Ретко се цитирам себе, но ова морав:
Вкупната наплата на приходи во јули изнесува 17,9 милијарди денари. Даночните приходи се наплатени во износ од 10,2 милијарди денари, или 1,7% помалку од лани.
Данокот на додадена вредност за првпат од почетокот на кризата забележува раст во однос на минатата година од 1,2%, што следи по падот во јуни од 7,5%, и високиот пад во мај и април од -33 и -43,5% респективно. Се забележува и висок раст на увозните давачки од 18,3%, понатаму раст на персоналниот данок од 0,4%, додека помала наплата иам кај акцизите и данокот на добивка.