Ама од кај испадна толкавата увереност дека Хакими не сакал да биде резерва, никој релевантен не пренесе тоа.
Мене ми е многу порелевантно да сакал да оди на опција со бај бек, ова е едноставно решение на Зидан кој пресекол дека Хакими не му треба.
Со Хакими ќе беше истото сценарио како со Карва, ама веќе бидна и мислам дека ќе биде грешка.
Јас лично не бев и не сум Марсело да се продаде сезонава, Марсело може како втора опција да придонесе сеуште за тимот а знаеш дека он би прифатил и да биде втора опција без замерка, Менди кажа сам дека Марсело му бил најдобриот „тренер“ минатава сезона.
Регулион аут сега со опција за назад е совршеното решение, ама доколку не беше интересов од Тотенхем сега, мисалм дека на Јунајтед ќе му го дадеа без опција за назад и тоа ќе беше грешка.
Во моменталниов фудбал е многу значајно да не ги раздадеш евтино снабдените таленти и Реал тоа го правеше до пред 2-3 сезони со директен ефект. Дур му удре на Перез филмот да лупа пари на џупци од Копакабана барајќи го новиот Нејмар. Двајцава староседелци џупци од тамо ги набави евтино и ете, воала.
Тоа ми е зборот, нема поента да имаш супер талент и да го дадеш прелесно, па после да купиш некој што нема изиграно ни една сезона во конкурентна лига, овие имаат само една две јаки сезони ама во Ла Лига и Бундес а не три добри утакмици во бразилска лига.
Повторно ќе те прашам, според твоја логика, еве батали ги новинарите, според твоја логика што е порелевантно дека Хакими после страшната сезона што ја имаше барал да биде прв тим или дека Зидан одлучил дека не го сака Хакими, единствената позиција која не му беше покриена. После Јануари, каде го дадоа Одриозола во Баерн, Карвахал беше единствениот денес бек со кој Реал изигра цела полусезона.
Се надевам дека агентот на Хакими, ти е доволен релевантен извор.
“I think that Hakimi’s return at the current time is not appropriate given the presence of a distinguished player like Carvajal and I’m sure that Hakimi’s future will be bright after taking this step forward.”
И сега ги измеша муабетите. Кој талент Реал прелесно го даде?
И каква врска има ова со циганите од Бразил? Едниот има 18 години, другиот има 19 години. Доколку продолжат да се развиваат како што треба за 2-3 сезони Реал од нив во најмала рака може да ги извади парите кои ги има дадено.
Како е ова лош играчки менаџмент?
Види, управата на Реал е далеку од совршена. Даааалеку од совршена. Во ред е да ги критикуваш и да си лут на нив што не го заменија достојно Роналдо, ама брат мора да разбереш. Не постои играч што ќе го замени него, нема таков на пазарот.
Знаеш што е лош играчки менаџмент?
Давање толку долг и богат договор на Бејл.
Давање 5 милиони евра плата на Мариано Диаз.
Давање на договори на Лукас Васкец и компанија кои станаа играчи бидејќи Роналдо беше во екипата. Он и Меси ја имаат таа моќ, од говно да те направат да изгледаш пристоен фудбалер.