Најдобар бенд на сите времиња (GOAT) (Читај прв пост правило)

Најдобар бенд


  • Вкупно гласачи
    98
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.052
Поени од реакции
6.530
Ако оценуваш по популарност тогаш може да се избере некој од овие. Инаку листата е премногу долга.

П.С Ќе беше интересно ако на листата имаше и неколку Македонски и/или балкански бендови.
Па може некој да отвори тема за најдобар балкански бенд, или екс и пост-Ју пошто никој не знае ништо за Бугарски, Романски, Грчки или сачувај боже, албански бендови :pos:
Автоматски споено мислење:

Ете ги заборавив Парпл, Клеш, Металика и уште неколку...
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Да не ви ги бришам мислењата од претходно, прочитајте го првиот пост воведен.
Кога ќе пишувате за најдобар бенд пишете збор два и за бендот, зошто баш тој. Не само да го нафрлате со име пример Цепелин и толку. Тие што имате пишано бенд слободно пишете зошто баш тој, да развијаме малку дискусија.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.052
Поени од реакции
6.530
Да не ви ги бришам мислењата од претходно, прочитајте го првиот пост воведен.
Кога ќе пишувате за најдобар бенд пишете збор два и за бендот, зошто баш тој. Не само да го нафрлате со име пример Цепелин и толку. Тие што имате пишано бенд слободно пишете зошто баш тој, да развијаме малку конструктивна дискусија.
Квин, од гледна точка на конзумер на музика и на ниту еден начин поврзан со истата освен како конзумер, поради многу причини, веројатно најдобриот вокал во популарната музика барем што имам јас слушнато, може има и подобри кој би знаел, врвни гитарист, басист, тапанар, очигледна еволуција низ 21 година свирење и 15 студиски албуми, спектакуларни настапи во живо (кои за среќа се наоѓаат на нет) ненормална конекција со публика на концертите, огромни варијации од песна до песна или од албум до албум, има нешто камелеонско кај нив...сето тоа е помалку важно, главно е што кај мене предизвикуваат лачење на ендорфини, серотонини, допамини или кои и да беа хемикалии низ мозок и тело :)
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Сериозни бендови, значи има и несериозни бендови :)
Према тебе значи Џој Дивижн е најдобар бенд, и тоа убедливо на сите времиња, а Квин се комерцијално голо маде. Добро. Којзнае кои се слабите страни на Квин.

Критериумите се сосема субјективни, веќе напишав дека нема егзактен начин да се одреди такво нешто како најдобар бенд, затоа оставам на членовите да напишат нивно субјективно мислење околу тоа кој бенд го сметаат за најдобар, или неколку бенда, ако се расположени можат да напишат и зошто е тоа така.
Кои се слабите страни на Квин? Па Квин не се уметност, не знам како да ти објаснам. Квин се забава. Види, вака стојат работите. Рок музиката генерално немаше некои големи претензии кога се појави. Требаше да служи за забава, и во 99% од случаите на тоа и остана. На прсти од две раце се бројат бендовите кои успеа да се отргнат од концептот на забава и барем да се обидат да остават трајна вредност.
Автоматски споено мислење:

Квин, од гледна точка на конзумер на музика и на ниту еден начин поврзан со истата освен како конзумер, поради многу причини, веројатно најдобриот вокал во популарната музика барем што имам јас слушнато, може има и подобри кој би знаел, врвни гитарист, басист, тапанар, очигледна еволуција низ 21 година свирење и 15 студиски албуми, спектакуларни настапи во живо (кои за среќа се наоѓаат на нет) ненормална конекција со публика на концертите, огромни варијации од песна до песна или од албум до албум, има нешто камелеонско кај нив...сето тоа е помалку важно, главно е што кај мене предизвикуваат лачење на ендорфини, серотонини, допамини или кои и да беа хемикалии низ мозок и тело :)
И Здравко Чолич е исклучително квалитетен вокал, па нема да го најдеш на листа на најголеми пеачи. Исто и Мараја Кери има ненормален глас, па служи за потсмев. Воопшто во рок музиката, техничките капацитети на бендот многу малку значат за големината и важноста на нивната музика.

Sex Pistols од аспект на некоја музичка виртуозност се смешен бенд. Џони не знае да пее, а Сид Вишс завршил во бендот затоа што истепал со ланец новинар кој напишал нешто лошо за нив. Но сепак тие се поголем и поважен бенд од Квин.
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Кои се слабите страни на Квин? Па Квин не се уметност, не знам како да ти објаснам. Квин се забава. Види, вака стојат работите. Рок музиката генерално немаше некои големи претензии кога се појави. Требаше да служи за забава, и во 99% од случаите на тоа и остана. На прсти од две раце се бројат бендовите кои успеа да се отргнат од концептот на забава и барем да се обидат да остават трајна вредност.
Автоматски споено мислење:



И Здравко Чолич е исклучително квалитетен вокал, па нема да го најдеш на листа на најголеми пеачи. Исто и Мараја Кери има ненормален глас, па служи за потсмев. Воопшто во рок музиката, техничките капацитети на бендот многу малку значат за големината и важноста на нивната музика.

Sex Pistols од аспект на некоја музичка виртуозност се смешен бенд. Џони не знае да пее, а Сид Вишс завршил во бендот затоа што истепа со ланец новинар кој напишал нешто лошо за нив. Но сепак тие се поголем и поважен бенд од Квин.
Eве и ова.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.002
Поени од реакции
11.641
Хм, малку не ми е јасен концептов на темата и гласањето со тоа што се испомешани метал и рок бендови.

Ако беше само рок групи, ќе глав за Queen. Прво затоа што ги имам слушано најмногу од сите наведени, второ затоа што сметам дека Фреди е еден од најепските вокалисти и трето пошто нивните шоуа во живо биле памтени со години. Многу ги сакам и Led Zeppelin иако ги имам слушано нешто помалку.

Ако беше само метал групи: Black Sabbath ги поштувам многу, како со Ози, така и со Дио. Judas Priest ми се еден од топ омилени метал бендови исто така, се надевам дека во јуни 2021 ќе ги гледам и слушам во живо (откако овогодинешниот концерт беше откажан секако). Honorable mentions: Motorhead, Metallica, Megadeth. Едноставно, секој од овие бендови има огромно влијание на поновите метал бендови. Сигурно ќе заборавам уште некој бенд тука кој мора да се спомене.

Но, мојот глас ќе оди за Iron Maiden (скроз субјективно), ама одлични музичари, Брус Дикинсон има гласиште (сега е малце подостарен ама уште растура. Едвај да чекам да одам на нивни концерт (неколку дена размак со Judas Priest). Предобри песни, Number of the Beast, спооред мене е еден од најдобрите метал албуми воопшто.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
врвни гитарист, басист, тапанар,
Какви се овие глупости. Квин е само Фреди.

Што би рекол Џони, Азра то сам ја. Така и овие.

Има еден убав момент у филмот каде едни на други си признаваат дека не можат едни без други. Као Фреди не би бил Фреди без Квин и Квин не би бил Квин без Фреди. Тоа е точно од гледна точка на тоа што Фреди не би можел да функционира во друг бенд каде доаѓа до израз првата гитара и тапанарот, односно бенд како целина а не фронтмен и бенд позади него. Фреди ја монополизира сцената, таква маркантна појава е што не би можел да седи на страна доека првата гитара рока некое соло. Фреди е центарот на Квин.
Останатите членови се обични музичари, си свират рок и тоа е тоа, ништо посебно, Брајан Меј е далеку од врвен гитарист, Џон Дикон и тапанарот се далеку од рок ѕвезди, рокери, таква им е појавата мирна, си свират кул музика слушлива за сите. Фини момчиња.

И мене Квин ми се едни од омилените бендови, Фреди е таква харизматична и јака појава што неам зборови. Иако има врвни вокални способности јас Фреди никако не можам да го замислам во некој хард рок бенд. Не ги хејтам во никој случај.
Ама реално и објективно коа ќе погледнам и размислам, ондак повеќе одам накај мислењето на Ставро.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.536
Поени од реакции
2.658
I don't like Pink Floyd , распнете ме на крст.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
По истата логика The Fields of Nephilim и The Sisters Of Mercy се позначајни бендови од Joy Division.

Исто ко што Битлси влијаат на музиката која следи после нивниот распад, така и The Pixies влијаат на многу значајни бендови од 90 ти како Nirvana, Radiohead итн. Бар тоа го кажуваат Курт, Том Јорк, Џони Гринвуд и Дејвид Боуви за нив. Иноватори.

 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.509
Поени од реакции
59.052
Зашто се запоставени не рок бендовите? Каде се Chick Corea Elektric Band? Каде се Енерџи бенд?

Ај доста оф топик.

Најдобар, најомилен, па не можам еден да одвојам. Обично кога имам некој го растурам од слушање и после ми е досаден :(
Си ги поштувам Deep Purple, Doors, The Who, Floyd, Dire Straits, Genesis, Boston...
Али ајде ќе ги одвојам Тото, пошто некако ми е потценет бендов.
Мајстори свог заната на чело со Лукатер. Дел од бендот има работено и на Трилер. Тото е многу повеќе од "Африка".

Ајде еве едно музиче од поомилените.

 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
По истата логика The Fields of Nephilim и The Sisters Of Mercy се позначајни бендови од Joy Division.
По која логика The Fields of Nephilim и The Sisters Of Mercy се позначајни бендови од Joy Division? :)

Sisters се позери, посебно во покасните изданија на бендот. И Елдрич е ужасен текстописец. The Fields of Nephilim се одличен бенд, но претенциозен. Практично цела гот сцена е претенциозна, со исклучок на Joy Division. Под претенциозност се мисли на обидот да се создава одреден стил на музика пред да се создаде самата музика. Тешко ми е тоа да го објаснам. Кога Кертис пишувал текстови не планирал да бидат готски, или андерграунд, или било што друго, овие кои ги спомна од старт сакале да бидат некакви. Во истата група спаѓаат и Баухаус, и Christian Death, и еден куп такви бендови од тоа време. Единствено Swans се поблику до концептот на непретенциозност, иако имаат создадено два три класични гот албуми, како што е White Light from the mouth of infinity.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom