Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ме чуди зошто многу фудбалски легенди на Вардар молчат за ова. Нели им е мил Вардар, нели ги боли... Треба едно здружение да се формира од ликови кои оставиле длабока трага во светиот клуб и да покренат иницијатива за спас. Можеби нивниот глас ќе се слушне и ќе допре до некого.
Па една причина што сме на ова,е и од нашите легенди.Не ме напаѓате одма,Али тоа е мое мислење,така да подалеку од клубот.Сега ми текнува на една,легенда која нејќеше 50денари да плати влез,демек знаете ли кој сум.Така да,легенди надвор од Вардар,кој има пари,нека повели.
 
Здраво момци,нов сум на форумов и еве мојот прв коментар е баш за Вардар,кој е број еден за мене кога станува збор за фудбал.Многу ми е криво што историјата цело време се повторува а не се учи од неа,пред се мора да има одговорност за долгот од 3 милиони кој го има клубот,мора одговорните лица да дадат отчет како дошле до тој огромен долг за македонски услови,патем во време на корона тешко кој бизнисмен или некој конзорциум би сакал да инвестира во нешто што е несигурно,целата опшествено-политичка ситуација исто не одговара.Сега во овој момент е најважно да се опстане,се надевам дека ВАРДАР ќе успее да го направи тоа ,впрочем тоа и историјата го кажува тоа,а потоа мора да се научи нешто и од неа,треба вистински луѓе на вистинските места,пронаоѓање на играчи и ставање во погон,со добри договори од кои клубот би имал ќар од продажба а не поединци,срамота е едно чудо играчи да заминат за смешни суми на пари или што е најтрагично за тренинг компезација.
Поздрав од Канбера,и тука се навива за Вардар:)
 
Лично ми кажа. Добра сума одби. Имаат пари чаирчани...
Респект, вистински Вардарец не потпишува за Слога и не подава рака на Омер кога се потпишува договорот.
 
Лично ми кажа. Добра сума одби. Имаат пари чаирчани...

Респект за него, ама ова веројатно не значи дека останува кај нас, така? :) Претпоставувам и некој друг клуб е во игра
 
Респект за него, ама ова веројатно не значи дека останува кај нас, така? :) Претпоставувам и некој друг клуб е во игра
Треба чудо да се случи па да остане тука, за жал!
 
Можно е Бобан Георгиев да дојде у Вардар.:unsure:
 
Добро е ова со Бобан Горгиев.Уште Коста Манев гледам дека нема клуб ќе склопиме тим со звезди шо чекат понуди од Реал Мадрид а добиваат од Лубаништа :D
 
Добро е ова со Бобан Горгиев.Уште Коста Манев гледам дека нема клуб ќе склопиме тим со звезди шо чекат понуди од Реал Мадрид а добиваат од Лубаништа :D
Зборев со менаџерот на Манев, вели нема шанса да се врати. Имал неколку други понуди од странство..
 
Манев лани не прифати да остане, па сега да се враќа e мисловна именка. Овој Бобан Георгиев би бил прилично изненаден да потпише, гледајќи кого сe' успеавме да довлечкаме. Требаше и Ефремов да дојде, па завршивме со Игески. Така да ја би останал со доза на скепса по тој поглед...
Еве го и Баевски, Вардарецот си однесе играч надвор од Вардар.

Битно они за Вардар биле тука..
Бајевски му ја понудил Тирана како опција, а Најдовски не морал да ја прифати. Неговата е задња. Намерата не ми е да го правдам Бајо, фала богу и он ќе лапа провизија од трансферот, ама не очекувајте дека било кој ќе остане за кикирики, знаејќи дека во Тирана ќе зема со сигурност 5-6.000 евра месечно.
 
Вчера седев со Давид Тошевски,у Ростов што потпиша.
Пред три години требало да потпише за Вардар,он и уште две деца од Рабптнички,ама не подпишал затоа што многу голема провизија му барале на татко му...иначе од трансферот 1 миљон евра,900 иљади одат за Работнички!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom