Здраво на сите, го читам форумов подолго време , до сега се греев на дрва и сакам да пробам со клима како ќе биде. Се надевам ќе ми помогнете во изборот за локација Скопје куќа само приземје ми треба предлог примарно за греење на 30 м2 + дополнителни 2x10 м2 две соби .Надворешно горна и лева страна дува ладен воздух . Буџет да не премине 70.000
Прегледај го приврзокот 262886
Мои предлози:
1. Gree Amber 5.5kW 18ka (многу јако делува во перформанси ,каква ниска модулација има и дали е бучна клима? и дали ако нема ниска модулација значи дека не е ефикасна во преоден период пали гаси ќе прави?)
2. Daikin FTXF50A (не знам цената дали е ок 64.700 + монтажа и евентуално + Wifi)
3. MITSUBISHI MSZ-HJ50VA (немам еуровент и не знам дали е добар модел )
4. Или 2 клими 3.5 ки една подобра друга поевтина
.
5. Ако имате некој предлог за Fujitsu Toshiba и слични
Дали 30м2 може куќа да се грее со 3.5ка ?.