Преку таско, да не беше Меси пак никој немаше да ви дојде. Барса стана ултра гигант од 2006та коа почна Меси да игра, не за џабе со него 4 ЛШ имате.
Ова све што си набројал е 20 години постаро од последниве 20 години.
Има поента бенеамата, не го сфаќате очигледно.
Ако збориме генерално за кој тим какви играчи играле, кај скоро секој тим ќе издвоиш по неколку такви величини ко Стоичков, Гвардиола, Пујол, Куман и Роналдињо.
А и Марадона, Фиго и Роналдо што си ги присвојувате ко ваши легенди.
Ок, еве ќе го елиминирам Суарез пошто дојде кога Меси веќе беше легенда. Анри и Ибра дојдоа кога Меси имаше 0 Златни Топки (ова од меморија, не ми се гугла сега). 2 од топ 5 напаѓачи последните 20 години. Ќе ги сметаме сега? Или не се смета ако пијат Нескафе наместо еспресо сабајле? Што критериум треба да биде исполнет?
Јас почнав да ја гледам Барса некаде 98ма, после дрим тимот на Кројф што освои ЛШ со Гвардиола, Ромарио, Стоичков, Куман и после сезоната на Роналдо.
Во тим беа Фиго, Ривалдо, Коку, браќата Де Бур, Клајверт, Гвардиола, Луис Енрике, Зенден, тие двајцата бекови што играа за Шпанија Надал (чичкото на Рафа Надал) и Сержи... Тренер Ван Гал. Ова е "црната ера" на Барса пред Роналдињо и Меси. 2 играчи со Златни Топки (Фиго, Ривалдо) во кариерата, 2 тренери со триплети во иднина (Гвардиола, Луис Енрике).
Најголем непријател на Барса отсекогаш била управата (било онаа марионета квинслиншка во времето на Франко или сопствената "каталонска" управа). Тогаш беше Гаспарт ако не се лажам, сега е Бартомеу.
Барса и Реал нема да пропаднат поради моделот на кој се изградени. Не зависат од милост и немилост од сопственик милијардер. Водени се ко држава - 2 мандати и чао. Бартомеу усра се, ама од март понатаму е надвор од клубот. Тркалото ќе се сврти пак, како што после Ромарио и Стоичков дојдоа Роналдо, Ривалдо, Фиго и после нив дојде Роналдињо и после него дојде Меси...и како што пред Меси Барса имаше 4 играчи со Златни Топки додека играа таму (не Роналдо, Марадона, Фиго туку Стоичков, Ривалдо, Кројф, Луис Суарез шпанецот не овој од Уругвај), пак едно останува константа, Барса и Реал се врвот.
Она кога некој (не ти туку форумов генерално) те учи за нешто на кое што си потрошил милион саати време во животот
![](//emoji.tapatalk-cdn.com/emoji28.png)