Најдобар бенд на сите времиња (GOAT) (Читај прв пост правило)

Најдобар бенд

  • Вкупно гласачи
    98

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.777
...музиката е прашање на вкус и секој ја доживува поинаку.За мене,Лед Цепелин е Бенд кој остави неповторлив и силен печат во светот на музиката.Едноставно нивниот ритам ме носи на место каде што се чувствувам најубаво...мерак за уши и душа :)
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.536
Поени од реакции
2.658
Кој албуми, баш ме интересира?
Dark Side of the Moon , The Wall , Animals и Wish you were here.
По истата логика The Fields of Nephilim и The Sisters Of Mercy се позначајни бендови од Joy Division.

Исто ко што Битлси влијаат на музиката која следи после нивниот распад, така и The Pixies влијаат на многу значајни бендови од 90 ти како Nirvana, Radiohead итн. Бар тоа го кажуваат Курт, Том Јорк, Џони Гринвуд и Дејвид Боуви за нив. Иноватори.

Исто и Битлси што ги знаат сите , цела кариера од Freak Out! од Mothers of Invention имаат направено , реакцијата на Френк Запа е оваа

We're Only in It for the Money.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Dark Side of the Moon , The Wall , Animals и Wish you were here.

Исто и Битлси што ги знаат сите , цела кариера од Freak Out! од Mothers of Invention имаат направено , реакцијата на Френк Запа е оваа

We're Only in It for the Money.
Види, ако ги ислуша Dark Side of the Moon и Wish you were here, и ако не ти се допаѓаат, едноставно не можам да ти помогнам. Не знам дури ни што да ти кажам. Веројатно музиката не е за тебе. Не е тоа страшно, има луѓе кои се непримечиви на одредени сензации. Не значи дека не можеш да имаш квалитетен живот и без да ја сакаш музиката.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.536
Поени од реакции
2.658
Види, ако ги ислуша Dark Side of the Moon и Wish you were here, и ако не ти се допаѓаат, едноставно не можам да ти помогнам. Не знам дури ни што да ти кажам. Веројатно музиката не е за тебе. Не е тоа страшно, има луѓе кои се непримечиви на одредени сензации. Не значи дека не можеш да имаш квалитетен живот и без да ја сакаш музиката.
Напротив голем фан сум на прогресивен рок ( Пинк Флојд ги ставаат во овај жанр исто ) од олд скул прог рок до новиот имам скоро се слушано.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841

Aj пробај ова.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.512
Поени од реакции
59.071
пфффф, Рејдиохед ги стаил некој....
:lolzz:
Ама озбилно. Ова е саботажа од модераторот. Секта се на форумов :D

Кој ги става нив во оваа конкуренција? И општо кој бенд формиран од 85та наваму може да се спореди со оние класици? Никој.
Ајде може единствен што малку од малку вреди е Pearl Jam (иако само со Ten и Vitalogy се држат)
Другото досадно! Таква музика може само уз работа да ми помине кога комплетно сум фокусиран на кодот.
 
Ова че се напрам ко да не сум го прочитал....:свиркам:

(инаку во моментов ми текнуваат преку 20 салам бендови после 85-та)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
По која логика The Fields of Nephilim и The Sisters Of Mercy се позначајни бендови од Joy Division? :)

Sisters се позери, посебно во покасните изданија на бендот. И Елдрич е ужасен текстописец. The Fields of Nephilim се одличен бенд, но претенциозен. Практично цела гот сцена е претенциозна, со исклучок на Joy Division. Под претенциозност се мисли на обидот да се создава одреден стил на музика пред да се создаде самата музика. Тешко ми е тоа да го објаснам. Кога Кертис пишувал текстови не планирал да бидат готски, или андерграунд, или било што друго, овие кои ги спомна од старт сакале да бидат некакви. Во истата група спаѓаат и Баухаус, и Christian Death, и еден куп такви бендови од тоа време. Единствено Swans се поблику до концептот на непретенциозност, иако имаат создадено два три класични гот албуми, како што е White Light from the mouth of infinity.
Грешен термин, аналогија на Sex Pistols и Queen. Инаку можеби и ги немам доволно слушано и навлезено во Joy Division или можеби сакам попретенциозна/позерска музика но спопјот на гласот на Елдрич и музиката е ежење

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.512
Поени од реакции
59.071
Ова че се напрам ко да не сум го прочитал....:свиркам:

(инаку во моментов ми текнуваат преку 20 салам бендови после 85-та)
Тебе те очекував :D
Саглам има, но далеку од оние "пред 85та". Сега не бираме саглам, бираме најдобар. Не знам, НИН, Саундгарден, Корн, Фу Фајтерс, Рејдиохед... се далеку од тоа.
Креативноста, уметноста особено во делот на импровизациите ми е неспоредлива со онаа поновиве бендови.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.536
Поени од реакции
2.658
Aj пробај ова.
Добро е , само премногу блузи е за мој вкус :D
Ама озбилно. Ова е саботажа од модераторот. Секта се на форумов :D

Кој ги става нив во оваа конкуренција? И општо кој бенд формиран од 85та наваму може да се спореди со оние класици? Никој.
Ајде може единствен што малку од малку вреди е Pearl Jam (иако само со Ten и Vitalogy се држат)
Другото досадно! Таква музика може само уз работа да ми помине кога комплетно сум фокусиран на кодот.
My friend says he wants to die , he's in a band they sound like Pearl Jam , the clothes are black the music is crap. :ROFLMAO:

Иако не сум огромен фан на Opeth ни пак на дет метал музика , Blackwater Park е далеку подобар албум од мнозина од овие бендовиве, би рекол дури и дека е класика.

Иначе за тоа што мислиш дека пост 85 нема ко пред неа е најмногу ради што рокот после 90та е умрен , имаш албуми за бенчмарк и сега само не рок секако.
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Тебе те очекував :D
Саглам има, но далеку од оние "пред 85та". Сега не бираме саглам, бираме најдобар. Не знам, НИН, Саундгарден, Корн, Фу Фајтерс, Рејдиохед... се далеку од тоа.
Креативноста, уметноста особено во делот на импровизациите ми е неспоредлива со онаа поновиве бендови.
Ако сакаш класик рок то е друг муабет, ама то не значи дека нема квалитет во бендовите, или дека креативноста/уметноста кај нив е помала. Мене пример AC/DC ми се најтапа најдосаден бенд, чак да можам со закон би ги укинал и забранил, или би ги вовел како метод на измачување, онака го седнуваш затвореникот в соба да слуша Ејси Диси и да умри од досада.
Овие што си ги навел се попознати. Ќе ти пуштам понепознато што вреди по мое.
Пример во првиот бенд дечките растураат со свирење.
Вториве се експериментален бенд што по мое остава голема трага сега, а ќе е актуелен и по 30 години, ко шо си ги слушаме пример сега Дорс или појма немам, пошто редефинираа цел правец.
Што се однесува до Рејдиохед, не мислам дека се далеку поедноставен бенд од некои класика бендови (ако одиш во поглед на експерименталното и импровизацијата со гитара, во смисла солирање, можи држи вода) ама целокупната комплексност и филмското во музиката кое го имаат е само по себе нешто кое ги прави единствени и поразлични од мн други бендови, на свој начин, и по мое не сметам дека се понекреативни пример од Квин (пошто тие се дебатираа)
И би ги додал секако овие, или поточно оваа песна. По мое е нешто најдобро што се има случено од страна на прогресив последниве 20 години. Опасен бенд, или што би се рекло со тестити, а Стивен Вилсон е еден од најкреативните ликови во музиката на денешницава.
 
Ако ништо друго, барем за AC/DC се согласуваме. Во секој детал.

Другово ќе го слушнам секако :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.656
Поени од реакции
4.298
Под претенциозност се мисли на обидот да се создава одреден стил на музика пред да се создаде самата музика.
Дали тука би ги ставил и едно добри 99% од македонските бендови кои важат како најголеми на сите времиња? На пример Мизар или Падот на Византија?
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.536
Поени од реакции
2.658
Зависи како гледате , GSYBE се game changers ама никогаш нема да бидат Pink Floyd или Radiohead бидејќи не се популарни , поентата кај овие 2 е тоа што се гејм чејнџери и се лесни за слушање , затоа ќе ги слушаат и ќе ги знаат многу генерации , PT иако ми се омилен бенд и Стивен Вилсон е крајно креативен чоек , нема некој жанр што нема направено албум од првите албуми на PT па крајните , неговите сајд проекти и сл , Стивен Вилсон е niche појава и не е некој гејм чејнџер во музикава ( споредба ако Ok Computer e 10/10 , Fear of Blank Planet e 8/10 ).

Ако ништо друго, барем за AC/DC се согласуваме. Во секој детал.

Другово ќе го слушнам секако :)
Ако ги пробуваш PT одбегни ги Fear of a Blank Planet и Anesthetize посебно ако немаш слушано прогресивна музика , пробај нешто од Stupid Dream ако си фан на алт рок или In Absentia на метал , Arriving Somewhere ти е некој middleground.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom