Охридска банка ги објавија полугодишните извештаи. Со детална пресметка точно се гледа што направија со емисијата на нови акции, т.е. и покрај позитивниот резултат во изминатата година и позитивниот резултат во првите 6 месеци од 2020, книговодствената вредност на акцијата е падната. На 31.12.2019 = 8773 ден, а на 30.06.2020 = 8346 ден. Ова поради тоа што иако капиталот е поголем, се дели на поголем број на акции.
Всушност, зголемувањето на капитал од 10 мил евра и не е спорно. Меѓутоа, бројот на акциите кои што ги издаваат (купуваат) за мене е многу спорен.
Образложение:
1. На 31.12.2019 ОХБ има вкупно капитал 4,530,424,000 ден., што дава боок = 8,773.94 ден. (4,530,424,000 ден. / 516,350 број на акции)
2. За првите 6 месеци имаат добивка од 155,139,000 ден., што значи дека за првите 5 месеци може да се каже дека имале околу 129,282,500 ден. Со овој профит, боок скока на 9,024.32 ден.
3. Главниот акционер сака да го зголеми капиталот за 10 мил евра = 614,992,000 ден.
4. Вкупниот капитал се зголемува на 5,274,698,500 (од прилика) , т.е. 4,530,424,000+129,282,500+614,992,000
5. Бидејќи книговодствената вредност мора да остане иста и не смее да трпи од зголемувањето на капиталот, тоа значи дека вкупниот број на акции ќе биде 5,274,698,500 / 9,024.32 = 584,498
6. Ова значи дека банката може да издаде, а главниот акционер да купи околу 68,148 акции, т.е. 584,498 - 516,350= 68,148 (а не 119,000 акции)
7. Банката не ја гледаше книговодствената вредност и ги продаде акциите за 5,168 ден. Тоа му овозможи на мнозинскиот акционер противправно да се стекне со повеќе од 50,000 акции, чија реална вредност е повеќе од 7 милиони евра.
Вредноста на судскиот спор со тужбата е определена на 1.500.010 денари ( стварно не знам кој и на кој начин ја пресметува оваа вредност).
Коментари?