Skylake
proseCUTE
- Член од
- 7 јули 2016
- Мислења
- 1.078
- Поени од реакции
- 1.711
Го разбирам јас тоа што го збориш, го знам и ставот на венецијанската комисија. Ама ајде објасни, како утре Апасиев, кога ќе има поголема политичка моќ, ќе им објасни на Албанците дека нивниот статус ќе биде вратен согласно договореното во 2001? Како ќе бркаш Албанци од државна администрација и ќе им објасниш дека политичките договори што ги правеле нивните партии низ годините не се веќе важечки? Дури и веќе небитен елемент како Мендух Тачи излегува со изјави дека рамковниот договор е како храна со поминат рок, и чат пат кога ќе му текне се заканува со војна. Доколку се зголеми политичката моќ на Левица, Апасиев би влегол во многу опасна игра што веројатно живот може го чини. Јас не би идел на таа карта да размислувам дека се што им беше дадено на Албанците после 2001 е чист пазар со ВМРО-СДСМНЕ, и дека тој пазар нема меѓународна поткрепа, поточно, Американска поткрепа.Во случајот со Апасиев и Левица ставот на албанските партии и електоратот е јасен. Сигурно нема да гледаат со симпатии кон ликот кој што отворено го воведува под знак прашалник нивниот повластен статус во вилаетов. Затоа и велам, за Левица важна е перцепцијата кон нив од страна на оној дел незадоволно граѓанство кое што на последните избори бојкотираше, тоа во суштина е и нивна целна група. Односот на албанските партии кон левица драстично ќе се промени ако на наредни избори левичарите дополнително се факторизираат во парламентот. До тогаш Апасиев ќе лае по нив а тие ќе си тераат бизнисите.
Процесите на албанизација се се уште во тек, тие си течат со години наназад, уште не се завршени. Наш проблем е инфантилниот поглед кон нив и перцепцијата која што сдс и дпмне ни ја всадија дека се тоа незапирливи процеси. Незапирлив и свршен процес беше Охридскиот договор, акт склучен со меѓународна медијација. Се после тоа е политичко бизнис пазарење и проширување на Охридскиот вон рамките на договореното. Тиранската платформа произлезе од таквите пазарења и истата нам ни се сервира како некаков услов аминуван од меѓународната заедница кој што мора да се изврши. Се злоупотребуваа европски знаменца во тоа име, лажно претставувајќи го законот за јазиците како европски услов. Дека тоа не е така потврда е и ставот на Венецијанската комисија за законот, како неприменлив и непотребен. Ова што сега ни се случува нема толку врска со геополитика, европски барања, вредности, условувања, ова е чисто предавство одвнатре, продажба на државата за пари и богатење на поедници.
Албанското прашање заврши со Охридскиот рамковен договор. Нема поголем контра аргумент за ова што ни се случува од тоа.