Нов ден, нова нафака. Сабота. За некого прекрасен ден да се одмори од работната недела со семејството, за некого прекрасна можност да се изгледаат сите можни спортски случување дента, вклучувајќи го и натпреварувањето по фаќање јагули на „Lov i ribolov“, за некого (да не речам за понављачите) дополнителни часови и прилика за поправање на оценки, со цел избегнување добар ќотек од родителот број 1 со изгризан каиш од ’78.
Иако на вчерашниот час на професорот му беа дадени конкретни и точни одговори на поставените прашања, тој не можеше или не сакаше да ги процесира, а со оглед на тоа дека припаѓа на таа група штапски пацови упикани преку книжица во образование, не ме ни чуди воопшто. Но, повторувањето е мајка на знаењето и не е нималку лошо уште еднаш да се споделат некои работи.
Минатата недела тренерот на актуелниот органски шампион на Англија, кој после 30 (триесет) години за првпат ја освои титулата во Премиер Лигата, имаше едно контроверзно (за да останеме политичко коректни до крај, инаку знаеме дека друг епитет овде треба да стои) интервју, во кое зборуваше за себе и својот тим, ама зборуваше и за другите неоргански тимови кои „ја купуваат лигата“ на овој или на оној начин.
Јурген Клоп во тоа интервју се постави како жртва, како предводник на екипа од дното на табелата во Премиер Лигата. Имено, зборуваше за тоа дека Ливерпул е различен од останатите, дека Ливерпул нема газди олигарси, берзаши, Арапи и нафташи и не може да се бори на тоа поле со Манчестер Сити, Челзи, Манчестер Јунајтед. Искажаното не само што не е точно по ниту еден основ, искажаното е класично безобразие од еден човек-хипокрит и лажна појава како што е германскиот тренер.
Во продолжение, неколку (од морето) податоци кои го сечат во корен харизматичниот поранешен кормилар на Борусија Дортмунд и Маинц:
* Во првото коло од Премиер Лигата, стартниот состав на Челзи против Брајтон чинел 338.99 милиони евра, додека пак стартната постава на Ливерпул против Лидс чинела 386.16 милиони евра
* Во последните пет сезони, исклучувајќи го ова лето, Ливерпул на трансфер пазарот има потрошено (net spend) 118.01 милиони евра, Челзи 106.69
* Oрганскиот и од Бога даден клуб, Ливерпул, за кого знаеме дека години наназад се бори со финансиски потешкотии и живее од членарината на своите навивачи, за да дојде до ова ниво на кое се наоѓа мораше да се фокусира на академијата и да купува млади талентирани фудбалери од вторите и третите англиски дивизии. На пример, холандскиот централен дефанзивец Вирџил Ван Дајк (можеби сте слушнале за него, можеби и не) во Ливерпул пристигнал за 82 милиони евра во јануари 2018 година
Голманот на италијанска Рома, Алисон Бекер, застана помеѓу стативите на „Енфилд“ минатото лето и за неговите услуги беа платени 71.1 милион евра. Значи, ништо страшно, сосема нормално е екипа чии газди не се грозните капиталисти, нафташи и берзаши, на голман да потроши олку пари.
Одиме понатаму. Наби Кеита од Лајпциг во Ливерпул во 2018 година пристигна за 57 милиони евра. Мохамед Салах од Рома потпиша за органско-непрсканиот најголем клуб на планетата земја и пошироко за 48.16 милиони евра.
Од Монако, Фабињо се пресели во Ливерпул за 45 милиони евра.
И така натаму и така натаму.
Прегледај го приврзокот 267081
Сумите се во валута-евро, како нешто нам најблиско после денарот. Бројките се извлечени од некои порелевантни сајтови. Покрај transfermarkt, се послужив и со некои фан-сајтови на Ливерпул. Се извинувам што сум вака оскуден со референци, сепак не работам во финансии во клубот од Мерсисајд и не ја познавам доволно економијата како професорот, што е и логично, нели.
Нешто кратко околу сопственичката структура на органскиот клуб Ливерпул. Да не помисли некој дека навистина се водени од навивачи и дека пари собираат од донации.
За ралика од озогласениот олигарх Роман Абрамович, за разлика од озогласените беразаши Глејзерси од Манчестер Јунајтед и за разлика од Арапите од Манчестер Сити, со Ливерпул раководи човек со многу скромен капитал. Некој си американски Живко Мукаетов. Или уште подобро, сопственикот на „Стокомак“, тој фазон.
Џон Хенри е американски бизнисмен, инвеститор и основач на „John W Henry & Company“. Значи, овој човек не е никако капиталистички експонат пар екселанс, нема титула „олигарх“, кој би рекол, во САД. Покрај Ливерпул, Џон Хенри е сопственик и на Boston Red Sox (еден од најпознатите бејзбол колективи во светот) и познатиот весник, оној од филмот што сте го гледале со Марк Рафало кога им влегуваат во траг на католичката црква и откриваат педофилска историја (хахахаха), Тhe Boston Globe. Да, ко-сопственик е и на Roush Fenway Racing (фанови на НАСКАР, знаете за што се работи).
По последното проценување на еминентниот Forbes, скромниот сопственик на клубот од народот, Ливерпул, тежел 2.6 милијарди долари. Тоа е она што јавно се знае, накратко.
Митот кој се обидува ливерпулската јавност, навивачите и самиот Клоп да го изгради околу Ливерпул е лажен. Ливерпул има пари, нема можеби како останатите големци до таа мера, но Ливерпул има пари. Ливерпул троши, Ливерпул купува скапи играчи. Ливерпул е дел од таа матрица во фудбалот, Ливерпул секојдневно подеднакво контрибуира на тој начин како Челзи, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед.
По таа несреќна и глупава изјава, очекувано, Клоп ретерираше. Бидејќи, доби позитивен сигнал за второто засилување Тиаго, а доби и позитивен сигнал за Диого Џота.
Сега предлагам да видиме колку „тежат“ новите и потенцијално новите засилување на органскиот колектив.
* Костас Цимикас, левиот бек од Олимпијакос, замена од клупа за Робертсон - 12.89 милиони евра
* Тиаго Алкантара од Баерн Минхен во Ливерпул за 29.6 милиони евра
* Диого Џота од Волвс во Ливерпул пристигнува за 44.98 милиони евра и ќе им ја грее клупата на Мане и Салах
Овие суми се „суви“ и во нив не се вклучени никакви бонуси. А трансферот на Џота би можел да достигне и повеќе од она што сега Ливерпул првично ќе го исплати.
Непрсканиот органски Ливерпул во овој летен трансфер период, засега, има потрошено 87.47 милиони евра. Со оглед на тоа дека ќе купуваат уште минимум еден играч од дефанзива замена на клупата за Ловрен, верувам дека бројката ќе ја искачи стотката.
Сто милиони во еден трансфер период троши Челзи. Троши Манчестер Сити. Троши Манчестер Јунајтед. И тоа не е спорно. Сто милиони во еден трансфер период, не троши сиромав клуб кој не може да се гура со големите момци од маалото.
Колку за илустрација, Ливерпул ова лето во моментов има потрошено повеќе пари на играчи од Арапите и од берзашите.
Ви благодарам што присуствувавте на мојот TED Talk. И ви се извинувам однапред што ви го уништив викендот протнувајќи го името „Ливерпул“ во мал милион наврати во еден пост. Знам и мене ми се гадеше додека пишував.
А за професорот...нека ја искине дипломата и нека се врати во пиљара претпладне, во штаб попладне. Срамотно е вака ученик да урниса авторитет, пред сите. Баш онака, срамотно.