Што пишува и каде пишува?
Ако земеш малку повеќе да се едуцираш, можеби ќе научиш нешто (eве
почни овде). На пример можеш да го научиш фактот дека во Иран има малцинство од скоро ~18 милиони Азери - дупло повеќе отколку во самиот Азербејџан. Следствено ако имаш барем малку моќ за расудување (што гледам не е загарантирано), ќе увидиш дека Иран има потенцијално голем проблем со
Азерски сепаратизам.
Уште не ти е јасно зошто Иран би подржувал христијанска држава против муслиманска, па уште и шиитска држава?
Затоа што тоа им е од интерес.
Ние како држава сме опкружени со православни нации (3 од 4 соседи) а сите гледаат само како да ни го спопикаат, и ги заболе таквото за религиската определеност. Или ако мора да се нацрта: Иранците ќе им помогнат на Азерите да зајакнат (пошто се шиити) за после да се осмелат да ги помагаат иранските Азери да се отцепат, исто колку што Грците ќе им помогнат на Македонците да се отцепат во Егејска Македонија.
Азерски гасовод теортетски може да иде низ следниве траси:
- низ Русија не е можно пошто Русија... ај да не објаснуваме очигледни работи.

- низ Иран до Турција, не е можно пошто Иран... пак ај да не објаснуваме очигледни работи.
- остануваат трасите низ Ерменија или низ Грузија.
Во Грузија има Осетијска и Абказиска автономна област (и војна со Русија заради истите).
Во Ерменија има азерски енклави, исто како што во Азербејџан има ерменски енклави.
И двете држави индиректно се контролирани од Русија, односно нивната стабилност директно зависи од Русија.
Советите знаеле како да играат „раздели па владеј“ исто како другите светски сили. Затоа границите во регионот неслучајно се направени да не опфатат етнички чисти региони (исто како во целиот Блиски Исток, и голем дел од светот). Полесно се контролираат државите со големо и проблематично малцинство кое може да се поттикнува на сепаратизам.
За да се донесе азерски гасовод до Европа (сонот на САД) ќе треба прво да ги контролираат Ерменија или Грузија, нешто што Русија нема да го дозволи. Исто како што не дозволува низ Сирија да поминува вахабистички (Катарски) гасовод кон Европа. Други можности за гасоводи со толкав капацитет (до Европа), не постојат.