Можеме да го натегаме муабетот колку би требало да е почетна, само не си во кожата на тукушто дипломиран на некој факс, седиш во ск под кирија и те масираат за 300 евра цела година и кусур на трошок на родителите. Се додека не почни да се ценат младите ќе се случува иселување и распад на општеството а вие продолжете да ја тупите со скромноста на мали пари, јер профитите шо ги остваруваат завршуваат во буџетот.
Wow, не си во кожата на тукушто дипломиран. Каков товар носи тој дипломиран, кутриот низ што се поминал... абе озбилно мислите дека е лесно да си газда? Ако вака размислуваш и како програмер, ондак јасно ми е зошто ти нудат минималец. Не гледај како некој вози Х8, застани и размисли го патот што го поминал тој за да стигне до таму.
Сите сакате газди да сте, ама единствено потење што сте го имале е 2 недели пред испит.
Дека не се ценат младите во државата, тоа е точно, ама живееме во општество каде што секој може да те замени. Ти си тој што треба да се истакнеш и да придонесеш многу за фирмата, пред да почне некој да те цени. Немој да сфатиш како навреда, ама небитен си у буквална смисла за фирмата. Со знаење од факултет ништо не правиш. Треба да имаш знаење, пракса, искуство, да знаеш да менаџираш со проекти, со време, да комуницираш со луѓе, нетворкинг, да имаш еден куп непроспиени ноќи, прекувремено, да знаеш да работиш под притисок, ако касниш со дедлајн како да се носиш и многу други работи. Е дури тогаш ти си битна и корисна личност за фирмата, и дури тогаш правиш реални пари. А, од факултет тазе излезен, си само трошок, луѓе губат време на тебе да ти објаснат кои програми се користат, да ти даваат насоки, да те обучуваат, да го научиш "јазикот" на фирмата.
Не ми е ова насочено кон тебе, туку кон сите што имаат вакви размислувања.