Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Ма каква федерализација. Имаме патриоти ќе ги запреме. Верба другари. Борбата е тешка но не и невозможна шо вика другарот Апа. Ќе апеме ако треба.
Што збораш бе, кои патриоти? Оние што се депилираат и бараат вегански крем за раце? Не ме смеј! :pos:
Автоматски споено мислење:

Разловечко, Кресненско, Илинденско, дебарско-охридско, тиквешко востание, па потоа следи првата Балканска војна и ВВ2, за да следи и граѓанската војна во Грција(1945-1948) и геноцидот во Егејска Македонија. Во период од едвај 80-тина години има еден куп борби на македонскиот народ за ослободување на овие територии и стекнување на независност, за на крајот тоа само делумно да се случи во Вардарскиот дел на Македонија со околу 100.000 партизани и 20К жртви. Ако македонците не се бореле и крвавеле за Македонија, никој друг не крвавел. А посебно не хрватите, кои во овој период не писнале и само се прешалтувале од една на друга победничка страна, слично на бугарите.
И тоа во дијаспората се 90% усташи инфилтрирани од западни служби за да прават зулуми, т.е. фашистичка багра која убила над 200К недолжни во Јасеновац(претежно срби) и нема тука нешто светло и патриотски за да се спомене, а знаејќи ја нивната структура и поимање на хрватството(т.е. лижење газови на германците и давање делови од територија со претежно хрватско население на италијаните за лична корист т.е. власт).
Сите востанија што ги набројуваш се по ист терк: ми текнало на некој да крева востание и лета ли магарето, лета. Во Балканските војни Македонците се мобилизирани, не се бореле за Македонија.
Бугарите и Хрватите имаат држави со сите нишани уште во 19.век, 1903 кај нас е црешово топче, тие имаат дискусии во кафеаните како во Виена.
 
Последно уредено:

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.494
Поени од реакции
1.875
[/QUOTE]
Што збораш бе, кои патриоти? Оние што се депилираат и бараат вегански крем за раце? Не ме смеј! :pos:
Автоматски споено мислење:

Сите востанија што ги набројуваш се по ист терк: ми текнало на некој да крева востание и лета ли магарето, лета. Во Балканските војни Македонците се мобилизирани, не се бореле за Македонија.
Бугарите и Хрватите имаат држави со сите нишани уште во 19.век, 1903 кај нас е црешово топче, тие имаат дискусии во кафеаните како во Виена.
Бона,невозвратената лубов од лице од Блиски Исток оставила на тебе тешки последици по менталното здравје.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.268
Поени од реакции
84.374
Бугарите и Хрватите имаат држави со сите нишани уште во 19.век, 1903 кај нас е црешово топче
Пред Втора Светска, Хрватите немале држава.
На која хрватска држава од XIX век мислиш?
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Што истресила па оваа глупачава. Држава на хрватите во 19-ти век. :pos:
Не ми е јасно чим толку го мразиш својот народ и си анационална и широкогледа особа зошто и од Западна Европа дискутираш со вакви подлуѓе како нас, а посебно за теми кои ти се небитни, како нашата историја? Нели од петни жили тврдиш дека оваа стока не те интересира, уште помалку некоја си историја?
Терај си таму слободоумен живот и дружи се со црнците и арапите, остави не нас кутрите кои сакаме малку од малку да се потсетиме на нашите претци.
Хрватска држава во 19-ти век рече. :pos::pos::pos:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421
Сите востанија што ги набројуваш се по ист терк: ми текнало на некој да крева востание и лета ли магарето, лета. Во Балканските војни Македонците се мобилизирани, не се бореле за Македонија.
Бугарите и Хрватите имаат држави со сите нишани уште во 19.век, 1903 кај нас е црешово топче, тие имаат дискусии во кафеаните како во Виена.
Историја 6то одделение. Сите оформени како продолжена рака на некоја од светските сили..

The formal independence of the country was internationally recognised at the Congress of Berlin in 1878, which ended the Russo-Turkish War;

The Treaty of San Stefano was signed on 3 March 1878 by Russia and the Ottoman Empire. It was to set up an autonomous Bulgarian principality spanning Moesia, Macedonia and Thrace, roughly on the territories of the Second Bulgarian Empire,[75][76] and this day is now a public holiday called National Liberation Day.[77] The other Great Powers immediately rejected the treaty out of fear that such a large country in the Balkans might threaten their interests. It was superseded by the Treaty of Berlin, signed on 13 July. It provided for a much smaller state, the Principality of Bulgaria,

In April 1941, Yugoslavia was occupied by Germany and Italy. Following the invasion of the territory, parts of Croatia, Bosnia and Herzegovina, and the region of Syrmia were incorporated into the Independent State of Croatia (NDH), a Nazi-backed puppet state.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Пред Втора Светска, Хрватите немале држава.
На која хрватска држава од XIX век мислиш?
Имале, 10-12 век кралство Хрватска. После тоа до НДХ немаат своја држава.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Имале, 10-12 век кралство Хрватска. После тоа до НДХ немаат своја држава.
НДХ уствари не била ни држава,како протекторат поише опстојувала.Да имале сила за држава Хрватите,уопште немало со Словенците заедно да влагаат у Југославија
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
580
Поени од реакции
1.359
Разловечко, Кресненско, Илинденско, дебарско-охридско, тиквешко востание, па потоа следи првата Балканска војна и ВВ2, за да следи и граѓанската војна во Грција(1945-1948) и геноцидот во Егејска Македонија. Во период од едвај 80-тина години има еден куп борби на македонскиот народ за ослободување на овие територии и стекнување на независност, за на крајот тоа само делумно да се случи во Вардарскиот дел на Македонија со околу 100.000 партизани и 20К жртви. Ако македонците не се бореле и крвавеле за Македонија, никој друг не крвавел. А посебно не хрватите, кои во овој период не писнале и само се прешалтувале од една на друга победничка страна, слично на бугарите.
И тоа во дијаспората се 90% усташи инфилтрирани од западни служби за да прават зулуми, т.е. фашистичка багра која убила над 200К недолжни во Јасеновац(претежно срби) и нема тука нешто светло и патриотски за да се спомене, а знаејќи ја нивната структура и поимање на хрватството(т.е. лижење газови на германците и давање делови од територија со претежно хрватско население на италијаните за лична корист т.е. власт).
Не ми е намера да ги минимилизирам борбите на Македонците, пак ќе кажам, мене ми смета тоа релативизирање. Јас ти зборував за времето каде Хрватска и Македонија се во иста држава (и според тоа во споредливи услови),10-20 години пред распаѓањето на таа држава, ти зборуваш за Разловачко востание. Факт е дека речиси цела Хрватска диаспора беше изразита антијугословенска, факт е дека кај нас то не беше. Тие го имаа и Маспок во седумдесетите, кај нас се до самиот крвав крај, 90% од народот беа за очувување на Југославија во какква таква форма.
Патем, во 19 век немаат држава ама имаат автономија, со бан, парламент, војска итн.
 
Имаа многу такви здруженија, зашто претходно беа на другата страна во војната. Исто така и заради тоа што и црквата, која им е силна институција и поддржана од Ватикан имаше голем удел во НДХ на чело со таа будала Степинац. Нормално е тие елементи, а посебно после Блајбург да држат силна струја и ресурси. Кај нас од друга страна вековниот сон се остварува, а бугарашите на Иван Михајлов се без поддршка од народот.
И зошто критериум за патриотизам ти е дали дијаспората се борела за отцепување од Југославија? Ништо не и фалеше на Југославија, напротив државата имаше колку толку збор во Светот, за разлика од сега кога сосе гаќи се продадени државите, а хрватите и острови почнаа да им продаваат на германците.
Нејсе, долга и широка е темава, а и немаме многу допирни точки со хрватите. Едвај 7 децении живееме во иста држава, а историски тоа е ништо, така што некакви паралели со нив е тешко да се подвлекуваат. Секој народ е со својата мака.
Иако тука би подвлекол дека за нашето заостанување во однос на соседите се исклучиво виновни не националното освестување туку надворешниот фактор. Австрија ја ослободува Србија, русите ја ослободуваат Бугарија, додека грците имаат огромна британска помош. Народчиња од по 2 милиона житела би биле збришани како ние што бевме во востанијата без зад нив да стои јака сила. Кај бугарите е тоа дотолку повеќе драматично што речиси и да немаат нивна војска, а голем дел од православците кои се борат во руско-турската војна всушност се на страната на турците. Самата Бугарија е всушност после 1878 протекторат на Русија, а не самостојна држава, а и самата војна е официјално насловена како руско-турска, а не бугарско-турска. Русите им создаваат јазик, издејствувале самојстојна црква со лобирање во Цариград и го формираат проектот санстефанска Бугарија, а и целата мрежа на егзархиски цркви во Македонија. Секој камен што го имаат бугарите на своја територија е руска заслуга.
Од друга страна ние влегуваме во еден тежок процес на црковни пропаганди од патријаршија, егзархија и малку потоа српската црква, а без никој да застане кај нас. Има некои обиди за унијатство во кукушко, каде што се отвораат неколку црковни училишта на македонски јазик(таму се школувал Гоце Делчев, а можно е да бил и унијат иако нема точен извор каде што се потврдува истото) и потоа во скопско, но се брутално задушувани од егзархијата и патријаршијата.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.268
Поени од реакции
84.374
Имале, 10-12 век кралство Хрватска. После тоа до НДХ немаат своја држава.
Средновековни држави имало многу тука. Самоилово царство кај нас и тн.
Но, она не ни збореше за тоа, туку за хрватската држава со сите нишани од XIX век. Премисата ваљда и беше дека, ете Хрватите се држава, они имале држава уште и у деветнаести, со сите нишани. А всушност Хрватите имаат држава со сите нишани, исто откога и ние. (НДХ баш и не е држава со сите нишани)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864

Независна држава баш не, но она што го имавме ние од 44-та во рамките на СФРЈ, на некој начин го имале они во 19 век во рамките на Хасбурговото царство. И будалесто се залетаа, гледано од оваа дистанца, да прават сојузи и држава со србите.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.268
Поени од реакции
84.374
Независна држава баш не, но она што го имавме ние од 44-та во рамките на СФРЈ, на некој начин го имале они во 19 век во рамките на Хасбурговото царство.
не би се сложил
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom