Македонска берза

Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164
Ako PKB se trguva na 42000, na kolku bi trebalo da se trguva GRNT i ALK ?:tapp:. Verojatno postoi i forum za naucna fantastika.....
Алкалоид се тргува малку повисоко од она што вреди следејќи го трендот на светските фармацевтски компании (пр. Санофи Авентис), додека Гранит не би го вбројувал во оваа категорија, бидејќи е компанија која е многу зависна од државата.
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Poznavajki gi nashite priliki na patishtata I rejtingot na granit vo toj biznis ne gledam zosto ne bi se trguval na povisoko nivo od postojnovo???
Koja I da e vlast ke mora da vlozuva vo infrastruktura I toa so ogromni sumi na pari a momentalnava se ispofali deka bile zverovi za ispolnuvanje na budzetot za infrastruktura???? Taka da moe mislenje deka e nelogicki podceneta akcijata I nikako nemoze da bide stavena vo isti kosh so Alkaloid!!!
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Какво лошо портфолио има Еуростандард, Трифун требаше да им ја даде гратис на КМБ
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
Уни одлични резултати за 6 месеци
Каков тајминг на одговор на UNI со вакви извештаи во време на ситуацијата со Еуростандард!

Моите очекувања беа во рамките на остварувањата на НЛБ, некои 27% -30% намалување на нето добивката во однос на лани.
А овие пак БАМ со зголемен профит за 29%.

Каде се, што ли прават тие што продаваа на цена од 1.550 денари?
 
Член од
12 јули 2017
Мислења
109
Поени од реакции
100
Uni veze i vo pandemija. Tie sto prodadoa na 1550 da si kupat na 2200, ke ja izvadat zagubata.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.432
Поени од реакции
7.811
Каков тајминг на одговор на UNI со вакви извештаи во време на ситуацијата со Еуростандард!

Моите очекувања беа во рамките на остварувањата на НЛБ, некои 27% -30% намалување на нето добивката во однос на лани.
А овие пак БАМ со зголемен профит за 29%.

Каде се, што ли прават тие што продаваа на цена од 1.550 денари?
А што те интересира кај се тие што продале...
Мене повеќе ме интересира ти, што ги изнакупи сите тие, на кого ли ќе му ги продадеш ...
На форумов немаш купци за толкава количина, можеби ако некој се врати од странски берзи или ако успеете да направите фондовите да купуваат, како со Стопанска Битола што направија.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Банка пропаѓа, илјадници се оштетени, а џа-џа-џанаков пишува постови за на ко-ко-комшијата козата што цр-цр-цркнала

Која ли е ова болна ментална конструкција маа-леее :popce:
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Банка пропаѓа, илјадници се оштетени, а џа-џа-џанаков пишува постови за на ко-ко-комшијата козата што цр-цр-цркнала

Која ли е ова болна ментална конструкција маа-леее :popce:
Мозочен излив од траумата кога во телевизиска дебата на телевизија со национална концесија во исклучително тензичниот период после 27 април пред 3 години, Апасиев му ја сруши и така бедната слика за неговата "шарена политичка независност" за која отупе Павле, со изјавата "Ти си независен затоа што ништо не зависи од тебе." Едноставно и многу описно.

Сепак на ваква тема не би вклучувал содржини од ликови како рекордерот по угоеност во споредба пред и по доаѓање на пратеничка функција. Темава е една од подобрите на форумов заради содржини како на пример сликата за кредитната изложеност на Еуростандард нешто поназад, содржина од Шарен Пајо нема како да ја збогати оваа тема.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Ги искодоши Трифун на пресот дека од Народна банка со инсајдерски информации си ги извлекле парите од Еуростандард. Големо чудо, за користењето на инсајдерски информации од страна на вработените во НБРМ пишувам уште од 2015. пред исплатата на првата дивиденда на СТБ, а гарант имало и порано негде 2012-13. кога шпекулативно беше скокнала УНИ мислам од 300 на 2.200 денари. Сега на потег е обвинителството да истражи и расчисти.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Не мора да имаш инасјдерски информации, доволно е да се вртиш во тие кругови за да знаеш дека нешто не штима - еден куп фирми пробуваа да си одат од Еуростандард во последниве година дена, имаа целосно запрено со кредитирање.
 
Да не се правиме сега паметни после битка. Буквално никој ниту шпекулираше ниту знаеше до вчера дека Еуростандард ќе отиде во стечај. Ако ништо друго, барем на гувернерката не може да ѝ се замери дека протекуваат важните одлуки. Истото се случи кога во март ги попари банкарите и акционерите дека нема да смеат да исплаќаат дивиденди, меѓутоа потоа влашкото лоби изврши огромни притисоци, па КМБ и чинам ТТК исплатија.

Интересни работи изнакажа Трифун: дека Еуростандард била депонија за лоши кредити на Комерцијална и дека од 2005. до сега не извадиле ни денар дивиденда туку ја докапитализирале банката со 25,5 миљони евра :shok2: И ај нека каже после некој дека банкарството е лесен бизнис...

Исто интересно е што на сите урбани легенди за Трифуновото богатство, тој немал десет миљони евра да искешира за докапитализацијата па морал да го продава осигурувањето и потоа да ги стави зградите под хипотека за следната од пет миљони. Ако треба да се кладам кој е најбогатиот Македонец, со смешка би ги отфрлил јавно најизвиканите фаци и би ставил пари на Илија Гечев!
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
А што те интересира кај се тие што продале...
Мене повеќе ме интересира ти, што ги изнакупи сите тие, на кого ли ќе му ги продадеш ...
На форумов немаш купци за толкава количина, можеби ако некој се врати од странски берзи или ако успеете да направите фондовите да купуваат, како со Стопанска Битола што направија.
Да не ги имаш измешано некои лончина, јас ниту сум имал ниту сум помислил да имам Стопанска банка Битола.

Голема е веројатноста тие што ги продаваа на 1.550 - 1.600 , да ми ги купат моите на 6.000 - 7.000. Колку и да изгледа чудно тие се истите инвеститори. И да тогаш на форумов ќе пишуваат дека е евтина.
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
319
Поени од реакции
277
Еос матрикс не можеше да ги купи тоа лошите кредити од Еуростандард?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom