Уште еден ризичен бет од ПЛ за денес.
Брајтон - Ман УТД 2-2 коефициент 2.5. Бет365.
После хорор шоуто против Кристал Палас, Манчестер мора да го добие овој натпревар. Одбраната би требало да делува многу подобро со оглед на тоа што Ван Бисака се враќа наместо гревот ТФМ, и најверојатно Баји ќе стартува наместо другиот грев Линделоф.
Брајтон одигра добро првите две кола, со Челзи беше во најмала рака равноправен противник, прими гол од глупа грешка по која следеше пенал, и плус еден евро гол од Џејмс, но во поголемиот дел од натпреварот одигра многу солидно. Во минатото коло го доби Њукасл во гости 0-3.
Тие два резултатите и не зборуваат добро за овој тип, но постои разлика во квалитет тука, плус Манчестер после само едно коло е донесен во ситуација да мора да победи. Екипата е реално многу подобро од она што го одигра против Палас, очекувам да проиграат денес.
Се мислев за чиста победа на Јунајтед, но коефициентот не е нешто, плус кога Манчестер игра добро тоа обично е блиц криг во прво полувреме.