На село секогаш се наоѓа работа. Можам да зборувам за тутунопроизводството, по што живеам во таков крај и имаме работено семејно неколку години на помала површина.
Се станува обично кај 4 саат наутро. Сега се бери и се нижи таму, директ на нива со машина за нижење тутун, не како порано на игла. Целиот процес трае од 5-6 часа, до кај 9-10 часот си дома. После се бесат низите во сушара, во скелиња со најлон покриени. Замисли ако надвор е +40 колку е под сушара, исто како во сауна, ќе излезеш надвор како од под туш
. Е сега, на село обично имаат и бавчи, жнеење на житни култури, некои чуваат и стока. Имаш работа и околу тоа кога ќе се вратиш. После од 4 после пладне пак на нива, на берење до кај 7-8 додека не зајде сонцето.
Овој летен период, три месеци на село се работи турбо. После зимскиот период е порелаксирано.
Инаку приказната дека сме земјоделска држава веќе е мит. Оваа држава го уништи земјоделието тоталка.