Ќе работиме за иста цел, развој на Македонија во која живеат Македонци.
Социјална правда!
• Укинување на принципот на позитивна дискриминација по етнички клуч и воведување на т.н. социјална позитивна дискриминација при вработување во јавниот сектор (пр. предност на огласите да имаат децата без родители, децата од социјално загрозени семејства, децата на стечајците и сиромашните и сл.).
• Поништување на т.н. Преспански договор и бришење на погрдниот назив „Северна“ од Уставот!
• Укинување на Охридскиот рамковен договор како извор на консоцијалниот (сегрегирачки) етничко-трибалистички карактер на политичкиот систем на Македонија и враќање на чисто мнозинскиот карактер, со практикување на демократијата како стандард за современите демократски заедници.
• Поништување на двојазичноста, како резултат на октроираната т.н. Тиранска платформа, и враќање на јазичните права на малцинствата во рамки на Уставот.
• Воведување чист претседателски систем, односно моноцефална извршна власт, само со Претседател на Републиката, биран на непосредни избори, и негов Кабинет (без Влада на РМ).
• Укинување на „правичната застапеност“ и позитивната дискриминација по етничка основа и нејзина замена со позитивна дискриминација по социјална основа.
• Забрана на монолитни и чисто етнички партии и постоење само на идеолошки профилирани политички партии.
• Организирање на Република Македонија во една изборна единица.
• Забрана за предизборни коалиции.
• Донесување нов Закон за територијална организација на општините, кој нема да се заснова на поделба според етничката структура, туку ќе цели кон создавање функционални административно-територијални, економско-демографски и географски целини.
• Создавање услови за десегрегација и воведување интегрирано образование, без етнички поделени училишта.