- Член од
- 29 јуни 2018
- Мислења
- 3.573
- Поени од реакции
- 5.618
Мислам дека кај Псж и Сити генерално проблемот е што ни се тазе превземањата. Повеќето памтиме какви игри прикажуваа пред шеиците да дојдат. Од друга страна тимови како Јунајтед, Баерн, Реал, Барса итн. сме навикнати да ги гледаме како доминираат со години. Забораваме дека "историјата се пишувала и вчера, се пишува и денес а ќе се пишува и утре." Сите големи клубови на којшто сме навикнати се ултра богати веќе со децении, сега нагло почна да ни смета тоа што и други екипи почнаа да им зимаат од теглата... Исто ко што у "наше време" се носеа дресови од Интер, Милан, Јунајтед, Арсенал и сл така и дечињава сега носат дресови од Сити, Псж итн.Точно е ова ама ПСЖ се на пик затоа што немаат баш некое покритие за парите, т.е. не се ни трудат да „излажат“.
Сеа и нотингем форест да боде купен од некој шеик пак ние фановите ќе ги викаме пластични иако имаат 2 титули во Лш. Просто е, на нас фановите ни смета нов јак клуб којшто има моќ да ни земе играчи којшто ние сакаме да дојдат во нашиот клуб и не сакаме нов стабилен клуб што ќе ни зима титула а до вчера бил мид тејбл макс.