Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Немој така, сеа ќе дое Пеја и ќе те навреди пошо не си пишал во фунти, плус они бруто ги рачунаат али без ДДВ, плус скенирани сметките од ручеците на агентите за повратот на ДДВ од господинот Зоран Џонсон. Ајде ти се молам Стелт немој вакви киксови.

Го цитирав со тоа што е „сервирано“ од новинари блиски до клубот е сеа факт е дека може и тоа да е точно, ко новинари блиски до Интер што „сервираа“ информации за становите што ги купил Меси и тоа баш во Милано, карши седиштето на Интехехехехехехехехехер.

Мамицата :D
 
Оваа дискусијата со парите и кој колку трошел е скроз тапа. Убавината на фудбалот е дека секој секого може да победи, па и еден Лестер може да стане шампион и да им се помоча на сите во потрошените пари. Мислам, кој колку има и сака да троши, нека троши. Ниту еден купен фудбалер не е натчовек па ако некој клуб го купи ќе биде непобедлив. Фудбалери кои имале ненормален импакт врз екипите низ целата историјата се бројат 20-30.

Еве, нека земе некој кој се смета за најдобар менаџер во моментов, Клоп, Гвардиола, сеедно, и нека си состави тим по желба за да се натпреварува во ПЛ. Милсите дека тој тим сигурно ќе биде шампион во ПЛ?
 
Сега кога го потпишаа Тиаго да не го играат Фабино штопер оти мањак се на таа позиција Ливерпул.
 
Можеби и ги труплирале.
Потрошија околу 200м фунти за тренинг граунд и трибина, спремаат уште една трибина од 120м фунти или ова не е трошок?

Расправии имало и ќе има.
За клуб што работи како што работи Ливерпул последниве години, верувам дека се е искалкулирано и се земени секакви можни околности во предвид за да не влијае премногу на трошењето на играчки кадар. И секако немаат никаква потреба да трошат многу. Трошеа кога требаше пред 2-3 години. Сега им е доволно минимално да корегираат кај што треба и да освежуваат. Не ми е јасно како немаа 47 за Вернер, ама имаат 35 за Жота.
Интересното е што играч ко Тиаго кошта само 20м, а само 3/4 клубови можат да си го дозволат.
Вила, Лидс, Волвс и други такви клубови дадоа поголеми суми за играчи летово. Очигледна беше желбата да оди во Ливерпул. Ќе отидеше и во друг клуб верувам, ама само доколку до крај Ливерпул не се решеше да го купи. Исто како со Вернер.
 
Не ми е јасно како немаа 47 за Вернер, ама имаат 35 за Жота.

Тоа е затоа што во јавноста секогаш стигнуваат само непроверени информации, скоро секогаш непотполни, а најчести и скроз погрешни. Кој тебе ти гарантира дека Лајпциуг барал од Ливерпул само 47 милиони? И кој знае што се друго во договорот?

Еве на пример во фан клубот на Манчестер повеќето се уверено дека Јунајтед се ценка за 10-20 милиони со Дортмунд. Вака ако човек размисли малку, колку е тоа возможно? Екипа која има кратер на десно крило, може да собере 100 милиони, а не може уште 20? А во меѓувреме даде некој десетина милиони за некое дете од Партизан, и беше спремна во момент да плати 30 милиони за Регулон?

Муабетот ми е, јавноста всушност појма нема што се случува на тие преговори, и какви суми и услови се вртат.
 
За клуб што работи како што работи Ливерпул последниве години, верувам дека се е искалкулирано и се земени секакви можни околности во предвид за да не влијае премногу на трошењето на играчки кадар. И секако немаат никаква потреба да трошат многу. Трошеа кога требаше пред 2-3 години. Сега им е доволно минимално да корегираат кај што треба и да освежуваат. Не ми е јасно како немаа 47 за Вернер, ама имаат 35 за Жота.

Доколку навистина на Ливерпул им барале 47м фунти за Вернер а Жота би дошол за 35м фунти, две причини (според мене), платата и гејм тајм-от.
 
Тоа е затоа што во јавноста секогаш стигнуваат само непроверени информации, скоро секогаш непотполни, а најчести и скроз погрешни. Кој тебе ти гарантира дека Лајпциуг барал од Ливерпул само 47 милиони? И кој знае што се друго во договорот?

Еве на пример во фан клубот на Манчестер повеќето се уверено дека Јунајтед се ценка за 10-20 милиони со Дортмунд. Вака ако човек размисли малку, колку е тоа возможно? Екипа која има кратер на десно крило, може да собере 100 милиони, а не може уште 20? А во меѓувреме даде некој десетина милиони за некое дете од Партизан, и беше спремна во момент да плати 30 милиони за Регулон?

Муабетот ми е, јавноста всушност појма нема што се случува на тие преговори, и какви суми и услови се вртат.
Го имаше ова и на друго место ти претходно пишувано, ама не те поправив. Вернер имаше клаузула. Ливерпул само требаше да ја активира, исто како што направи и Челзи. Да немаше, ќе му бараа дупло од тоа.
 
Го цитирав со тоа што е „сервирано“ од новинари блиски до клубот е сеа факт е дека може и тоа да е точно, ко новинари блиски до Интер што „сервираа“ информации за становите што ги купил Меси и тоа баш во Милано, карши седиштето на Интехехехехехехехехехер.

Мамицата :D

Во Германија сите вести викаат дека е 27м евра, со дополнителни бонуси - до 35м.
 
Го имаше ова и на друго место ти претходно пишувано, ама не те поправив. Вернер имаше клаузула. Ливерпул само требаше да ја активира, исто како што направи и Челзи. Да немаше, ќе му бараа дупло од тоа.

Можно е за Вернер, навистина не знам, но муабетот и понатаму стои. Плус не се само парите за трансферот, плата, па бонуси, па провизии за агентот, па условување со првотимски статус. Мислам никогаш не е едноставна математиката со трансферите.
 
Ова се занемарува кога се форсира по фан базиве за одреден играч, зошто дојде кај нив а не дојде кај нас или обратно, дојде кај нас, не дојде кај вас. Конкретно Вернер во Челзи има загарантиран првотимски статус (или еве помала конкуренција) во споредба со Ливерпул. Имаше и шпекулации дека Ливерпул не сакале да го стават некого на 250,000 неделно а да не биде клучна алка како Алисон, Салах, Мане итн. Ни на фудбал менаџер денес не е просто да потпишеш играч, не па во реалност.

За Тиаго колку ми е криво на времето што идиотот Мојс испозаеба се, Ливерпул доби екстра играч ако може да остане здрав.
 
Во Германија сите вести викаат дека е 27м евра, со дополнителни бонуси - до 35м.

Гардиан - 27м фунти (30м евра) со бонуси

Гол.ком - до 30м евра со бонуси

Дејлифаил - 27м фунти со бонуси

СкајСпортс - 25м фунти со бонуси

ТокСпорт - 27м фунти со бонуси

Отприлика, тоа е сумата која се спомнува од оваа страна.
Никаде нема никој спомнато за над 30м евра во било која ситуација.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom