Единствени кои живеат во паралелен свет се фановите на Јунајтед, секоја чест на исклучоци. Ние не го споредуваме Интер со Сити или Баерн или ПСЖ, туку фановите на Јунајтед го праат тоа. Ете според Ставро 2 пати го тепале Сити и тоа е тоа, а не е битно што завршија 70 бода позади Ливерпул и во последно коло се пласираа во ЛШ.
Ние сме тим во нагорна линија, Манчестер не е, не знам што е толку тешко да се признае. Нормално, никој не вика дека не е можно следна или за две сезони да се опраат, ама не е на одмет малку реалност.
Убаво вика Урко, 2007 и 2008 земавме "отпад" од Реал Мадрид па видовме како се заврши сето тоа, Реал не можеше да ги помине Лион, а Интер триплета освои. Тоа отпад е само според фановите на Јунајтед, пошо ако играчот не успеал кај нив автоматски е дно, очај, дрво, преценет, слаб, камен..., а не е битно што се канцер средина во пост Ферги ерата и имаат поише флопови од погодени трансфери. Ти гарантирам утре Погба да си отиде ќе замараат дека е преценет, дрво и дека нема веќе фудбал во него.