Ете ферман директ од султанот и тоа оригинален документ ти покажав. Ти ги кажав резултатите од плебесцитот, кој рака на срце не ги поминал сите христијански куќи, но е правен во присуство на Патријаршијата така што нема таму муљање некој со сила да ги терал да гласаат за Егзархија.
Ти дадов пописи од Егзархијата и тоа од Мишев што е 7 години присутен тука од 1894 до 1901 и ги собира податоците од сите локални свештеници и учители. Пописот на Мишев скоро па совршено се поклопува со пописот на Патријаршиски домаќинства од страна на Фирмилијан кој е србин митролополит скопски. Ако Мишев не знаел колку имало Егзархисти и Патријашисти, бар овој требало да си знае затоа што секој поп морало да му достави колку куќи имаат нивни.
Ете еден германец кој што 1861 поминал низ Куманово. 350 бугарски христијански куќи цели 9 години пред да се формира Егзархијата.
Прегледај го приврзокот 263843
Се тоа не ваља, ама таму некој си “научна“ книга од Јован Хаџи-Васиљевиќ е релевантна. Јас се трудам колку можам да ги избегнувам бугарските извори, но ако сакаш да го најдеш најкапиталното дело и најопсежните етнолошко и демографски истражувања во Македонија можеш да го прочиташ К'нчов. Прашај било кој македонски антрополог или историчар од каде ги црпат најголемите податоци и најрелевантните во тој период и се води до Васил К’нчов. Ама тоа што пишаш К'нчов нема да ти се допадне воопшто.
Ако сакаш и со српски извори да се служиме нека си се договорат твоите околу Македонија. Верковиќ од агент на српската пропаганда пратен од Илија Грашанин тука станува еден од најголемите поборници на бугарската идеја во Македонија кога се убедува сам колку залудна работа е тоа и ги смета македонските словени за бугари.
Јанковиќ и Грујиќ во "Slaves du sud" 1853! година како српски етники простори присвојуваат се од Истра до Косово и Метохија, но со ниту еден збор не ја спомнале Македонија како нивен простор.
Истото пред нив го кажува и Димитрије Давидовиќ во „Историја народа србског“.
На крајот од краиштата да видиме што кажува и Стојан Новаковиќ:
Новаковиќ толку сметал дека е залудно да ја туркаат српската идеја во Македонија што барал алтернативи.
Равенштајн бладал ли кога не нашол срби во Македонија?
Прегледај го приврзокот 263841
Ами Буе изгледа не слушнал за црквите на Милутин
Прегледај го приврзокот 263842
Дури и авторот на најпропатријаршиското пребројување и најголемиот грчки мегаломан Ами Буе Вардарска Македонија ја облежал како муслиманско/албанска/бугарска мешавина.
Прегледај го приврзокот 263844
Хајнрих Киперт не наоѓа срби во Македонија.
Прегледај го приврзокот 263845
Првата Унгарска Енциклопедија
Прегледај го приврзокот 263846
Дури ни брача руси не наоѓаат срби во Македонија.
Прегледај го приврзокот 263848
Ниту Британика од 1911та не наоѓа срби, ниту српски енклави.
Прегледај го приврзокот 263849
Ама знаеш кој наоѓа? Јован Цвијиќ.

Куманово, Скопје и Полог срби, Пирин бугари и другото некои македонци бидејќи тој од Велес и Скопје се друг народ.
Прегледај го приврзокот 263850
Може да го спориш бугарскиот елемент во картиве кои сите се објавени како илустрација во засебни истражувања на балканот, но симптоматично е како срби во Македонија наоѓаат само србите.