Уште кога доаѓаше Вернер тој период реков ова е шансата Челзи и Јунајтед да ја искористат ситуацијава и да направат значителни чекори кон доближување до Сити и Ливерпул. Се надевам како фудбалски фан дека двата клуба ќе си ги донесат сите цели. Реалноста колку и да мислиш поразлично е дека што и да направат нема да се спремни уште сезонава да атакуваат на титула, едноставно Ливерпул и Сити се веќе скроз уиграни тимови, а и Оле и Лампард не им се ни до колена на Пеп и Клоп. Ама можат да бидат блиску. Ептен би сакал да има четири сериозно квалитетни тимови кои ќе се борат во ПЛ, а ќе имаат и добри шанси за успеси во Европа.
Е сега со евентуален трансфер на Меси во Сити малце пропаѓа во вода тоа затоа што под претпоставка дека Меси ќе си биде Меси и во Сити, не гледам како некој друг ќе може да ги следи рамо до рамо цела сезона. Ама па како фудбалски фан и фан на ПЛ ептен сакам да го видам во лигата, иако би било во Сити
Искрено, со новите засилувања на Челзи и ако ја консолидира одбраната да биде постабилна од лани, а Јунајтед ги донесе Санчо и Упамекано, јас лично очекувам сериозна конкуренција кон Ливерпул и Сити.Јунајтед со боранија тим лани дербињата ги играше одлично, се мачеше со помаливе екипи.После карантинот се покажа и тоа дека е надминато (откако се врати цел тим од повреди т.е. Рашфорд и Погба), ама се појави проблем со немање квалитетна клупа.Оле не им веруваше на оние на клупа, ги играше цело време првите 11 и прегореа.Сега со поквалитетен ростер, очекувам на долгорочен план да бидат конкурентни.
Од друга страна не сум го следел Лампард до детаљ да му ги знам сите слабости, но ако крене ниво погоре од лани + ако се уходат новите исто очекувам да бидат доста опасни.Едино кај Лампард што му забележувам од лани како проблем е што во дербињата не беше пргав т.е. не тактизираше, туку со глава во ѕид, ко Арсенал до скоро.Пр: Арсенал коа им влагаше офанзивно на Сити и слични поквалитетни екипи, а како резултат ќе ги напунеа ко Скопско во пивара.Можеби го корегирал тој елемент Лампард, ама на дербињата многу ко камиказа влагаше и ретко експлотираше слабости на противникот.
Ова е мој впечаток можда не е така или се корегирал.
Инаку сметам дека Сити пак ке ја земе титулата, а Ливерпул да издиши.Челзи би бил конкурентен, но мислам дека ќе има потреба од време за да го исполира тимот, додека Јунајтед исто очекувам да е конкурентен, но многу ќе зависи од некои менаџерски аспекти и фалинки на Солскер, пред се на in-game management, правилна ротација и употреба на тимот и поединци.Сезонава имаше некои одлуки од овој план кои чкрипеа, но најчесто се препишуваа на тоа дека немал доверба во резервите од клупата.Ако стварно е така и годинава се корегира, очекувам исто голема конкурентност (не титула), инаку топ 4.И да, на сите им е малце потребно фактор среќа за било што (повреди, распоред, ждребови низ купови итн).
За почеток намалување на разликата како и со бодови на табелата така и со квалитет во тимот. Првите 6 екипи имаат квалитет во стартна 11ка, кој повеќе кој помалку, но сепак квалитетот во клупата и останатиот ростер е главниот адут на Сити и Ливерпул.
Искрено Ливерпул нема преквалитетна клупа и ростер (хинт: периодот пред корона).Им се повреди Хендерсон и Алисон и беа малце во бунило.ТАА беше во лоша форма, Мане исто влечеше ситни повреди и не беше константен, Фирмињо доста време им беше тапа и многу јалово делуваа.Да имале ростер, се ова би се изменаџирало соодветно.Тој период ептен на мускули го пребродија.
Нема да имаат 90+ бодови. Поентата е сите да се ептен блиску по квалитет и да нема фаворит кој се одделува од другите. Може не е реално до последно коло сите да се борат за титулата, ама на крај разликата помеѓу прво и четврто место да е 5-6 бодови, а не 20-30.

5-6 е можеби оптимистичко, ама нема да има разлика од 30 бода ко сега.Еве 15 нека е, што е далеку од лошо.Дополнително има доста квалитетни не-топ-6 екипи кои можат да поматат работи.
Мелем за уши арсеналовски, за очи треба уште работа
Нема да имаат 90+ бодови. Поентата е сите да се ептен блиску по квалитет и да нема фаворит кој се одделува од другите. Може не е реално до последно коло сите да се борат за титулата, ама на крај разликата помеѓу прво и четврто место да е 5-6 бодови, а не 20-30.
Брат, 5-6 бодови помеѓу прво и четврто место може да има само доколку ниту еден тим нема супер сезона односно само доколку сите 4 се просек.
Пример, Серија А сезонава. Ниту еден тим не двоеше и затоа разликата на крај на табела од прво до четврто место е таа.

Ако ги спичкаат Сити сите пари на Меси, а не засилат одбрана како што сакаа (Кулибали), очекувам да нема големо двоење помеѓу топ 4 зошто не можат само напад да играат, а Меси не верувам толку да двои за да даваат секогаш барем гол плус.Мислам дека и овој момент го мисли Донев, па не очекува голема разлика меѓу топ4. По мене од 1 до 4, 15 бода разлика, плус минус.
Не очекувам да е сезонава така, посебно ако Сити го земат Меси.
Моментално зголемена е границата и ете освојуваат со 95+ бодови, ама има доста клубови и надвор од топ 6 што си работат сериозно и имаат амбиции, па очекувам уште потешка да стане лигата и да не може ниту шампионот туку така да ги добива помалите тимови. Што не значи дека нивото на најсилните ќе биде пониско, туку општиот квалитет на цела лига повисок.
Во 2014 разликата помеѓу првиот и третиот беше 4 бодови, а 7 бодови со четвртиот.

Брат, јас не велам дека ќе има голем разлика. Јас само кажувам дека доколку нема голем разлика, тоа ќе значи дека топ4 екипите ќе имаат просечна или нешто малку натпросечна сезона.
Не очекувам да е сезонава така, посебно ако Сити го земат Меси.
Моментално зголемена е границата и ете освојуваат со 95+ бодови, ама има доста клубови и надвор од топ 6 што си работат сериозно и имаат амбиции, па очекувам уште потешка да стане лигата и да не може ниту шампионот туку така да ги добива помалите тимови. Што не значи дека нивото на најсилните ќе биде пониско, туку општиот квалитет на цела лига повисок.
Во 2014 разликата помеѓу првиот и третиот беше 4 бодови, а 7 бодови со четвртиот.
Генерално ако некој играч реши да замине во појака лига или појак клуб, не може многу да направи екипата да го задржи. Е сега, има играчи кои го почитуваат матичниот клуб и со вакво потпушување нов договор си ја креваат цената и му овозможуваат на клубот во кој се да заработи повеќе на нив. Има и обратни случаи.
Не велам ништо за Упамекано, само дека продолжувањето на договорот не мора многу да значи ако играчот е решен на трансфер.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.