Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
И Челзи :cool:


@Syn тоа со становите ми звучи исто толку битно колку и колата што ја изнајмуваше жена му на Пеп во Торино :D
Уште Момблано да пише и готово потпишан е во интер.
 
Ќе има колење сега за Меси... Јуве неможе да си го дозволи, со оглед на тоа што веќе дава 30 милки плата на Роналдо, така да, ќе гледаме сеири одстрана :kafence:
 
Достате бе со то Англија ќе му ги скршеле нозете ко синкир во Шпанија го мазеа Меси, нека кажат фановите кои следат Ла Лига како си поминуваше Меси на гостување кај Гетафе, Осасуна, Атлетико, Билбао и ред други копачки екипи.
Ујфалуши кариера за малце ќе му уништеше, ама во право е Џонтра, вакви играчи како бели мечки се заштитени, секој контакт го санкционираат.
Атлетико Мадрид не?
 
И кој би го донеле Барса за негова замена ?
Остајте вие Санчо Манчо, Меси ниеден фудбалер моментално не можи да го замени, од тие шо се достапни на пазарот прајме муабет.
Суарез исто ќе си фаќа патот, значи ги чека многу работа во клубот, знаеме исто дека клубот е во големи финансиски долгови, така да ова ќе потрае.
 
Ама и Меси колку ладно копиле е човече.
Им испратил нешто што во Шпанија се вика бурофакс (ко кај нас, препорапачно писмо со повратница) каде и двете страни мора да се потпишат дека го примиле документот и запознаени се со содржината внатре.
Никаков состанок ништо, од нигде никаде праќање писмо, онака да нема простор ни за муабет правење, ни за убедување, за ништо.
Ништо чудно да иде во Сити, баш пред вчера ми излезе статија како од Сити правеле пресметки дали можат да му ја издржат платата и дали би имале проблем со ФФП (која иронија).
Кога не бил Меси копиле, настрана фудбалската генијалност
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom