Е навистина го претеравте веќе докторке. Јас, ќе се обидам да бидам што е можно поучтива со вас, иако тоа не го заслужувате.
На самиот почеток, да нагласам дека јас се држам до мојата страна од договорот и не те цитирам тебе и твоите луцидни реферати, премолчувам, затварам очи и сега ти мене не еднаш, не два пати, ами повеќе од три пати ме пецкаш индиректно и директно и јас тоа нема да го толерирам.
Како медицинско лице, како човек што положил Хипократова заклетва, јас лично не би си дала за право да ја дискутирам националната, етничка или верска припадност на пациентите.
Без разлика дали се Македонци, Албанци, Роми, Турци, ти си должна сите да ги гледаш со исти очи и едднакво да ги третираш. Друга ствар, освен ако не си вработена на инфективно тоа никогаш не може да го знаеш. Затоа, те молам закочи малку со твоите дебати, затоа што не знаеш сè. И тоа нема да беше толку трагично доколку ти не се обидуваш да го замачкаш со квази научни реферати од интернет. Значи, подобро да сврзиш две реченици со логика, отколку да изиграваш научник на форумов.
Докторке, дали биле или не болни, на нас е да бараме решение, а не да комплицираме. Вирусот е тука, луѓе се хоспитализираат и луѓе умираат и тоа е тоа.