И Сашо Давитковски така мислеше ама на крај ја уништи Скопски Пазар и ја изгуби. Затоа не треси зелени се гледа дека плата на вработен немаш дадено. Милионите на берза ги немаш направено и не си Бафет да ни пропеведаш на форумов. Се додека не створиш нешто да ти ќутиме сите на форумов, прави она што најдобро го знаеш- преведувај си.
Секако дека занимавањето со приватен бизнис е потенцијално најлукративно, меѓутоа за да бидеш конкурентен во најпрофитабилните бранши едноставно мора да затајуваш ДДВ, плаќаш со кеш, држиш на минималец, узурпираш, дивоградиш, се однесуваш насилно, не исполнуваш стандарди и прописи, испорачуваш неквалитетни производи и услуги, лажеш, манипулираш, зае.уваш луѓе за пари, финансираш партии, подмитуваш службеници за дозволи и набавки, инспектори при контроли и сл. Со оглед на тоа што честа и образот ми се поважни од парите, сум си избрал чисти бранши и мирно спијам затоа што секое денарче ми е оданочено при исплата, а кеш немам ни видено ни допрено со години. Пред некое време сфатив дека у животот дваипол пати повеќе од „милионите“ сум заработил од инвестирање него од работа, па направив рокада и мал инвеститор го ставив над професијата у потписот на мејловите
Инаку, убедливо најкорисно за животот и кариерата би било како Жиле да испаднеш од вистинската матка и да наследиш монополистичка компанија во растечка гранка, па трката на 100 метри со конкурентите да ја почнеш од 95-тиот метар. Давитковски се скроз посебна димензија на неспособност пошо иам гледано како у нивен дуќан им пропаѓа СП маркетот, за потоа у истиот простор Кам да просперира иако им плаќа кирија. Не е лошо ни родителите да ти остават фирма, дуќан, куќа, стан, кеш, да ти платат скап факултет у странство или преку врски да те вработат у некоја од „институциите“ што ги опишував во претходните постови кајшто се ќути и дупи цел живот на сметка на обичниот граѓанин.
Веќе пишував дека за мојот период на инвестирање индексот паднал од 100% на 60%, додека моето портфолио е над 600%, односно сум имал просечен годишен поврат за 20+% поголем од референтниот МБИ10. Тоа е практично недостижен резултат особено за „професионалните инвестициски менаџери“ коишто за своите клиенти правеле поврати у распон од потпросечен до катастрофален, па најискрено и можат да подразмислат да ми салутираат и стојат мирно. Имајќи го ова предвид, со индигнација ги отфрлам споредбите со г-динот Бафет како навредливи (ама за мене) затоа што тој за периодот на своето инвестирање бил само околу 10% подобар од својот референтен С&П500
Шега на страна, овие работи ги пишувам исклучиво заради едукација на понеискусните членови да можат да ги стават работите у контекст кога инвестициските и пензиските фондови им продаваат му.а за бубрези со нарачани текстови по медуими сакајќи да продолжат да им цицаат провизии испорачувајќи им катастрофални поврати. Кој ме познава приватно, знае дека се дружам со секого и се обидувам на сите колку можам повеќе да им помогнам, а имам давано и донирано огромни суми за најразлични цели без никаков личен ни финансиски интерес. Никого не сум зае.ал, излажал, изманипулирал, па да морам да се кријам, избегнувам или преминувам од друга страна на улицата туку сите можам да ги погледнам во очи. Најискрено се надевам дека некој ќе напише дека остварувал уште поголеми поврати од индексот па да имам прилика од него нешто да научам.