Еве еден пример ќе ви дадам за тие кластери кои упорно ги спомнувате.
Во кафичот во Битола кога излезе првиот позитивен освен газдата на кафичот никој не се тестирал.
После неколку дена колешка на детето јавила благи симптоми, и се јавила на матичната и кажала како стојат работите и оваа и рекла дека нема потреба од паника, дека ќе се слушаат постојано на телефон за да види како и се одвива ситуацијата, со еден збор нејќеле да ја тестираат.
Чупето бидејќи имала постојан контакт со заразениот решила да се тестира приватно, испадна дека е позитивна, значи девојчето ако не дознаела дека колегата е позитивен ниту ќе се тестираше ниту ќе знаеше дека е позитивна.
Цел персонал претходно биле со благи симптоми и си оделе на работа, НИКОЈ од нив не се тестирал.
Од тогаш помина скоро месец дена, освен чупето и детето кое почина за ниту еден друг не излезе информација дека е позитивен, затоа што најверојатно си го прележале вирусот од на нога.
Муабетот ми е дека ако се тестирале сите голема беше веројатноста да има многу повеќе заразени, а вака случајот се заборави, кафичот си работи, кластер нема, и така.