Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
некој не прават разлика, некој не се срби без разлика како завршува презимето, имам другар што носи презиме на иќ ама не е србин, да не одам подалеку, баба ми по мајкина линија носеше презиме на иќ, не знаеше два збора српски.
Свесен си колку има на ски презиме што не се македонци?
 
Така е. Сфаќаш ли сега колку ние сме биле за никаде, штом ни за продолжена рака неикој не не земал? И сфаќаш ли колку ситуацијата и денес е иста?
Аха, сфаќам само дека не сме сервилен народ. Прв и единствен услов да те земе тебе како бесно куче една империја е да си сервилен... Колку и да ти се чини поинаку, тоа е опортунистички чекор.. . Западот, во Сан Стефано, не видел опасност од создавање на Вулгарија, туку од ширење на Русија...

Знам дека за тебе е полесна сервилноста, тие со коишто го делиш ставот до вчера дркаа на СССР и СФРЈ(не сум против концептот на СФРЈ), за преку ноќ да метаморфираат во најголеми апологети на евроатлснтизмот.... Но за среќа народот, глуп, ваков таков и покрај страшната пропаганда што се врши на него, ја препознава правата страна на Историјата. Можеби по цена на самоуништување, но едноставно ја тера таа патека...

Сме имале во историјата една кратка можност да добиеме "независна" држава, слична како НДХ, но едноставно немало апсолутно никаква подршка, што дури и идејата траела само неколку дена.

Колку и да се срамиш и да плукаш врз својот народ, претпоставувам поаѓаш од себеси и твојот мајндсет... ти не си репер за овој народ, ти си едната од многуте изгубени души на овој народ... Таквите ги има во секој народ. ... тие се најслабата карика на еден народ. И кога еден народ има тешки моменти, таквите излегуваат на површина.... Но тие кај нас за среќа се малцинство.... Народот можеби е збунет, преокупиран со помодарство и егзистенцијални проблеми, уплашен.... но не е како тебе....
 
Исто колку и овие на иќ што мислат дека не се срби, инаку не е до презимето туку како се чуствуваш.
Не. Нема многумина кои не се чувствуваат како Македонци а се презиваат на -евски или -овски (надвор од Власите и оние кои мислат дека се по потекло Албанци/православни)
 
Исто колку и овие на иќ што мислат дека не се срби, инаку не е до презимето туку како се чуствуваш.

Знаеш колку луѓе се презивале на иќ ради што морале?
 
Оној Мерсел Биљали вика ДУИ ги тероризирале Албанците у текот на нивното задолжително владеење овие дваес години. А Македонците дозволувале тоа да се дешава, за Албанците да се иселеле.

(у секој израз, у секој збор, од реченицава има невистина)
 
Последно уредено:
@Beric Dondarrion До некаде е право , оваа држава дефакто е федерација нашите СДСМ/ДПМНЕ ги тероризират нашиве а ДУИ нивните. Ние не чепкаме у нивна управа а они ни се качуват на наша глава оти и се може и за курчење.

Битката е да може и они да грабат од колачот за тендери и крадење, исто срање се ...од иста страна сме обичниот народ ама никако да да се освестиме и едните и другите.

До дека нема лежење за криминал на Зајко, Аљи, Груевски исти гомна од луѓе вака ке си продолжи.
 
Не. Нема многумина кои не се чувствуваат како Македонци а се презиваат на -евски или -овски (надвор од Власите и оние кои мислат дека се по потекло Албанци/православни)
Голема грешка си, веројатно затоа што не се движиш во таков круг ба луѓе.
Автоматски споено мислење:

Знаеш колку луѓе се презивале на иќ ради што морале?
Знаше колку морале во комунизмот од 45’ на даље да мењаат презиме кд иќ на ски?
Сто луѓе знам што уште чуваат документи од нивни дедовци со иќ, за да таткото бидне на ски.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
@Beric Dondarrion До некаде е право , оваа држава дефакто е федерација нашите СДСМ/ДПМНЕ ги тероризират нашиве а ДУИ нивните. Ние не чепкаме у нивна управа а они ни се качуват на наша глава оти и се може и за курчење.

Битката е да може и они да грабат од колачот за тендери и крадење, исто срање се ...од иста страна сме обичниот народ ама никако да да се освестиме и едните и другите.

До дека нема лежење за криминал на Зајко, Аљи, Груевски исти гомна од луѓе вака ке си продолжи.

Добро утро :)

Сите национални држави се формирани за одредена група ( 10 фамилии ) си ги стави овците во трло и си ги стрижат.

Така е и кај албанците во Македонија.

На Балканците им е исклучително битно негов човек да го владее и да го стрижи :D
 
Исто колку и овие на иќ што мислат дека не се срби
Они така мислат ама џабе, се зезнале, пикса знае дека се срби без разлика на се чим презимето им е на ќ, лол.
 
Во врска со презимината, многу Македонците во 19 век немале ски или ов на крајот од презимето.

Тоа е вештачки наметнато во 20 век, -иќ, па -ов, па -ски.
 
Во врска со презимината, многу Македонците во 19 век немале ски или ов на крајот од презимето.

Тоа е вештачки наметнато во 20 век, -иќ, па -ов, па -ски.
За време на СХС насилно се менувале -ски презимиња во -ич со формирање на скроз ново презиме најчесто од името на дедото од фамилијата.

Дел од овие присилно сменати подоцна во ФНРЈ имале потешкотии да си ги вратат а некои се плашеле воопшто и да побараат
 
Во врска со презимината, многу Македонците во 19 век немале ски или ов на крајот од презимето.

Тоа е вештачки наметнато во 20 век, -иќ, па -ов, па -ски.
Ов и ев - имале. Ја ќе ти најдам еден куп на ов или ев од XIX или порано. Ти колку ќе ми најдеш на -овски или -евски?
 
Знаше колку морале во комунизмот од 45’ на даље да мењаат презиме кд иќ на ски?
Сто луѓе знам што уште чуваат документи од нивни дедовци со иќ, за да таткото бидне на ски.
Тоа што нивните дедовци се презивале на иќ не значи ништо. Моите дедовци на неколку години го менувале презимето од иќ на ов и назад, во зависност како се менувала границата, а кај нас била нестабилна сè до 1945 година.
Инаку знам дека некои села после 1945 година сакале да бидат во состав на Србија, ама со ќотек ги премислиле. После осамостојувањето имаше луѓе кои велеа дека се Срби, ама нивните деца не сакаа да слушнат за тоа. На крај доаѓаме до ист заклучок, битно е кој како се чувствува, презимето не е важно.
Автоматски споено мислење:

За време на СХС насилно се менувале -ски презимиња во -ич со формирање на скроз ново презиме најчесто од името на дедото од фамилијата.

Дел од овие присилно сменати подоцна во ФНРЈ имале потешкотии да си ги вратат а некои се плашеле воопшто и да побараат
Кај нас не само што немале потешкотии, туку апсолутно сите се пишани на ски. Сакале, не сакале, никој не ги прашувал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom