- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 31.128
- Поени од реакции
- 75.067
За човек што не се плаши, некако многу загрижен изгледаш, сто испитувања направи откако прележа.Јас само да проверам дали сме испоумреле како што се очекуваше?
Инаку,денеска одам во една лабараторија да направам крвна слика и ми вели дечко маска стави и јас културноја вадам од рака ија ставам на фаца и што ѓавол ме тераше да им кажувам дека сум го поминал вирусот, кога ги фати паника одма маски, визири, ракавици, ми кажа да седам во друга просторија како лепрозен да сум, тритте сестри прават муавет како да го изведат земањето на крв јас седам и се крстам... па матер му ебем медицински лица сте работите во здравствена установа треба да знаете дека некој ако прележи вирус има антитела мислам во 5 одделение по биологија се учи, на што ова им го кажувам вика абе да дечко ама кој го знае, искрено смешни ми беа.
Муабетот ми е, паника што прави кога здравстевни работници незнаат што прават, замисли како ли се однесувале оние во почетокот кога ке им дојде некој да им се накашла.
Една ми вели маска обавезно ради тебе, сега имунитетот ти е паднат може обична настинка да те бутне, викам уреду е.
Ало Миливоје, србендо кумановска, не сфаќам како не можеш да сфатиш со таа глава дека луѓе умираат. Не знаеш какво здравје имаат тие вработени, дали живеат со стари родители, дали имаат мали деца, нормално е да се испаничат кога некој што тазе прележал вирус им влегол со маска на рака.
Едно е да мислиш дека вирусот е како сезонски грип, друго е да им се пресмеваш на други луѓе дека се испаничиле во дадената ситуација. Луѓе умираат од вирусот, оние возрасни бројки кои ги гледаме секој ден се години на нечии мажи, жени, мајки, татковци, деца итн. Да, шансата е мала, но постои и возраста на починатите е застрашувачка во споредба со другите држави.
@santelli @Ilumious мислам дека е најдобро уште една тема да се отвори, за теории на заговор, антиваксери, негатори, џаболебари што си вртат интересни филмчиња со реплики и слична багра. Ја отруја темава човече, при очи слепи ќе не прават. Едно е да кроиме теории на заговор дали некој го пуштил вирусот со некаква намера, друго е да се правиме слепи дека не умираат луѓе, дека ништо не функционира во ниедна држава и седиме со затворени граници.