Искрено се чудев од сам старт што никој не му пререче на Бруно у стилот, кочи малце кој ти ташак, завчера се појави у клуб од непостоечка лига, што те тера да мислиш дека ќе командаш? Не дека Бруно е за критика, баш напротив за пофалба е, но одма дојде и почна памет да им соли на примадони и егоисти кои ги интересираат игрици, фризури, коли, играње, кеш и облека.Патем, да не испадне дека го критикувам Бруно туку чудно ми е.
Дојде Оле на тапет, па како последен натпревар од сезоната после негова сезона и пол, решив да дадам мислење за него и клубот во целина.За почеток, се што рече кога дојде, генерално и се исполни, од она што може да го исполни за сезона и пол.Клубов премногу шараше низ годиниве пост САФ, обидувајки се да најде идентитет, но испаѓаше да иде од крајност во крајност без никакви цели.За промена, Оле постави норми, вредности и некоја идеологија како и каде треба да се движи клубов, а не да се движи без компас со единствена цел да се перат пари преку него.
После година и пол иако бев скептик на почеток на сезонава (очекував дебакл, 6то место пак), jaс сум генерално задоволен од тоа што е сработено и има поддршка од мене за барем уште една сезона.За ДоФ ќе е идеален Оле, има одлични замисли за клубот, профилот на луѓе и профилот на играчи кои треба да играат за клубот.Како менаџер е генерално супер, но сеуште има за учење - има уште некои ситници што треба да ги испегла што потенцијално го делат од светска класа и успех, зборувам за in-game management и поголема ротација на тимот.Од тоа што прикажал до сега јас сум оптимист, зошто личи на човек кој учи од своите грешки (ги шутна Џонс, Лингард, Переира после укажана доверба и изневерување, исто важи и за Алексис, Лукаку, Смолинг, Рохо па и Матич, но србендава се корегираше и средија односи).
Почитувам што пружа доверба на поедини кои се трудат и не им оди, зошто на долгорочен план секогаш се исплати.Ми се свиѓа што гледа секого да унапреди како играч и гради мостови место да ги руши ко Мурињо, но е бескомпромисен кога е потребно.Ми се свиѓа што гради плански т.е. има план за наредни 10-15 години, инкорпорира млади од академија, гради тим кој е енергирчен, млад и брз, а не тешкаши кои ќе форсираат долги топки.
Највеќе ми се свиѓа што е брутален и сече кога најмалку се очекува, иако се смешкал претходно.
Не ми се свиѓа кога ќе затупи со некоја замисла до крај иако не ја бива, но неретко се испалтела.Конкретно зборам за вадење исти 11 долг период (можда е зошто сите други се дрва) и не ротира, или друг пример тоа што го форсира Џејмс како десно крило со бункер екипи?Тоа што не ротира и не прави измени е веројатно зашто не им верува на играчите и реално не би го судел за тоа, но можел да изротира и да остави играч кој ќе може да смени нешто, да влезе од клупа, како Рашфорд и Погба кои би добиле воспитна.
Клубот со Олевата идеологија и замисла сметам дека е на прав пат и мислам дека е правилен избор.ДОКОЛКУ добие вистинска поддршка од Ед за играчи и трансфери, мислам дека ќе ја скоцка работата, ќе намали разлика од Сити и Ливерпул значително.Сума сумарум мислам дека не попогоден тренер за Јунајтед во моментот.
Најголема добивка на клубот сега би била да се отараси од Погба и со ослободените фининсии да се донесат 2 квалитетни играчи кои ќе направат придонес = Парти/Невес/Ндиди + Грилиш.Има и друго ѓубре во клубов што треба да се чисти, но има ред.Џонс, Џеси, Смолинг, Далот се приоритет, би ги шитнал и Линделоф, Шо но не им е дојдено време.
Покрај Санчо, ја би загризал сериозно за Грилиш.Треба такво копиле во тимов, смачено ми е од амбасадори, дипломати и нежни играчи како Мата, Рашфорд, Лингард, Џејмс, Фред.Рашфорд ми е бед да го критикувам, сериозна повреда имаше а никаква припрема.
Би пазарел и задни везни, лев бек и напаѓач, но нема простор за тоа.
ПС: Денес сами се победивме, не би рекол дека Оле е директен виновник.Марсијал имаше 3 јаки шанси, Рашфорд имаше прејака контра што ја упропасти, Бруно зезна неколку пати зошто додаде а требаше да пуца.У прво беа климави, не можеа пас да сврзат, но во второ драстично се поправија.Денес поразот иде на душа на Линделоф и Вилијамс бидејки заспаа а не требаше.Друг мизерен лик беше Погба, но немаше директен придонес на поразот, иако за малце ќе се случеше.Од друга сезона друга песна ќе се пее, не верувам да остане на истото.
ППС: Се радувам што испаднаа вака и сега, имаат време за одмор + ќе летаат глави!Господ простува, Оле не