што е работата, по што ти уствари ништо не си разбрал од филмот. Па се осеќаш глупо, ти се дешава таква конгнитивна дисонанца, оти да се осеќаш глупо а слушаш и гледаш само строго селектирана содржина што треба да кореспондира со твоето интелектуално ниво. Па гуглаш повторно и бараш содржинско објаснување на некој фан сајт или блог и добиваш просветление, за да после сериш како од прва си ја сфатил поентата и суштината на филмот, па и саундтракот и Where is my mind на Pixies.

Инаку гласав за Queen. Не знам дали се најдобар бенд, мене ме потсеќаат на една драга особа која што е голем фан на нивната музика, па ваљда затоа.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.620
Поени од реакции
18.094
Тоа бегање што го викаш се вика еволуција. Тоа е нешто што мора да се случи за да се одржи релевантноста на пазарот. Они, мслам музичарите, музиката ја прават за да заработат, а не за лепе очи. Брега проценил што се бара и тоа му дал на народот. Многу ги гледате плитко работите.
У музиката ако не еволуираш, не можеш да одржиш континуитет, сеа ако за некого неколку фолк мотиви се сељачки тоа е ваш проблем.
Дај не ја трујте темава со Брега, си имате ју бендови, за неговата музика од Бјело Дугме не вреди да се коментира пошто е плагијатор.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Пак ќе кажам, за вкусови на музика не се расправа.
Тешка фраза е дека за вкусовите не се расправа. Всушност, само за нив можеш да расправаш. За што ќе расправаш ако не за вкусовите? За фактите? Ти велат дека силата на гравитацијата е толку и толку, брзината на светлината толку и толку, и што имаш тука да расправаш?
Автоматски споено мислење:

Во врска со Квин и Пинк Флоуд голема улога за кој повеќе ги преферира има начинот на кој се слуша музика. Пинк Флоуд може да ги слушаш само дома сам или евентуално на работа кога идеш. Не можеш искочен во друштво во бар и да ти пуштат Пинк Флоуд или Џој Девижн. Можеби ќе ја слушен само Wish you were here илиLove will tear us apart како нешто покомерцијално од нив. Повеќе ќе слушнеш нешто од Квин или поагресивен рок,Металика, ГНР, РХЦП, Дип Парпл, Рамонс

Јас на пример ретко слушам дома музика затоа повеќе целам на Квин и другиве него на Пинк Флојд или останативе. Но кога слушам дома сепак повеќе би сакал Пинк Флоуд да ми иде во позадина.
Види, ова е случаен, но многу добар критерум за вредноста на некоја музика. Се разбира дека големата музика се слуша сам, и не се јади во пицерија со неа. Во пицерија може да ти пуштат Цеца и Квин, затоа што за тоа служат, да им ги исполнуваат шуплините во главите на луѓето кои се плашат да останат на само со своите мисли или емоции.

Перверзно е во кафич да ти ја пуштат New Dawn Fades или Shadowplay, а сосем природно е да слушаш некоја балалајка од Квин, или некоја сељандурија од Цеца.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.467
Поени од реакции
2.501
Тешка фраза е дека за вкусовите не се расправа. Всушност, само за нив можеш да расправаш. За што ќе расправаш ако не за вкусовите? За фактите? Ти велат дека силата на гравитацијата е толку и толку, брзината на светлината толку и толку, и што имаш тука да расправаш?
Муабетот и беше дека глупо е да разубедуваш некој дека музиката што ја слуша е срање , музикава е субјективна работа секој различно си ја доживува , некои сакаат да тагуваат на Рејдиохед , некои сакаат да кршат чаша на Аца Лукас , некои па да се начукаат бомбони на транс журка.Бидејќи ти не сакаш да слушаш транс или не ти се свиѓа незначи дека трансот е срање.
Види, ова е случаен, но многу добар критерум за вредноста на некоја музика. Се разбира дека големата музика се слуша сам, и не се јади во пицерија со неа. Во пицерија може да ти пуштат Цеца и Квин, затоа што за тоа служат, да им ги исполнуваат шуплините во главите на луѓето кои се плашат да останат на само со своите мисли или емоции.

Перверзно е во кафич да ти ја пуштат New Dawn Fades или Shadowplay, а сосем природно е да слушаш некоја балалајка од Квин, или некоја сељандурија од Цеца.
Пак со истата грешка дека ако нешто е популарно нечини , еве ти се Пинк Флојд доказ дека може квалитетното да биде и популарно.

А зошто сељандурија од Цеца , што подразбираш под сељандурија?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Бијело Дугме од секогаш било на Брега, од почеток он го има зборот кој ќе биде у бендот а кој не. Иначе Дугме го карактеризираат дека е сељачко зошто има фолк мотиви, аргумент што нема врска реално.
Дугме можеме единствено да го карактеризираме како плагијаторско гомно и со тоа да се заврши целиот муабет.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.620
Поени од реакции
18.094
Ова е тешко, мојата лична да не ја кажам интимна топ 10 листа

1. Of The Wand & The Moon (можеби не типичен бенд, но проект со доста гости)

2. Bohren & der Club of Gore

3. Dead can Dance

4. King Crimson

5. Imbaru

6. Pink Martini

7. Depeche Mode

8. Beirut

9. Still Corners

10. Wardruna
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Муабетот и беше дека глупо е да разубедуваш некој дека музиката што ја слуша е срање , музикава е субјективна работа секој различно си ја доживува , некои сакаат да тагуваат на Рејдиохед , некои сакаат да кршат чаша на Аца Лукас , некои па да се начукаат бомбони на транс журка.Бидејќи ти не сакаш да слушаш транс или не ти се свиѓа незначи дека трансот е срање.

Пак со истата грешка дека ако нешто е популарно нечини , еве ти се Пинк Флојд доказ дека може квалитетното да биде и популарно.

А зошто сељандурија од Цеца , што подразбираш под сељандурија?
Kaде напишав дека ако е нешто популарно не чини, ајде цитирај ме?
 
Член од
6 август 2015
Мислења
463
Поени од реакции
769
Од списокот, тотално субјективно, од најдобар до нај - не - добар:
  1. Beatles.
  2. Led Zeppelin.
  3. Queen.
  4. Black Sabbath.
  5. Rolling Stones.
  6. Pink Floyd.
  7. Iron Maiden.
  8. The Doors.
Итн итн.

Бонус бендови: Cream, Joy Division, Metallica, Kraftwerk, The Stooges, Creedence Clearwater Revival ...

Бијело Дугме од секогаш било на Брега, од почеток он го има зборот кој ќе биде у бендот а кој не. Иначе Дугме го карактеризираат дека е сељачко зошто има фолк мотиви, аргумент што нема врска реално.
Реално, Бијело Дугме е режимски сељачки плагијаторски бенд, како и да гледаш на него.
 
Последно уредено:
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.467
Поени од реакции
2.501
Kaде напишав дека ако е нешто популарно не чини, ајде цитирај ме?
Не мислев конкретно ти дека си кажал , туку зборував за шаблон на луѓе што размислуваат како тебе , пробуваш да разубедуваш фанови на Квин дека не чинеле по некоја си објективна вистина , дека ги имало на радио и дека служеле да им ги полнат шупливите глави на луѓето. Самиот факт што до ден денеска ги слушаат Квин ти кажува дека се битен бенд , револуционерно нешто во музикава не се.Можеме ако сакаш да ја објективизираме музикава ама веќе ако правиме муабет од теориски и од технички аспект (да ја гледаме ко математика) ама по таа логика Дејвид Гилмор би бил тапа гитарист во споредба со Холдсворт , Фрип или Џанго. Рок музиката би била плитка и проста и така натаму.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Не мислев конкретно ти дека си кажал ,
Па ако не мислеше конкретно дека јас сум кажал, зошто го цитираш мојот пост и велиш дека сум ја правел таа грешка? Следниот пат мисли малку повеќе, вака не делуваш многу бистро.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.467
Поени од реакции
2.501
Па ако не мислеше конкретно дека јас сум кажал, зошто го цитираш мојот пост и велиш дека сум ја правел таа грешка? Следниот пат мисли малку повеќе, вака не делуваш многу бистро.
Пошто цитатот не ми беше само една реченица , незнам колку гледаш ама океј е ќе ти опростам жалам што не бев бистар.
Иначе да не си ја правел таа грешка немаше 3 страни уназад да им попуваш на членовиве за Квин.
 
Последно уредено:
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Музичкиот елитизам како и музичкиот популизам се екстремно небалансирани позиции. Музичкиот елитизам, во својата потоксична форма, суштински е навредлив. И да постои некоја објективна разлика меѓу кичот и добрата уметност (нешто што е дискутабилно на многу планови), да му кажуваш на некој дека нема музички сензибилитет и сл. само затоа што слуша музика што не се вклопува со твојот вкус, повредува луѓе на подлабоко ниво. Луѓето ја поврзуваат музиката што ја слушаат со разни интимни чувства, животни случки и ред други работи поради различни причини. Кога некој им го плука тоа, на некој начин ги вреѓа нивните искуства и идентитет.

Некои музички елитисти се индоктринирани од некоја субкултура и научени се нивното уво да перцепира одредени мелодии и хармонии како „добри", а други како „лоши". Дрндањето за кичот најчесто нема врска со музичката форма која е кич, туку е асоцирана со контекстот и субкултурата која ја слуша. Многумина од елитистите (за уметност, облекување и др.) што ги знам, повеќе имаат склоност да судат луѓе по различни основи и посклони се кон аверзивни чувства и помала емаптичност, а судот си го втемелуваат со некое етичко оправдување („Поради тоа што луѓето слушаат/гледаат/се облекуваат вака и вака, тоа доведува до вакви и онакви општествени проблеми") што честопати нема благе везе. Можда и ја бев у групата на музички елитисти еден период од животот и жалам за сето тоа пошто искуството ми покажало дека луѓето и нивните музички вкусови не се црно бели.

У контекст на темава, од моја перспектива, бендови што допиреле до мене на најдубоко нивоу и резонираат со моите фреквенции... :D

1. Swans
2. Pink Floyd
3. Opeth
4. Dead Can Dance
5. Nirvana
6. The Cure
7. The Doors
8. Anastasia
 
Последно уредено:
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Пошто цитатот не ми беше само една реченица , незнам колку гледаш ама океј е ќе ти опростам жалам што не бев бистар.
Иначе да не си ја правел таа грешка немаше 3 страни уназад да им попуваш на членовиве за Квин.
И треба да жалиш. Ако сакаш со некого да дискутираш, треба прво да сфатиш која е тезата, а не да тресиш рандом глупости. Мојата теза беше дека големата музика е за слушање сам, по дома, и не е прикладна за пуштање по пицерии и кафани.

Ти ме цитираше и најде да коментираш дека сум рекол како се што е популарно не е добро.

Едното со другото блага врска немаат. Сконцентрирај се, верувам дека можеш да го сфатиш сето ова, и понатаму поквалитетно да дискутираш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom