Собрание на Република Македонија

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.395
Поени од реакции
20.112
Тачи и Ахмети во Собрание не стапнуваат ама сега ќе треба да се цртаат таму за да се изгласа некој закон. Стави и уште еден-два пратеници кои секогаш се оправдано отсутни и владава еден закон ќе го гласа цела година.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Грешка си. Редовно е „оправдано отсутен“.
Сакаш да кажеш дека никогаш не си го вратил мандатот во овие 20 години и си зема пратеничка плата за да не стапне во Собрание повеќе од 2-3 пати? Не сум знаел за ова мочање. Иако не е ни прво ни последно.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983

Доаѓа кога ептен треба кворум, за 2/3 гласање, сега за избор на влада... потоа го нема.
Автоматски споено мислење:

Тачи и Ахмети во Собрание не стапнуваат ама сега ќе треба да се цртаат таму за да се изгласа некој закон. Стави и уште еден-два пратеници кои секогаш се оправдано отсутни и владава еден закон ќе го гласа цела година.
Да, и Тачи е сличен.
Секогаш има некој пратеник кој е болен или некоја приватна причина за да е отсутен, од владиното мнозинство. Често, пратениците се дел од државни/собраниски делегации во посета на Брисел, Стразбур или други места. Затоа, се анализира дека вакво мнозинство од 62 пратеника е многу тешко да работи. Пратениците се често во бифе, надвор од салата, па (сем ако опозицијата не пополни) и за кворум за работа ќе треба да ги збираат. Мачно, тешко и развлечено е таквото работење на Собранието. Уште ако Ахмети и Тачи продолжат со недоаѓање на „работа“... интересно ќе е.
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин

Не им треба кворум за работа. И со 40 присутни можат да работат.
Кворум им треба само за гласање.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не им треба кворум за работа. И со 40 присутни можат да работат.
Кворум им треба само за гласање.
Да, ама мачно е, дури 40 некогаш нема да се соберат, од искуство. Сем ако опозицијата не им пополнува. Јас не би им пополнувал кворум, ни за работа, ни за гласање. Општо, не само за оваа власт. Одговорноста мора да си ја преземат прво власта, па другите.
 
M

Macedon1um

Гостин
Сакаш да кажеш дека никогаш не си го вратил мандатот во овие 20 години и си зема пратеничка плата за да не стапне во Собрание повеќе од 2-3 пати? Не сум знаел за ова мочање. Иако не е ни прво ни последно.
Од 2016 ова
Лидерите на ДПА и на ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети ја предводат листата на пратеници со најмногу оправдани отсуства од пленарните седници, покажува најновиот извештај „Мојот пратеник“ кој се однесува за период јули-декември 2015 година. Тачи отсуствувал на 78, а Ахмети на 72 заседанија, колку и неговиот сопартиец Хазби Лика. Следуваат Ристо Манчев со 46, Артан Груби со 44 и независната пратеничка Љубица Буралиева.
А ова од 2019

Во најновиот извештај на „Мојот пратеник“ се наведени присуствата, отсуствата како и активноста на народните избраници во Собранието за последните 6 месеци, односно периодот од јануари до јуни годинава. Во него има пратеници кои во нивните графи имаат и многу нули, некои ретко доаѓаат а некои иако се присутни ништо не сработиле. Затоа пак сите, дури и оние кои ретко се појавуваат во Собранието, секој први во месецот редовно си ги подигнуваат пратеничките плати, обезбедени од парите на граѓаните.

ЗМЕЈКОВСКИ, ТАЧИ И АХМЕТИ – ПРАТЕНИЦИ КОИ Е РЕТКОСТ ДА ГИ НАЈДЕТЕ ВО СОБРАНИЕТО

Во однос на отсуствата првото место го делат Борис Змејковски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Мендух Тачи од ДПА, со по само 6 присуства за изминатите 6 месеци. Змејковски се потрудил да си ги оправда сите 44 отсуства, додека Тачи има 39 оправдани и 5 неоправдани отсуствувања.

Змејковски ги има сите нули и тоа за број на пратенички прашања, за број на излагања на пленарни и на седници на работните тела. Со ист резултат е и Тачи, и тој ги има сите нули во неговите активности во Собранието.

По нив, на второ место, е Али Ахмети од ДУИ со 10 присуства на седници, има 25 оправдани и 15 неоправдани отсуства. Но нулите во активностите исти како и кај неговите колеги – ниту еднаш не поставил пратеничко прашање, ниту се јавил за дискусии на пленарни ниту на седници на работни тела.
 
M

Macedon1um

Гостин

Јахоски пред повеќе од еден месец се споменуваше како еден од двајцата пратеници кои што биле таргетирани од Зоран Заев како можни конвертити од ДУИ во СДСМ. Тогаш Заев според партиски извори на Јахоски му ветувал бенефиции доколку премине во СДСМ која тогаш се обидуваше да прави влада со Алијанса за Албанците и Алтернатива. На Јахоски тогаш му било речено дека има повеќе пратеници од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ кои би ја поддржале владата предводена од СДСМ, АА и Алтернатива.

Зошто Јахоски сега во Собранието е под графата “Независни” не објаснува ниту тој ни ДУИ но партиски извори велат дека откако тој бил “таргетира” од Заев структури во ДУИ барале Јахоски кој е значаен финансиер на кампањите на ДУИ да се повлече од Собраниската функција и да го препушти местото на друг “сигурен” пратеник на ДУИ. Тој е еден од 62 пратеници кои кренаа рака за избор на новата влада и засега нема најава дека би ја повлекол поддршката за актуелната власт но не е јасно дали поддршката ја дава како човек на Ахмети или на Заев.

Јахоски е Турчин по националност и за него е карактеристично што на објавените фотографии во јавноста најчесто покрај македонското го поставува турското знаме без користење на албанското знаме.

Се случува ли тивка војна меѓу Мала Речица и Бихаќка
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Доаѓа кога ептен треба кворум, за 2/3 гласање, сега за избор на влада... потоа го нема.
Автоматски споено мислење:

Да, и Тачи е сличен.
Секогаш има некој пратеник кој е болен или некоја приватна причина за да е отсутен, од владиното мнозинство. Често, пратениците се дел од државни/собраниски делегации во посета на Брисел, Стразбур или други места. Затоа, се анализира дека вакво мнозинство од 62 пратеника е многу тешко да работи. Пратениците се често во бифе, надвор од салата, па (сем ако опозицијата не пополни) и за кворум за работа ќе треба да ги збираат. Мачно, тешко и развлечено е таквото работење на Собранието. Уште ако Ахмети и Тачи продолжат со недоаѓање на „работа“... интересно ќе е.

Тоа им е работата бе човек на тие пратеници, да бидат присутни во Собранието на седниците.

Затоа се и наречени народни избраници, се избрани за тоа да бидат во Собрание, а не да се шеткаат наоколу по бифе, што ќе им побегне кафето и јадењето?

Не се избрани да седат дома, да одат на приватни прослави, да се шетаа низ светот, туку за тоа се избрани да бидат во таа зграда присутни.
Јас да се прашувам, имало или немало седници закажани, секој ден тие пратеници треба да бидат достапни во Собранието, да си ја заработат таа огромна и нереална плата.

Ова само во нашава вукојебина го има, некој да е избран за некаде да работи и зема ненормална плата и уште скоро па да се оправдуваат зошто не биле на работните места.

А за делагации за во Брисел, има нека пуштат шанса и на обичните смртници нека патуваат од државен трошок да ја претставуваат државата во Брисел и на слични места.
Не мора постојано едни исти њушки и фаци на политичарите да гледаме на тв како одат по Брисели, Паризи.....
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.079
Поени од реакции
3.236
Не им треба кворум за работа. И со 40 присутни можат да работат.
Кворум им треба само за гласање.
Точно, без да има 61 пратеник присутен во салата не можат да гласаат ништо,
на пример еден закон има по 100 амадмани, значи треба 100 пати да гласат, т.е. во моментот кога ќе нема пријавено говорници за тој амадман тогаш да гласаат, што значи секој амадман нема да се гласа во серија па тие 61 да седат 100-200 минути само да гласаат, туку ќе треба да дремат со денови во собранието додека да поминат тие 100 амадмани.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Политички ,,интересна" е стратегијата на СДС. ДУИ повеќе ги плашат СДСМ отколку Алијансата на Албанците и останатите албански партии. СДСМ веќе 10-тина години се движи накај албанските гратски и леви гласови, како и тотално апсорбирање на малцинските неалбански гласови.
Баш заради тие гласови и се спасија од пораз на овие избори, а доколку ДУИ не влезеше порадикално десно и не ја погодеше кампањата со Албанец Премиер СДСМ ќе добиеше уште некој процент на албански гласови. Ќе видиме што ќе биде понатака, но ДУИ веќе му е здосаден на електоратот кој го гласа и овие избори реално ги доби заради полнење на кутии(во некои селски средини каде што све е испоселено по запад имаше по 80-90 посто излезност). Што е и нормално, со оглед на тоа дека откако се формираа пред речиси 20 години се константно на власт(освен еден краток период кога ДПА беа на власт, иако имаа помалку пратеници од ДУИ).
Ќе видиме, не ги бива СДС за терање на кампањи на терен меѓу избирачите, но глобалнава тактикава, повторувам за нив како партија а не за Македонците, не им е лоша.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Точно, без да има 61 пратеник присутен во салата не можат да гласаат ништо,
на пример еден закон има по 100 амадмани, значи треба 100 пати да гласат, т.е. во моментот кога ќе нема пријавено говорници за тој амадман тогаш да гласаат, што значи секој амадман нема да се гласа во серија па тие 61 да седат 100-200 минути само да гласаат, туку ќе треба да дремат со денови во собранието додека да поминат тие 100 амадмани.
Амандманите (по правило) ги поднесува опозицијата, па власта баш и не е загрижена дали има или нема кворум.
Амандманот не се прифаќа, амандманот не се прифаќа... Опозицијата може да дискутира колку сака, на крај нема кворум да се изгласа. (Поминуваме на следниот амандман, ќе гласаме кога има кворум).)
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Кворумот е 61 пратеник. Дали власта ќе го има (без останати партии) често? Тешко ќе биде.
Власта ќе го има тој кворум кога ќе треба да се гласа.
Деловникот го сменија (одамна), можат да работат (дискутираат) без кворум. Ако треба пет закони ќе продискутираат, еднаш ќе се соберат да ги изгласаат.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Власта ќе го има тој кворум кога ќе треба да се гласа.
Деловникот го сменија (одамна), можат да работат (дискутираат) без кворум. Ако треба пет закони ќе продискутираат, еднаш ќе се соберат да ги изгласаат.
Те разбрав, ама тоа е „повуци-потегни“, се создава нервоза, се губи смисолот, тешко оди обезбедување кворум секогаш, штом е толку малку над кворумот мнозинството (без опозиција мислам).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom