Македонци во Германија

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.406
Поени од реакции
16.652
Абе кај реков јас дека живеам у Германија??? Ама ниту еден ден таму јас не сум бил реално да си признаам...

Ама знам дека општо таква е ситуацијата (по работите јас што ги набројав)...

Е сега ако имаш ти други факти/аргументи па тогаш побиј ги ама точка по точка...
Автоматски споено мислење:

Па сега реално јас ниту сум живеен во Германија, ниту еден ден сум биден на одмор....
Не бе ако, убоо.
Се глеа многу добро си упознат со животот таму, сигурно си у право.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Убо што кажа ова.
Дали знаеш дека ако во Германија паднеш/се повредиш од точак/скутер, или паднеш бидејќи ти се слошило од висок/низок притисок или од израмнување на притисоците, абе кој Германец ќе ти помогни? Секој Германец кога ќе оди по улицата каде што си паднат ќе те прескокнува, или пак евентуално ќе си гледа сеир и ќе те слика со мобилниот... Додуша може да ти помогне некој ако е Балканец или од нациите од Источна Европа!!! Или ако имаш потреба од туркање на колата за да ти запали пак Балканец може да ти помогни а не Шваба... Тие така размислуваат што ќар имам ако му помогнам нему???

Дали Германците имаат дружба како нас Балканците/Турците - во двор со скари пиење еден куп луѓе? Ние таму во Германија ги тераме истите традиции со тие работи...- Скоро секој Германец не си го знае комшијата свој ако покрај него живее 35-40 години, секој Германец во кафана сам си излегува и сам се враќа.... И скоро секој Германец е ерген/беќар на 40 - 45 години што пичица во животот не видел...
Просечен Германец гледа пичка многу побрзо од просечен Македонец.
Просечен Германец има подобар(не поголем туку подобар)круг на пријатели од просечен Македонец, повеќе исполнето слободно време кое го искориситува баш за тоа, за скара, пиво, дружба.

За ова најгоре не сум имал можност да видам као реагираат во оваа ситуација и дали помагаат, тоа дека нема толку општо помагање меѓу непознати може е точно. За случката што сакав да ти напишам, излегувам од еден маркет каде што се продаваат работи за дома(покуќнина) и гледам на паркингот старци од по 80 години, статиот искривен, пробува да стави во колата делови од расклопен регал. И сеа ајде викам дај да му помогнам, ми падна жал.Коа му пријдов и му кажав се изненади, виде дека не сум Шваба и одма рече ајде, ќе ти платам, ваљда помислил дека за пари го правам тоа. Ги наместив, па не можеше да се затвори врата од колата, па ајде пак од почеток, на крај средив, затвара вратата и у меѓувреме додека привршував, старава почна да го мава со раката у смисла демек дај му пари, овој почна да ја заќутува и го вади новчаникот и го погледнувам како отвара кај ситните и брои центи. Нормално и 20е да извадеше немаше да ги земам, само види го размислувањето, да не бев јас ќе се мачеше најмалку уште пола саат, па ќе се враќаше да вика некого од вработените. Уште пред и да подаде пари му реков не треба, ова е нормално во мојата држава, во Македонија. Малодушни се тоа им е една од најголеите маани.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Не бе ако, убоо.
Се глеа многу добро си упознат со животот таму, сигурно си у право.
Абе кажи ми ти мене зошто некои Македонци таму имале план да останат за стално или евентуално една година, ама за едно 2 месеци се враќале!!!

Кажи ми ти мене на што се должи тоа? Која е причината? Еве и јас имам такви луѓе од мојот круг на пријатели/роднини!!!
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Абе кажи ми ти мене зошто некои Македонци таму имале план да останат за стално или евентуално една година, ама за едно 2 месеци се враќале!!!

Кажи ми ти мене на што се должи тоа? Која е причината? Еве и јас имам такви луѓе од мојот круг на пријатели/роднини!!!
Поради работата. Зошто тука можеш да заштедиш добра пара дури и ако си дојде за кратко, има луѓе што не момат да се снајдат си одат и гледам пак сакаат да се вратат.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.406
Поени од реакции
16.652
Абе кажи ми ти мене зошто некои Македонци таму имале план да останат за стално или евентуално една година, ама за едно 2 месеци се враќале!!!

Кажи ми ти мене на што се должи тоа? Која е причината? Еве и јас имам такви луѓе од мојот круг на пријатели/роднини!!!
Тоа е, не можеле скара да праа у двор дека затоа.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.390
Поени од реакции
4.347
Абе научете им јазик, научете ја нивната култура и ќе немате гајле. Не биле друштвени, вакви биле, онакви...

Може не се до тој степен друштвени, ама дека седат дома, мало морген... Си имаат работна етика, ама за слободното време шетаат, се дружат, уживаат буквално...

И на улица се океј, и во угостителски објекти.. Не сите, ама многу од нив да... Зависи, може во малите места се позатворени, во големите градови немаш гајле.

Зборам за мене дур сум работел таму, и плус на шетање, али тоа може дека зборам на нивниот јазик, а не на англиски.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.418
Глупости изнапишавте. Овие работи за дискриминација им се случуваат само на неписмени. Доколку си ПИСМЕН и убаво влезен во системот. Тогаш е точно обратното!
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Глупости изнапишавте. Овие работи за дискриминација им се случуваат само на неписмени. Доколку си ПИСМЕН и убаво влезен во системот. Тогаш е точно обратното!
Како да влезат во системот луѓе кои се донесени овде преку некого и се буквално робови на некој шеф/газда?
21 век е треба да има контрола на високо ниво, и за сите.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171

Даваш отказ, одиш во агенцијата за вработени/невработени, ти плаќаат стан и трошоци додека учиш германски, наоѓаш Ausbildung и градиш нова кариера. За 3 години германска диплома, јазик, колеги и тоа доколку почнуваш од 0, без јазик и факултет. На 40 години менуваат кариера луѓето, ако Германија тоа не го овозможува со социјалниот систем тогаш кој...

99% од социјалниот круг ми се Германци, 1-2 Балканци дали знам овде и тоа не од МК. Во фирмата од 5000 души 95% Германци, во секојдневната комуникација само јас странец доселеник...никогаш не сум се соочил со било каква дискриминација, напротив. Можеби се позатворен тип народ од нас и секако е потешко да се створат пријателства после школо/факс овде, посебно ако и колегите ти се 20 години постари од тебе, ама ако се сака се може.

Од последниве дискусии 1% нема точно, ама ајде. Секој со своите искуства :)
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Абе кај реков јас дека живеам у Германија??? Ама ниту еден ден таму јас не сум бил реално да си признаам...

Ама знам дека општо таква е ситуацијата (по работите јас што ги набројав)...

Е сега ако имаш ти други факти/аргументи па тогаш побиј ги ама точка по точка...
Автоматски споено мислење:

Па сега реално јас ниту сум живеен во Германија, ниту еден ден сум биден на одмор....
Муабетов ти е брат ми јал па ми кажувал.
Во повеќе инстанци сум имала сосем спротивно искуство, и лично и што сум сведочела на такви настани. На пример,во една ситуација една повозрасна жена се сопна и падна, притрчаа најмалку 10 луѓе да и помогнат. И мене ми се случило на два пати, еднаш и јас се сопнав, одма дотрчаа луѓе да ме прашаат дали сум добро, а после некое време со штаки се движев и немаше човек да не ми придржи врата или да стане ако нема место во чекална.
За разлика од тоа, во нашето “топло” Скопје ме гледале како да сум циркуски изрод затоа што сум одела со штаки и се буткале да влезат пред мене да не ги успорам.
За разлика од нас, нивната култура е таква и нив од мали ги учат да имаат силна социјална одговорност и свест и апсолутно не е така како што напиша дека не помагаат затоа што мислеле дека нема они ништо да добијат од тоа. Јас немам сретнато народ со посилна социјална свест од нив и тоа во повеќе наврати ми се има потврдено во реални ситуации. Ние нежните македонци што одиме заедно по кафани повеќе ќе оставиме некој да умре на улица зашто “не е наша работа”.
Германците може изгледаат ладни затоа што, во принцип, се многу рационални и затворени луѓе, ама со нив си секогаш на чисто - или ти е пријател или не ти е. Дополнително, нема губење време на “е? - е ре!” муабети, секој си брка работа и не пика нос во туѓи манџи како што сме ние навикнати.
Е сега, исто така многу зависи и со кој тип на луѓе си во контакт. Исто како и кај нас, што попрост е човекот толку полоша е комуникацијата, ама тоа е интернационална категорија.
 
Член од
18 јануари 2018
Мислења
334
Поени од реакции
246
Абе кај реков јас дека живеам у Германија??? Ама ниту еден ден таму јас не сум бил реално да си признаам...

Ама знам дека општо таква е ситуацијата (по работите јас што ги набројав)...

Е сега ако имаш ти други факти/аргументи па тогаш побиј ги ама точка по точка...
Автоматски споено мислење:

Па сега реално јас ниту сум живеен во Германија, ниту еден ден сум биден на одмор....
Така може да се измисли за секоја земја од ЕУ, додека човек не отиде таму не може да измислѕва 300 и една за нив. Имам познаници во Гер и викаат дека горе долу и таму озборувале, како тука, особина којашо ја мразам, шо им го исправаат на другите а не се гледаат себеси
А од кај знаеш дека не се дружеле, се дружат и таму, можеби не праат жива музика како тука, иако би можело да се прават и таму живи сфирки, има добри странски песни шо би можело да се напраи атмосфера, тоа јебига на ех ју просториве е нормала нели со журките, и тоа зависи од чоек до чоек, дел одат на тие журки, а има сигурно и шо не се замараат и не одат, зависи, како шо кажаа погоре, секој човек прикаска за себе, има и тука луѓе со пријатели, претежно за пари, не вистински, шо се дружат, претежно тие шо имаат пара поише да жетаат и да се дружат, а има и доста шо не се дружат поради немање доволно пари итд. такада немора да значи дека човек ако е во Севернава дека одма ќе има дружба, ја реално се осеќам ко странец у своја земја, пријателиве на прсти од една рака би можело да се избројат, овие шо се дружат би ме нарекле "забеган" можда, јебига, такви околности, ситуација, не ме бива за да сум дел од таа елита шо има друштво, журки, забави, ресторани итд... Вајда исти кур е и на запад, тие шо се дружат се дружат
Глеај на ситуација вака
У кафичиве углавно има од 500 до негде 1000 души у шпиц на викенд, и околу 500-1000 души раздвиженост, ами до 30 000 народ? Значи ќе му дое дека тие 2000-3000 луѓе се уствари забегани, а не остатокот. И никоаш нема голема раздвиженост, масивност, освен или за митинг или коа се фрла крстот у Јануар

Инаку не збори како живееле на запад ако не си бил таму. А тие шо се вратиле, се углавно пички у душа, неможат да издржат и углавно не знаат ни Англиски, камоли Германски...
Под знаење подразбирам, некое конверзациско ниво, да моеш муабет да напраиш, да ги пцуеш, да си го ладиш курот, обично 2000 до 3000 збора од јазикот.
Еве иам комшија шо е баш има грб за работа, и вилушкар е и може да работи разни работи и плус ЕУ документи има али шодека коа не знае да гукне на германски и стално коа оди нагоре се враќа ко посран за 1 до 2 месеца... Еве иам и друг познаник шо буквално на ветер отиде туку така преку агенција,и тоа со ептен минимално знаење германски,у старт само англиски знаеше, почна у бургер кинг, па еве го научил конверзациски германски, сеа у фабрика си работи си зимал 1800-2000 евра, шо кур поише, ем ни стручен кадар ни ништо, е вој комшијата погоре, и он да го испоти малку газот да научи германски и он ќе може да се стационира таму за стално, а не кур ташак да си игра иди ми дојди ми, он си знае, го кажувам како пример
 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Daise mocam jas na taa drzava gernania,fasistite gi tretirat makedoncite kako gragani ov vtor ret,ne,e lesno nikat vise nema daodam tamo,nise odnazduvaat za sto sne gi porazile u ftora svetska vojna.Imam i prijatel tamo 10 godini vekje,jazikot ne go znae,bes skolo a go terat u fabrika treta sme a a mozele dosega menagjer da go stavat u audi ako bile pravedni.Ama toae,sekogas graganin od ftor ret ke bide tamo so tija fasisti
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Даваш отказ, одиш во агенцијата за вработени/невработени, ти плаќаат стан и трошоци додека учиш германски, наоѓаш Ausbildung и градиш нова кариера. За 3 години германска диплома, јазик, колеги и тоа доколку почнуваш од 0, без јазик и факултет. На 40 години менуваат кариера луѓето, ако Германија тоа не го овозможува со социјалниот систем тогаш кој...

99% од социјалниот круг ми се Германци, 1-2 Балканци дали знам овде и тоа не од МК. Во фирмата од 5000 души 95% Германци, во секојдневната комуникација само јас странец доселеник...никогаш не сум се соочил со било каква дискриминација, напротив. Можеби се позатворен тип народ од нас и секако е потешко да се створат пријателства после школо/факс овде, посебно ако и колегите ти се 20 години постари од тебе, ама ако се сака се може.

Од последниве дискусии 1% нема точно, ама ајде. Секој со своите искуства :)
Види брат, сето тоа си е на место. Никој не прави споредби за доле и тука, но јас мислам дека ти не си работел во најниско платените работни места како што се рестораните за брза храна. Примерите кои ќе ги кажам сега ги нема насекаде, знам места каде што големи шефови сечат кромид(една од работите која никој не сака да ја прави на оваа работна позиција)

Сум пишувал и порано ама ајде ќе се повторам. Бургерите во кои работам јас ги држи жабар, десна рака му е Виетнамец кој работи долги години и му носи работници од Виетнам. Пишав погоре како се постапува со нив, ваљда си прочитал. Врз тие дечки се прави терор, кои они се навикнати а и мораат да го трпат, не знам дали си работел под притисок и над шеф, еднаш при ненадејна посета од овој Виетнамецот, еден од дечките кога виде дека овој влегува, почна да се тресе целиот, рацете му играа, знае дека со само еден збор може да остане на улица. А овој дојде само да земе гардероба за други работници. Кога си отиде кучето, овој почна да дига рацете нагоре и да се моли на Буда, иако секогаш викаше дека е атеист :D

Друга ситуација, шефот кој го води бургерот и каде сум јас и останати 4 кои се во реонот, носи негови луѓе од неговата држава, нема да ја спомнам зошто не знам кои се чита овде, ќе разбере за каде се работи ако ја слушне земјата. Човекот буквално при некоја грешка ги удира неговите, пред сите нас. Значи во Германија сме, во бирото има камери, он скоро па да тепа луѓе. За него можам да пишувам до утре, си знаат убаво тие што се без еу пасош, со визи, или пак овие што се од Африка и Азија.

Пријавуван е неколку пати, само е преместуван на други места и никаква последица немал, на едно место фатил еден од Виетнамците за врат, овие го пријавиле, и само е преместен.

Трет пример, контрола од фирмата составена од ГЕРМАНЦИ. Старо копиле пред пензија, нема место каде што не е пријавуван, исто само му кажуваат да намали со посетата таму и да се однесува посмирено, никаква санкција, ништо.

Но како што кажав има и многу добри места, со нормални шефови, претежно каде што се шефови Турчинки, таму е најдобро, Турчинките се едни од најфините жени.

За работата нема што да зборувам, секоја државна контрола е најавена, тогаш не викаат сите работници, за да изгледа дека сме повеќе, шефот ни се обраќа со бите, данке, тоа се случува само тој ден. Не сум многу паметен но можам да сфатам дека тоа е еден вид на престава, као кај нас што се прават за пред народот, еве у случајов со Мавровка.

Многу од тие луѓе имаат страв да се пожалат, ниту пак имаат надеж, голем дел се така навикнати и трпат, држава како Германија, во која странци има на толку позиции во вакви фирмк, не може да не знае за овие работи, само како што кажав ја боли за нив, се додека имаат нејзиите граѓани места каде да се најадат.

За другото, нема што да судам, као народ не сум ги сакал никогаш Швабите, пак ќе кажам има стварно фини луѓе, но има огромен број кои се стока, првенствено немање почит кон еве овие луѓе кои работат со брза храна. Нема ден да не се слушне по некој мал расистички коментар, поготово од кога мора да пишуваат податоци кога влегуваат, има луѓе кои сега учат каса и не знаат добро германски, често се слуша коментари од типот, лерне дојч, шпрехен рихтих, итн. Пред некоја недела млади копилиња му рекоа на еден Пакистанец куче, но оноа полека колку да ги слушне само он. Но пак ќе кажам секој човек си е приказна за себе кога станува збор за ова.

Тоа е премногу луѓе се селат тука, не можат да водат контрола а и реално не сакаат.

А да и ова нема да ти го каже наш никогаш, иако го доживеал, секогаш ќе вика де е супер, без разлика ако не е.
Автоматски споено мислење:

Daise mocam jas na taa drzava gernania,fasistite gi tretirat makedoncite kako gragani ov vtor ret,ne,e lesno nikat vise nema daodam tamo,nise odnazduvaat za sto sne gi porazile u ftora svetska vojna.Imam i prijatel tamo 10 godini vekje,jazikot ne go znae,bes skolo a go terat u fabrika treta sme a a mozele dosega menagjer da go stavat u audi ako bile pravedni.Ama toae,sekogas graganin od ftor ret ke bide tamo so tija fasisti
Abe tetin, tamu kao a, oni neli doe 8 i gi zatvaraat dzamovite i si legnuvaat i so ke prais mora da si legnes i ti hahaha, tamu rabotis kao konj a eee nema odmor, ama plakaat neli zimate po 900, 1000e plata nelj?
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Види брат, сето тоа си е на место. Никој не прави споредби за доле и тука, но јас мислам дека ти не си работел во најниско платените работни места како што се рестораните за брза храна. Примерите кои ќе ги кажам сега ги нема насекаде, знам места каде што големи шефови сечат кромид(една од работите која никој не сака да ја прави на оваа работна позиција)

Сум пишувал и порано ама ајде ќе се повторам. Бургерите во кои работам јас ги држи жабар, десна рака му е Виетнамец кој работи долги години и му носи работници од Виетнам. Пишав погоре како се постапува со нив, ваљда си прочитал. Врз тие дечки се прави терор, кои они се навикнати а и мораат да го трпат, не знам дали си работел под притисок и над шеф, еднаш при ненадејна посета од овој Виетнамецот, еден од дечките кога виде дека овој влегува, почна да се тресе целиот, рацете му играа, знае дека со само еден збор може да остане на улица. А овој дојде само да земе гардероба за други работници. Кога си отиде кучето, овој почна да дига рацете нагоре и да се моли на Буда, иако секогаш викаше дека е атеист :D

Друга ситуација, шефот кој го води бургерот и каде сум јас и останати 4 кои се во реонот, носи негови луѓе од неговата држава, нема да ја спомнам зошто не знам кои се чита овде, ќе разбере за каде се работи ако ја слушне земјата. Човекот буквално при некоја грешка ги удира неговите, пред сите нас. Значи во Германија сме, во бирото има камери, он скоро па да тепа луѓе. За него можам да пишувам до утре, си знаат убаво тие што се без еу пасош, со визи, или пак овие што се од Африка и Азија.

Пријавуван е неколку пати, само е преместуван на други места и никаква последица немал, на едно место фатил еден од Виетнамците за врат, овие го пријавиле, и само е преместен.

Трет пример, контрола од фирмата составена од ГЕРМАНЦИ. Старо копиле пред пензија, нема место каде што не е пријавуван, исто само му кажуваат да намали со посетата таму и да се однесува посмирено, никаква санкција, ништо.

Но како што кажав има и многу добри места, со нормални шефови, претежно каде што се шефови Турчинки, таму е најдобро, Турчинките се едни од најфините жени.

За работата нема што да зборувам, секоја државна контрола е најавена, тогаш не викаат сите работници, за да изгледа дека сме повеќе, шефот ни се обраќа со бите, данке, тоа се случува само тој ден. Не сум многу паметен но можам да сфатам дека тоа е еден вид на престава, као кај нас што се прават за пред народот, еве у случајов со Мавровка.

Многу од тие луѓе имаат страв да се пожалат, ниту пак имаат надеж, голем дел се така навикнати и трпат, држава како Германија, во која странци има на толку позиции во вакви фирмк, не може да не знае за овие работи, само како што кажав ја боли за нив, се додека имаат нејзиите граѓани места каде да се најадат.

За другото, нема што да судам, као народ не сум ги сакал никогаш Швабите, пак ќе кажам има стварно фини луѓе, но има огромен број кои се стока, првенствено немање почит кон еве овие луѓе кои работат со брза храна. Нема ден да не се слушне по некој мал расистички коментар, поготово од кога мора да пишуваат податоци кога влегуваат, има луѓе кои сега учат каса и не знаат добро германски, често се слуша коментари од типот, лерне дојч, шпрехен рихтих, итн. Пред некоја недела млади копилиња му рекоа на еден Пакистанец куче, но оноа полека колку да ги слушне само он. Но пак ќе кажам секој човек си е приказна за себе кога станува збор за ова.

Тоа е премногу луѓе се селат тука, не можат да водат контрола а и реално не сакаат.

А да и ова нема да ти го каже наш никогаш, иако го доживеал, секогаш ќе вика де е супер, без разлика ако не е.
Автоматски споено мислење:

Abe tetin, tamu kao a, oni neli doe 8 i gi zatvaraat dzamovite i si legnuvaat i so ke prais mora da si legnes i ti hahaha, tamu rabotis kao konj a eee nema odmor, ama plakaat neli zimate po 900, 1000e plata nelj?

Дискусијата беше за Германците и германскиот систем. Ти ми наброја примери за странци што го злоупотребуваат системот. Истите тие го злоупотребуваат и социјалниот систем, детските додатоци, пензии, нега (цела руска мафија има што краде милјарди евра за нега на стари лица и слични далавери), истите тие се непропорционално застапени во криминалната стапка во однос на нивниот број во Германија итн итн.

Германците се виновни што го дозволуваат сето ова во име на човечност, секој заслужува шанса, вина од светските војни, незнам што. Дали има покварени Германци? Секако. Дали се по-покварени од останатите? Во никој случај, не е ниту близу ова до вистината. Единствено нешто што би им замерил е тоа што се позатворени (посебно во Северна Германија) и тешко се ствараат нови пријателства со Германци за разлика од други земји. Иако овде вината е повеќе моја, интроверт сум по природа. Leben und leben lassen исто ми е сосема ок филозофија, го преферирам тој менталитет во однос на нашиот.

Незнам колку време работиш во Германија, ама доколку имаш 2+ години работено, без разлика на пасош (јас сеуште само македонскиот го имам), би размислувал да излезам од таа ситуација и околина со газди гастарбајтери што се замислуваат робовладетели. Со 2 години работен стаж ти следува цела година 60% плата без да работиш. Ако не ти се доволно има повеќе начини да дојдеш до пари од државата. Ти плаќаат буквално да им го учиш јазикот. Ама мора да излезе човек од зона на комфорт, да прежали некоја година без јака плата, да се жртвува да учи јазик и струка...тогаш ќе дојде интеграцијата сама од себе :) Германците што денес работат по канцеларии инвестирале во себе до 30 години, ама после зошто не мешат и тие малтер зошто не работат во ресторани...
Секако, тука е важно дали планира човек да намлати кеш па да се врати од кајшто дошол или планира да остане овде на долг рок. Доколку е второто, оваа инвестиција секако ќе се исплати.
 
Не сум дојден да останам да живеам тука, пред се сум тука да заштедам пари. Јас сум сведок на овие приказни, освен покачување на тонот во некоја ситуација не ми се случило никава незгода, имам документи, знаат дека можам утре да си отидам, си го работам својот дел, добивам добри саати, празници, на било кое место за брза храна не би можел да заштедам како овде, иако не напредувам во позициите. Муабетот ми беше дека има моменти каде се случува ова, како што викаш во социјална држава, они знаат а не реагираат, тоа за мене не беше сфатливо, поточно не очекував такво нешто. Не можеме да дискутираме за ова затоа што од различни агли ја гледаме ситуацијата, барем од тоа што сум го видел и сфатил, системот и тука не функционира за сите и има двојни стандарди.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom