Што слушам деновиве плачки, одење до Охрид не се рачунало за одмор, море си е море. Од кога бре станавме вакви примадони, ко до вчера што се вели море гледавме само на слика. Па пред безвизниот режим бевме ко Северна Кореа и сега одеднаш многу монденски, многу свилени, не се можело без море. Едно време салама и паштета се рачунаше за луксуз, сега авокада кај што јадат глеам се сликаат. Не толку одамна магариња се шетаа низ град, југо беше стандард, сега престиж е да се вози автомобил спасен од под преса во Германија. Комшијата ми вели јас не одам на мочање без кола и тоа го кажува со гордост, му светкаат очите од ќефови. На тоа кривината кај што е малскиот маркет, кога оди насабајле по леб, обавезно го дрифта тоа аудито од крај на 90ти што го вози на бг табли.
Јас велам оти многу нагло ни дојде овој вовед во модерниот свет, за народ кој што 20 години живеел во мрачно доба, наеднаш безвизен режим, тоа време сите и компјутери купија и интернет наместија, Грујо тоа време не остаи да увеземе коли баби што ги возеле низ германијата. Јебига, уште не можеме да се аклиматизираме.
Кога си сиромав на се му придаваш значење. Ако отидеш некаде подалеку сакаш сите да знаат, оти Бог знае кога пак ќе можеш. Знаеш оти живееш во мизерна држава каде дури и храната е луксуз, па ако јадеш нешто поскапо ред е да го сликаш и да се пофалиш. Кај нас бе и кафето се рачуна за луксуз, па и него ќе го сликаш. Одење на одмор, и тоа е луксуз, па ќе трујаш со слики оти си на одмор, и уште пет дена откако ќе се вратиш, да не забораат оти си бил.
Ние увезовме најлоша форма на капитализам, каде што и тој што нема мора да има, па ако треба и ќе се позајми.