Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Мислев за државата, имаше една одлична емисија на Васко Ефтов на оваа тема.
Зависи за кого како, ако си акционер незнам дали така би размислувал...
Не после овие вести дека ќе им следи оштета, а и нејзина реинвестиција во произвидство и продажба на струја, за што и веќе имаат дозвола и го прават.

Пуштањето на нафтоводот драстично ќе го намали трошоците за транспорт, а и рафинеријата гледам сакаат да стане ХАБ за транспорт до сите пазари каде што оперира елпе а тоа се:
300 бензински пумпи комбинирано во Србија, Бугарија, Црна Гора и Македонија...
 
ИМА ЕДНИ 120, ПОСЛЕДНИВЕ 30г имаат таква приватизација направено, ни денар немаме видено назад како value for the country !

Мислев за државата, имаше една одлична емисија на Васко Ефтов на оваа тема.
 
Не знам за нив но ти овде делуваше како ПР на ПКБ

Северџанската раја повеќе паѓа на тоа што ќе им се каже „ексклузивно“, во приватна порака, такашто не се сомневам дека они повеќе луѓе убедиле да инвестираат во ПКБ него јас. А ти како многу перцептивен требало да увидиш дека они многу верба полагаат во адвокати, експерти и судови, па накај нив да го насочиш своето попување...

Што се однесува на ОКТА, ќе броиме за колку дена ќе му се нацртаат камионџиите со цистерни на протести пред влада...
 
Има уште некој што нема добиено дивиденда од Гранит?
 
Има уште некој што нема добиено дивиденда од Гранит?

Јас...
Немам добиено ниту една година...
Веројатно треба да купам некоја акција прво...
:ROFLMAO:
 
Тоа значи судска дозвола за секој директор да краде од акционерите колку сака!

Малите акционери сега имаат две опции: да ги распродадат сите македонски акции што ги поседуваат по овие многу солидни цени и парите да си ги орочат со 0,5% камата или да си го изнесат капиталот во странство, или да помогнат судот да не го одобри овој претстоечки грабеж на акционерите со тоа што ќе ги информираат сите можни општествени чинители каква катастрофа го чека пазарот на капитал доколку Апелација ја потврди пресудата!
Не прашав за да ти да ми дадеш твое субјективно мислење и муабети за на пазар. Прашав што значи правно
 
Не прашав за да ти да ми дадеш твое субјективно мислење и муабети за на пазар. Прашав што значи правно

Правно нека ја постираат @TENDO и @mishevski и Владимир којшто себично само чита а ништо од големата „мудрост“ не споделува, па сам ќе извлечеш заклучок без никој да ти толкува, ама изгледа ги фатила мајата од Кутревски па ни они не даваат документи :lolzz: Како тепано дете што одвај дочекало да порасне па и оно да си ги тепа децата. Дај им малце моќ над други и ќе видиш колку им сече црпката! Да се подослободам малце оваа недела, па ќе ви напишам еден крајно инструктивен текст за човечката природа со практични примери
 
Не им ја сфаќам математиката на овие што тргуваат со по 2-3 акции вредни по 2000-3000 ден. ама ме имат заебано неколку пати да си платам провизија за ситен промет. Изгледа нивна функција е да ги кочат другите, а не да постигнат нешто за себе со нивното учество. Претпоставувам тоа е казната за оние што сакаат да им се умешаат во играта на "големите", ама не им попуштам, кој ги е.е :kuracc:
 
Не знам дали купувачите се такви, да купуваат по 2-3 акции, или некогаш брокерите ги цепкаат налозите за да земат поголема провизија :rolleyes:
 
Не им ја сфаќам математиката на овие што тргуваат со по 2-3 акции вредни по 2000-3000 ден. ама ме имат заебано неколку пати да си платам провизија за ситен промет. Изгледа нивна функција е да ги кочат другите, а не да постигнат нешто за себе со нивното учество. Претпоставувам тоа е казната за оние што сакаат да им се умешаат во играта на "големите", ама не им попуштам, кој ги е.е :kuracc:
Пуштај ги налозите со „се или ништо“.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom