Најдобар македонски бенд на сите времиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Sawyer88
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е според вас најголемиот македонски бенд на сите времиња?


  • Вкупно гласачи
    76
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.602
Возраст
36
Инспириран од темата за најдобар бенд на сите времиња, сметам дека треба да има посебна тема за најдобар македонски бенд. Гласајте на анкетата и пишете зошто мислите дека е така. Слободно постирајте песни од бендовите. И секако, потсетете ме ако сум заборавил некој позабележителен бенд во анкетата.

Како што гледате, темава е пред се за рок бендови, но во дискусија влегуваат и бендови кои свират друг жанр, како метал или ска, поради блискоста на жанровите. Не вклучив хип хоп групи (Чиста околина, САФ итн.), ниту групи кои свират етно музика (Синтезис, Љубојна и сл.), зашто тоа се веќе сосема различни жанрови на музика кои не се соодветни за споредба.
 
Чисто од субјективни фан моменти го пишав Санаториум :D Иако ако беше најдобар албум во прашање без двоумење ќе го пишев На Работ на Разумот, али тоа во друга тема.
Првите три бендови на листата се стварно веројатно најдобрите од МКД иако фалат уште, али мора да се земе во предвид и стажот и волуменот на работата што ја одработиле/отсвиреле. Зашто Секс Пистолс никад не може да се подобри од Рамонси, оф-топик.
Мислам дека реално би ги одбрал Леб и Сол. Иако вајда и ова е безвезна тема вајда како и другана тема :D
 
fali duper huehuehue...


Леб и Сол нормално, Влатко, Гаро, Бодан и Кокан. Штета што сите решија да продолжат како соло артисти, можеа да извадат уште некој албум.

Ќе ги издвојам и Биз Без како пионери на Македонскиот рокенрол, иако имаат издадено само еден албум. Тука се и Меморија чии хитови и денес се памтат и потпевнуваат.
 
Од наведените бендови можам да ги издвојам Архангел и Мизар можеби во листата фалат и Стринг Форсес, Бернејс Пропаганда...
 
Последно уредено:
А мислев ќе доминира Архангел и мртвиот Ристо Вртев. :icon_lol:
Honestly, послушани се и попознати отколку што мислиме (надвор од Македонија).
А посебно Мизар.

Он д топик, немам некој омилен, но најчесто знам да си пуштам нешто од Анастасија или Леб и Сол.
 
Не знам дали како нација сме свесни за нивото на квалитет на творештвото на Леб и Сол..

Види ја темата најдобар Југословенски бенд и ќе сфатиш колку се свесни.
 
А мислев ќе доминира Архангел и мртвиот Ристо Вртев. :icon_lol:
Без разлика на гласовите од анкетата увек ќе доминираат Архангел.
Овие од Тетово ли се за Ареа што гласаат?
Ја колку што знам од Гостивар е бендот не од Тетово.
 
И Магија ги нема :coffee:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom