Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.775
Поени од реакции
10.079
Колку сака нека е. Каде каде е повеќе потребен од Грилиш. Неможе Матич да ја игра цела сезона на таа позиција.
Исто мислење делиме за холдинг мидфилдер ама тешко ќе биде оваа лето освен ако не начекаат нешто поевтино.
П.С. Вилфред Ндиди е исто опција многу добра.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Дечки 20 пати е потенцирано дека сите клубови се соочени со финансиски удар, за Санчо се натегаат за 20 милиони вие упорно се фаќате за поквалитетните фудбалери од Премиер Лигата (Невеш, Ндиди).. Не дека мене не ми прават мерак ама тешко малце, овие имиња никаде ги немам прочитано во конекција со нас а и сигурно Оле не е со блага ретардација да не увиди дека се квалитетни. Лестер знаете како продава а за фудбалер од Волвс рачунајте и на Мендеш треба да му се фрлат 10 милиони како ништо.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.775
Поени од реакции
10.079
Абе мене ми е јасно дека нема да има пари да се потполнат сите дупки зборт е ако фрлат пари на Грилиш може да гледаат надовор од Англија што мора у Англија да купуваат има многу квалитетни играчи и нема да коштаат толку ма да и офанзивен мидфилдер ни треба плус парите за Бруно се од овој трансфер период така да Санчо и уште еден до двајца ако продадеме од дрвата на клупа.
Инаку на Хенерсон ќе се нуди нов договор со значително поголема плата .
 
Последно уредено:
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.759
Поени од реакции
9.539
Санчо е приоритет и мислам дека имаме шанса да го ангажираме летово со пласманов во ЛШ. За среќа нема други заинтересирани кои можат да направат проблем. Чонг можеме да го искористиме во договорот...

Од ова што гледам, нашиве сакаат стопер до 40м евра и затоа гледаат опции како Аке, Габриел од Лил и Торес од Виљареал. Првиов го имам гледано и мислам дека со испаѓањето на Борнмут ќе може да ја доспуштиме цената. Искусен е во ПЛ, има брзина и според мене е најпосакувана опција. За другиве двајца не знам што да коментирам кога не ги имам гледано доволно. Мислам дека Аке би бил подобра опција од Линделоф зошто е подиректен играч и побрз. Со продажба на Џонс, Рохо и Смолинг може и да го покриеме во целост Аке. Остануваме потоа со опции во Мегваер, Аке?, Линделоф, Баји, Туанзебе и Менги. Солидна одбрна според мене.

Исто го делам мислењето за Тиаго дека доколку цената е 30м е исплатлив ризик (за повредите мислам ризик) зошто за цела средина е доктор во отпочнување на градење на акции, диктирање темпо. Техничар, визионер, искуство...Еден Гундоган кој беше склон на повреди имаше каков таков импакт во Сити, за Тиаго кој мислам дека е поздрав не треба да се сомневаме толку.

Сеуште стојам на ставот за продажба и на Санчез и Лингард. Тука го редам и Переира иако не знам што се толку нашиве трпеливи со него. Да успееме од нив 40м да собереме ќе биде одлично, а може и нешто повеќе.

Мора да разгледуваме опции за позајмица со можност за откуп и така би ја зголемиле конкуренцијата на тимот. Мора солидна замена за Бруно, Рашфорд... плус со ЛШ ќе мора сериозна и квалитетна ротација за да не заостануваме ни во ПЛ ни во ЛШ...Ете ги Кутињо, Хамес, Коман, Дракслер...Сигурно дека би биле подобри алтернативи од Лингард, Мата или Переира.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.774
Поени од реакции
43.978
^ Сити веќе се договориле со Борнмут за Аке.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.775
Поени од реакции
10.079
И јас читав Сити е заинтересирам за Аке.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.554
Поени од реакции
8.142
Само што прочитав :( 43м евра според Романо
Типот е во најлоши 10 играчи за добиени воздушни дуели во лига.Малце ни е Линделоф, па уште еден ваков телетабис ни фалеше :)

Едит: Линделоф има 61% на успешност во воздушни дуели, Аке има 53%.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Имат пари и мора да пазарат...
Автоматски споено мислење:

Имат пари и мора да пазарат...
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.759
Поени од реакции
9.539
Типот е во најлоши 10 играчи за добиени воздушни дуели во лига.Малце ни е Линделоф, па уште еден ваков телетабис ни фалеше :)

Едит: Линделоф има 61% на успешност во воздушни дуели, Аке има 53%.
И пред некоја страна пишав дека Аке не е светска класа стопер, но според мене има многу поголеми квалитети од Линделоф. Статистиката што ја користиш како адут не ми значи ништо кога од секој меч можам да ти набројам низа грешки од Линделоф во поглед на лошо позиционирање, доцно интернвенирање, неконстантност...итн.

Кога би се прашувал јас би одел на Упамекано од Лајпциг зошто ги има оние адути кои недостасуваат за да имаме добар пар со Мегваер.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.554
Поени од реакции
8.142
И пред некоја страна пишав дека Аке не е светска класа стопер, но според мене има многу поголеми квалитети од Линделоф. Статистиката што ја користиш како адут не ми значи ништо кога од секој меч можам да ти набројам низа грешки од Линделоф во поглед на лошо позиционирање, доцно интернвенирање, неконстантност...итн.

Кога би се прашувал јас би одел на Упамекано од Лајпциг зошто ги има оние адути кои недостасуваат за да имаме добар пар со Мегваер.
Линделоф подолго време има проблем со кичмата, веројатно тоа му прави проблем да игра како што треба.На моменти сезонава беше одличен, како на пример прошлата со Лестер.Дека оваа сезона не е на посакувано ниво е факт, но главен проблем кај него е слабост во воздушни дуели (од неговите квалитети). Позиционирање се учи полесно, а и не личи на малоумен тип.

Не ми е поентата да го бранам, ама не сум сигурен дека Аке би бил решението на проблемите во оваа одбрана па уште за 40 милиони.Исто сметам дека во клуб од ваков калибар не треба да се чекаат поединци да созреат за да не биде.Или ќе кренат ниво, ќе се посветат и потрудат максимално или чао пријатно.
 
Линделоф според мене не е првотимски материјал за Јунајтед. За ротација е измислен, ама како првотимец не. И еден тандем во дефанзива треба да имаат адути кои се надополнуваат еден со друг играч. Линделоф не е компактен партнер за Мегваер според мене. На Мегваер му треба партнер од типот на Баји кој што има брзина и ќе чисти. Штета што Баји не е константен, нема мозок и е склон на повреди па не можеме да се ослониме на него.

Инаку Аке го фаворизирав во избор од овие тројца затоа што има ПЛ искуство, брзина и полесно ќе се вклопи. Не е луд Пеп што веднаш го носи.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Мора да разгледуваме опции за позајмица со можност за откуп и така би ја зголемиле конкуренцијата на тимот. Мора солидна замена за Бруно, Рашфорд... плус со ЛШ ќе мора сериозна и квалитетна ротација за да не заостануваме ни во ПЛ ни во ЛШ...Ете ги Кутињо, Хамес, Коман, Дракслер...Сигурно дека би биле подобри алтернативи од Лингард, Мата или Переира.
Хамес, отпадот од Реал, одлична идеја. Играч кој не е доволно добар во апсолутно ништо.

Кутињо? Кутињо бе?
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.759
Поени од реакции
9.539
Хамес, отпадот од Реал, одлична идеја. Играч кој не е доволно добар во апсолутно ништо.

Кутињо? Кутињо бе?
Позајмица да пополнат дупка за ротација. Бруно ќе издиши во ПЛ и ЛШ. Без него ќе се крстиме во месијата Переира...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom