Добро, ипак не е баш лесно да се освои ЛЕ, зезната лига е, особено при крај, треба малце респект да се стави на имињата на екипиве што го освојуваат натпреварувањево.
И колку и да нема доверба во играчиве на клупава Оле, мораше одма после примениот гол да прави замени, не знам што очекуваше...
Браво за Севиља, заслужено, мислам дека poster child се за натпреварувањево, нешто како финален бос на ЛЕ
Со кој и да ќе игра во финале ќе биде забавна утакмица.
А за догодина се знае, ќе бидат во некоја група со екипи од рангот на Баерн и Сити, лагано ќе завршат на трето место и пак ќе бидат едни од фаворитите за ЛЕ
П.С. Пошто победникот на ЛЕ оди директно во ЛШ, а сите екипи што останаа веќе се пласирани преку лигите, што ќе се случи со местото? Следната екипа од лигата на победникот ќе игра квалификации или некоја од послабите екипи ќе добие место плус?