Планинарење

eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.401
Поени од реакции
1.829
Дечки на 9-ти Јуни пск "Бистра" од Гостивар традиционално ја организира турата Аџина река.
Кој е заинтересиран бујрум.
Ќе споделам и линк од фб кога ќе биде настанот објавен.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Со години е така.
Британските и австралиските туристички компании го стопанисуваат врвот. Имаат базни кампови во кои може да се најде и од она еспресоно што го кака таа мачката, специјалитети од храна...таму одат веќе луѓе што немаат искачено ни рид како Водно.
Спортските качувачи се бесни на тоа, ама непалските власти сакаат да излезат во пресрет на шерпасите кои се, многу веројатно, добри, ама и многу сиромашни луѓе. Така да, многу е тешко да за самостојни експедиции да одат и често доаѓа до конфликти. Во Reel rock изданието пред 2-3 години имаше дел одвоен за инцидентот во кој веќе покоен Ули Штек и Симоне Моро за малку ќе настрадаа од бесните шерпаси кои им ги каменуваа шаторите и сакаа да ги линчуваат. Овие двајца тргнале да се качуваат без наврски и неколку пати им влегле опасно во нивните зони, иако Ули качуваше често и по насоки кои воопшто не постојат....така и загина, на соседниот Лотсе, падна во провалија.
У секој случај, светов ќе го уништи комерцијализација, алчност за пари и све што е капиталистички начин на поимање и перцепција на работите.[DOUBLEPOST=1559050944][/DOUBLEPOST]Еве ја сликата...све кажува, мизерија.

Поалчни и мизерни суштества од луѓе - нема!

Прегледај го приврзокот 209686
https://nezavisen.mk/iskachuvanjeto-na-everest-poplocheno-so-mrtvi-tela/
Мизерија
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Тешка мизерија. Мене ми е познато ова од пред неколку години, а сега кулминира.
Смрзнати тела имало од кога се почнати искачувањата. Практично е невозможно или многу опасно и скапо да се враќаат мртви тела преку отворени креваси, смрзнати вертикални технички делови и да се транспортираат до базен камп барем. Мислам дека и телото на нашиот Диме Мурато е останато таму.
Друга приказна е ѓубрето, кое го има во иљадници тони, затоа што таму не се распаѓа и останува затоа што шерпасите се платени да носат храна, која секогаш е повеќе (за секој случај), а никој не се нафаќа да ја врати останатата. Слично е и со изметот.
Човекот е најгадниот животински вид без конкуренција. Не можам да кажам дека не ми е жал за луѓево, ама стварно се нема усул. Да видам дека е ваква гужва, не би ни тргнал натаму, а не па да се курчам дека сум напраил некаков подвиг.
Гледајте документарци за К2 и Нанга Парбат. Тие имаат на пар места такви тешки технички проблеми, да никаква комерцијализација не може да ги зафати. Тие што важат за сериозни алпинисти одамна го избегнуваат Еверест.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
За жал, има информација за уште еден загинат наш планинар и тоа во Грција, на Олимп. Се шпекулира дека падот е настанат откако му се слошило или имал срцев удар. Имав некои фејсбук-пријатели што викендов постираа слики од Олимп, па ќе видам што од нив ќе се дознае.
Голема група спасувачи била ангажирана за лоцирање и пренесување на телото, затоа што теренот е екстремен и тешко прооден.
Штета, лесна му земја.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.103
Поени од реакции
10.138
За жал, има информација за уште еден загинат наш планинар и тоа во Грција, на Олимп. Се шпекулира дека падот е настанат откако му се слошило или имал срцев удар. Имав некои фејсбук-пријатели што викендов постираа слики од Олимп, па ќе видам што од нив ќе се дознае.
Голема група спасувачи била ангажирана за лоцирање и пренесување на телото, затоа што теренот е екстремен и тешко прооден.
Штета, лесна му земја.
Знаеш ли за кој планинар станува збор!?
На вести ни иницијали не кажаа.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Знаеш ли за кој планинар станува збор!?
На вести ни иницијали не кажаа.
Не дознав. Само некаква шпекулација дека е член на извесно планинарско друштво Шкупи.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Не ми е познат. Возрасен човек. Нормално, тешко да те удостои клуб од Скопје со текст на македонски јазик ако од другата страна....како и да, описот во нивниот пост преку обичен translate вика дека му се слошило и паднал на 50 метри пред домот. Во тој дел планината е иста како и на Водно да се качуваш, меѓутоа нема колски пат до таму, па веројатно мора на рака да се спуштаат мртви тела. Сериозно опасниот дел на Олимп е над 2700 мнв. Мислев дека се работи за несреќа во тој дел, каде што до сега имавме неколку тешко повредени и изгубени планинари.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Претпоставувам дека се работи за делот од патеката под Стефани, карши кампот. Тука е баш таква стазата и може да се излизга долу во дупката.
Мислам дека телото е вадено со хеликоптер.

Не е битно, нека ми е лесна земјата. :(
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
182
Поени од реакции
635
Мислење за планика чизми, bovec модел, air tex + path finder долу гумата..
 
Член од
22 август 2016
Мислења
80
Поени од реакции
19
кои андроид апликации се најдобри за планинарење знае некој?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom