Е така, можеби вирусот ќе убие само 0,5% повеќе од тоа што умирале вообичаено, ама поради тоа што овие сметаат се живо дека умира од корона оди до само 3% (пази и овие 3% се пи.кин дим).
Не можам да најдам официјална статистика за многу земји, на гугл не излегува тоа што ми треба, прашував ако некој знае да пушти линкови од официјални статистики па да видеме и во други земји како е,
во Северџанов излегуваат нецелосни извештаи со каснење од 2 месеци, додека во Шведска ја имаме дневната статистика па ни е доста лесно да видиме како поминала земја што не вовела никаква мерка.
Вчера бев ненаспан и ме мрзеше да правам малку подетална анализа на Шведска ама сега ќе пишам неколку збора повеќе, за 7 месеци имаат скоро 3500 повеќе умрени од просекот, 5500 повеќе од лани која вооедно е и најдобрата година од последните 5, а само 1873 повеќе од најлошата година во последните 5.
До денес имаат официјално 5810 умрени од корона, во Август немаат ни 50, вака ако гледаме спрема лани, навистина може да е точна бројката но ако гледаме спрема просекот излегува дека пола од тие секако ќе си умреле, околу пола короната е добра причина, ама како што одминува времето овие месеци се доста под просекот и можеме да заклучиме дека короната убила доста кандидати што ќе умреле следните месеци.
Навистина можеле да поживеат уште некој месец или и година, ама тоа е животот, сега пред неое време почина сестра на моја школска 25 години (не е од корона), никој не знае кој колку ќе живее, денеска те има утре те нема.
И јас одвај чекам да дојдат па да видиме во второ полувреме колку е јака короната, во првото изгуби на кондиција.