Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Не може постот да ми е оф-топик, не пишав ништо за утакмицата, ниту пак го спомнав Шалке.

Постирав асистенција со рабона што сепак е фудбалско знаење и припаѓа во тема Фудбалски дискусии.

Ајде сега врати го постот тука.

Јас кога ќе бидам модератор ќе можеш да постираш што сакаш и каде сакаш. И колку пати сакаш на ден ќе можеш да го спомнеш Пепе, сериозно. И секој нов член ќе мора да се заколне над кама и револвер дека Левандовски е најдобар играч на светот.

Доста со овие бирократите. Доле влада!
 
Промени го насловот ако е само за трансфери темата. Горе пишува и фудбалски дискусии..
А не да ве читам 5 страни со РАТМ како баби на бунар.

Ти прво прочитај го првиот пост во темата.
 
Ајде сега врати го постот тука.
Стелт јас ти го преместив мислењето во Бундес, немаш потреба да креваш паника, остај нека се смири темава до утре, има нов час профката со РАТМ.
 
Абе не се многу 40м за Жота/Јота? За мене не вреди толку пари играч што нема дадено појќе од 10 гола по сезона во ПЛ, нема ни 10, 9 имал 18/19-та, лани само 6. Пребиваат овде гарант, некоја виша математика има сигурно
 
Абе не се многу 40м за Жота/Јота? За мене не вреди толку пари играч што нема дадено појќе од 10 гола по сезона во ПЛ, нема ни 10, 9 имал 18/19-та, лани само 6. Пребиваат овде гарант, некоја виша математика има сигурно

Ки Јана Хоевер треба да оди таму за 10м.
 
Добро сега, ова во фунти изгледа вака крупно. Испаѓа како да дале Ливерпул цело богатство за играч кој во најголемиот дел од сезоната ќе игра против Краснодар во ЛШ и Бартон во Лига Куп.

Дај да видиме, еве некој учен и упатен во економија, да ни каже колку ќе чини трансферот во хрватски куни. Верувам многу помалку.
А и верувам дека на рати ќе се исплаќа, тоа е исто многу важно.
 
Де бре, за какви просеци се фрлија брдо пари вие за Жота се фативте.
Еден Пепе со изиграна една сезона го платија 70 милиони фунти Арсенал.
Ќе си има солидна минутажа Жота затоа што Ливерпул е тим кој можи моментално да игра на повеќе фронта, ќе ротира Клоп.
 
Најбитно од све за Ливерпул е дека Клоп не го мавна филмот дека може без ниту еден рефрешмент да биде повторно конкурентен на двата фронта. Утакмиите со Арсенал и Лидс беа тригер во вистинско време за да одзврзат ќесето. Уште еден дефанзивец им треба и ќе имааат комплетен тим освежен на сите три линии, што е екстремно битно после успешна сезона...
 
Де бре, за какви просеци се фрлија брдо пари вие за Жота се фативте.
Еден Пепе со изиграна една сезона го платија 70 милиони фунти Арсенал.
Ќе си има солидна минутажа Жота затоа што Ливерпул е тим кој можи моментално да игра на повеќе фронта, ќе ротира Клоп.
Жота без ниедна 45м. Таман си е.
 
Не знам дали е пишано претходно, Ауба му манал корпа на Барса пред да потпиши нов договор со Арсенал :icon_lol:
Сметал дека Арсенал е голем клуб и дека донесол правилна одлука.
Исто така имало интерес и од Интер за играчот ама ништо конкретно за разлика од Барса.
 
Како бе за Жота 40+ за еден ден ги даваат, а за Тијаго три месеци се ценкаа дали 25 или 30... (без разлика шо му истекува договорот).

Освен брзина, до сега кога и да сум ги гледал Волвс не покажал нешто посебно, белки добро го имаат исскаутирано.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom