- Член од
- 25 март 2012
- Мислења
- 8.571
- Поени од реакции
- 5.147
Сосема е јасно дека може да се вработуваа несмасни, кои не знаат ни јазик, не се квалификувани, но тоа е злоупотреба на партијата на власт, не на договорот.Има вработени што се пензионираат ама друго сака да ти каже...Рамковниот сакајќи да постигне недискриминација се покажа како најдискриминирачки акт во државата. За едно работно место каде има висококвалификувани деца со завршен факултет заради етничка припадност се прима некој кој нема соодветно образование.
На страна фактот што имаше вработени кои толку не беа соодветни што попрактично беше да седат дома. Не знам како не им е навредувачки да функционираат така паразитски?
Кај се тие што дури јазикот не го познаваат? Јас имав случка во Министерство за труд да не можам да се разберам со вработен бидејќи знае 10% македонски. За што е примен? Знае да пополни документ? Ака сака да биде рамноправен и почитуван елементарно нешто е да го научи јазикот. Како да го почитуваш и да веруваш во искреноста во желбата за соживот?
Оди во Германија и вработи се во администрација и збори си на албански.
Јас ја почитувам љубовта кон сопствениот народ кај сите етнички заедници ама државата Македонија ви дава премногу и тоа го злоупотребувате. Тука можеш да сретнеш и срби и други кои си ги сакаат корените ама не плукаат по државата во која живеат.
На тебе и неколку другите членови од истото малцинство на форумов секоја чест за македонскиот јазик кој ви е подобар и од многу македонци сепак ми кажува дека сте растени во нормално опкружение и вие сте тие кои треба да бидат пример за нормален соживот.
Ако сакате да зборуваме за таа злоупотреба тогаш може да дискутираме и се сложуваме на крајкраишта.
Ама вам( ок ме разбираш што подразбирам под вам) ви пречи што мора да се вработат албанци, и не знам зошто не сакате да го прифаќате тоа.
Сум пишувал повеќе пати зошто мора да има квота, ќе се повторам, вие дискриминирате етнички, додатно на тоа имате голем непотизам при вработувања, никогаш немало меритократија во државава. Не знам друг начин како да се бори против тоа.
Секако идеално би било во 2001 наместо само албанците да се побунат, требаше сите граѓани да се побунат не со оружје секако но требаше да воведеме граѓанско општество дури 91.
Ова, германската држава е креирана далеку порано од стапувањето на првиот албанец таму, и како и да е бројот на албанците таму е незначителен за да има промена на устав за да се задоволи мал број граѓани.Оди во Германија и вработи се во администрација и збори си на албански.
А албанците биле тука кога е креирана македонската држава, не може да игнорираш голем дел население, а и доста доцна беше за асимилација, а за културна асимилација дури немаше обиди, туку се работеше против тоа цело време.
Автоматски споено мислење:
Јас се кењам или вие?Епа што кењаш овде?