Повторно Нагорно Карабах ?

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Таа територија што ја бара Азербејџан, била територија на Ерменија што пред 50тина години му била поклонета на Азербејџан. Нешто слично како Крим и Прохор Пчињски кај нас?

Ако е така, нели Азербејџан е оној кој врши агресија, оти таа територија отсекогаш била на Ерменија?
 
Другар, правиш спин.
Јас на твојот прв коментар исклучиво во делот за Србите од Хрватска ти напишав, никаде не спомнав околу Косово и Метохија.
Србите очекуваа ( и се уште очекуваат) помош од Русија околу Косово и Метохија, тоа не е спорно.

Србите за помош на Србите во Краина- денешна Хрватска не очекуваа помош од Русија, како што во мој претходен коментар напишав, ќе повторам, Русија многу рано ја призна независноста која ја прогласи Саборот на Хрватска, и ден денес Русија воопшто не споменува збор околу заштита на правата на Српско малцинство во Хрватска, затоа што Русија си брка свои бизнис интереси околу бродоградилишта и крајбрежје на Хрватска.

За Косово и Метохија ги имам гледано тие видеа кога Русите го зазедоа аеродромот Слатина во Приштина и кога влегуваа Руски тенкови, транспортери и војници низ Приштина. Србите беа воодушевени и мислеа дека Русите ќе останат трајно на Косово и Метохија да ги штитат, бидејќи знаеја дека Нато војниците нема да мрднат со прст ( освен неколку пати Француските војници се осмелуваа да влезат во оган со Албански терористи).
Тогаш Русите беа величина на Балканот наспрема сега, кога единствено што можат да влијаат тука е преку интернет ботови и по некој поп. Да стапнат со воени трупи е сајнс фикшн во Украина(или поточно тие 90% од Украина кои се под Украинските власти), а не па на Балкан.
 
Таа територија што ја бара Азербејџан, била територија на Ерменија што пред 50тина години му била поклонета на Азербејџан. Нешто слично како Крим и Прохор Пчињски кај нас?
Formalno pravno nee taka. Vidi UN rezolucija. NK nee okupirano pred sto godini tuku pred 27 godini
 
Formalno pravno nee taka. Vidi UN rezolucija. NK nee okupirano pred sto godini tuku pred 27 godini
Ама поклонета била за време на СССР, а СССР денес не постои и во тој случај ерменците си го побарале поклонот назад, исто како што Русија Крим си го побара.
 
Што значи поклонета?
Прохор Пчињски е нешто слично како што е територијава што била поклонета на Азербејџан? Тоа ми беше и прашањето од самиот почеток.
 
Прохор Пчињски е нешто слично како што е територијава што била поклонета на Азербејџан? Тоа ми беше и прашањето од самиот почеток.
Ако така гледаш пола граници во светот треба да се ревидираат.
 
Се согласувам, меѓутоа не смее да се занемари улогата на нафтата во смисла дека она што денес е Азербејџан е последица на нафтата. И Економија, и Армија и се. Да немаа нафта немаше да бидат ништо поразлично од Киргистан и сличните. Немаше да имаат армија како сега што имаат со дронови и наведувани муниции и сл. Чисто се сомневам дека би почнале голема офанзива како сега доколку ја немаа нафтата.
Тоа е сигурно, нафтата е и тоа каков буст за економијата на Азербејџан и во цела таа геополитика и тоа како дава тежина и го одредува правецот на движење. Муабетот ми е дека не е чисто нафтата во прашање во оваа битка, во смисла не напаѓа Ерменија да им ги земе изворите на Азербејџан(барем сега за сега, а ако дојде ситуацијата како 1994 ништо чудно и до тоа да дојде). Туку едноставно завземање позиција од геостратешки аспект, а секако богатиот со енергенси касписки регион игра голема улога со таа одлука.

А иначе и тоа размислував дури ни патеката на Азербејџанската нафта, што сега оди преку Грузија, не е загрозена, па да бараат Турциве нов коридор. Ако на Ерменија и е на артилериски дофат нафтоводот према Грузија, исто ќе и биде на дофат на евентуалниот нов коридор, што би се отворил со поврзувањето на Турција со Каспискиот регион.
 
Ако така гледаш пола граници во светот треба да се ревидираат.
Во право си, на Ердоган може да му речат да го врати Цариград :D

Мене чисто ме интересираше кои се корените на проблемот поради кој изби војната.
 
Во право си, на Ердоган може да му речат да го врати Цариград :D
Ако гледаш во однос на историски граници тогаш...ќе ни требаат 3 планети земји за да ги удоволат сите.
 
Прохор Пчињски нели е нешто слично како што е територијава што била поклонета на Азербејџан?
Не е така едноставно. Тоа е област која административно има менувано 3 империи, секогаш била со мнозинство Ерменци, ама не дека била дел од Ерменија, па да е земена и поклонета. Политички се причините и не може да се симплифицираат.
 
Се зависи од кога почнуваш со сметањето на времето. Ако почнеш доволно од доволно рано ќе разбереш речиси и дека нема област кој може да се рече дека не disputed.
 
Ова е една од причините што проруската опција во Македонија е исмевана.
Па секако дека про-руската опција и воопшто сите про-руски опции ќе бидат исмевани и на избори ќе освојуваат по нула пратеници и на протести и митинзи ќе имаат поддршка од двајца без тројца граѓани. Па Русија сите свои сојузници ги пушта низ вода, еве на пр. на Балканот Русија повеќе нема ниту еден сојузник, зошто е тоа така, па ептен многу се офајдија од руското пријателство и поддршка (на збор) тие кои ја сметаа Русија за грб. Истото ќе биде и случајов со Ерменија, ќе го јадат стапот од Азерите и Русија нема да мрдне со прст само онака мирно ќе си посматра исто како кога НАТО ја млатеа Србија во 1999.
Автоматски споено мислење:

  • Ми се допаѓа
Reactions: SNM

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom