Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
За 3-5 милиони фунти се исцинцарија Ливерпул за Џамал Луис и го зедоа гркот?
Не, туку Норич на Ливерпул му бараше цирка 20 милиони фунти, за на крај да го продај сега за 13,5.
 
Кога Меси изјави дека ќе замине се изнапишаа тука куп постови дека се понашал цигански, немал почит за клубот кој го направи човек, бил ваков, бил онаков... Сега излезе во јавност и отворено кажа зошто сака да замине, зошто останува и каква е управата. И пак не чинел, пак немал почит...

Не го поддржувам целосно и не ми е по ќеф циркусот што го направи ама ова вчера беше добар потег да се смири ситуацијата. Барем фановите да знаеме искрено каков му е ставот, не дека кажа нешто ново. За мене поглупо ќе беше да излезеше на интервју и да „шминкаше“ дека се било шпекулации, не сакал стварно да замине, да го фали Бартомеу вештачки, па сите да пееме „хакуна матата“ и да бидеме среќни а во позадина клубот да се распаѓа. Вака си кажа отворено и мислам дека навивачите ќе го ценат тоа. Кога ќе се врати публиката на Камп Ноу сигурен сум дека цел стадион ќе му го скандира името на Меси а дека ќе има транспаренти и навреди према Бартомеу и управата.

А тоа дека Меси нема да дава 100 посто од себе сезонава не верувам. Сепак е човек кој очајно сака да победува (затоа е и најдобар) и сигурно дека повеќе ќе сака да освојува титули со Барселона отколку со друг клуб. Мотив плус е и рекордот на Пеле кој скоро сигурно ќе го стигне.
 
@The Shadow Walker не ми одговори. Дали се слагаш дека Меси сега треба да почне да протестира, да се буни, да не тренира со цел да изнуди трансфер? Дали тоа би било ок однесување?
И другар ти @Rigil нека одговори дали треба клубот да му излезе во пресрет и да го пушти?
 
Фановите на Баерн, гледајќи ги сите трансфер шпекулации:

IMG_20200905_172421.png
 
@The Shadow Walker не ми одговори. Дали се слагаш дека Меси сега треба да почне да протестира, да се буни, да не тренира со цел да изнуди трансфер? Дали тоа би било ок однесување?
И другар ти @Rigil нека одговори дали треба клубот да му излезе во пресрет и да го пушти?
Да преминам на поентата, знам за Кутињо се однесува ова, да сеуште ми е гајле дали некој играч на Ливерпул ќе протестира за трансфер, лошо е кога си на другата страна на паричката, то е :toe:
 
Фановите на Баерн, гледајќи ги сите трансфер шпекулации:

Прегледај го приврзокот 265080

Пред 2-3 дена ми искочи на FB, у suggested pages да го лајканам Сане. И ми светна дека на ваква доминантна игра во ЛШ, допрва во составот на Баерн Минхен треба да се додаде Сане, што само по себе ке им даде ненормални опции по крила на веќе постоечките.

Прашање е само како ке го заменат Тиаго, зашто доста клучен им беше во тој прогресивен посед.
 
Вчера имаше интересна изјава Тиаго, не би ме зачудило и ако остане на крај, шо знам.


Горецка и Кимих се одлични во средина, тука е и Толисо, а го купија и оној Нианзу од ПСЖ. Ако излезе како Дејвис - одлично.

Ќе пазарат десен бек како подршка на Павард (Дест од Ајакс или оној Макс Аронс од Норич) и некој DM мислам. Мислам дека ќе го товарат и Перишиќ (Флик сака 4 крила), до сега излегоа goodbye видеa за Кутињо и Одриозола, за него уште нема.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom