Раздор направи случајов во фан клубов
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
време е да ја смириме топката. Вистинските душмани се надвор од фан клубов
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)
бидна шо бидна, остана Меси, ќе даде се од себе во следнава сезона, не ни се сомневав. После толку паѓање и случување срања во клубов време е да се сврти колцето, не може вечно да оди на лошо. Време е да се состави добар тим, тргнавме во таа насока, сега треба да се продолжи со промените до крај. Којзнае, можеби следнава сезона ќе се случи пресврт и пак ќе почнеме да се враќаме на вистинските патеки, па ова ќе се заборави. За почеток зедовме нов тренер, без сомневање подобар од краварот, човек легенда на Барса, го знае клубот од корен, со огромно искуство, двајца помошници врвни, Ларсон како тренер на напаѓачите и Шрудер што беше помошник на Хаг и на Нагелсман каде правеа чуда со тимовите, кондиционен тренер од времето на Рајкард, физиотерапевти, од кои еден специјалист за мускулни повреди, кој цело време внимава на Дембеле. Значи светлосни години тренерскиот тим е подобар од лани. Се отарасивме од Ракитиќ, наскоро од Видал, Суарез и Умтити. Бускетс ќе дибие нова улога од клупа, а исто и Алба ако забушава. Досега ги доведовме Тринкао и Пјаниќ, се надеваме на Вајналдум и Депај наскоро. Видете ја само срединава, од Бускетс, Ракитиќ, Видал, на Де Јонг, Пјаниќ, Вајналдум, нема споредба, сто класи подобар среден ред. Можеби ќе има и други промени, ќе видиме, ама како за почеток да се направи наведеново за еден трансфер период е одлична работа. Ансу Фати искина вчера против Германија, во својот прв настап за репрезентација, директ против Германија детето беше најдобар играч на теренот. Имаме вундеркинд во тимот, додадете ги Меси, Дембеле, Гризман и Депај во нападот, цакум пакум. Одбраната ќе остане за средување во ваков случај, ама не може се одеднаш нормално.