Партнерот ми е од село, што да правам?

Каде живеете?

  • Град

    Гласови: 322 78,5%
  • Село

    Гласови: 88 21,5%

  • Вкупно гласачи
    410

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
.Taa priroda, sloboda, vozduh sto gi imas na selo, vo grad mozes da sanjas u stance od 45 kvadrata.
Луѓето се учат на се....ако се родат у затвор го сакаат затворот. Затоа сите болести во умот.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Реално да збориме нема услови нашето село да конкурира и на живот во град во 45м2. Да не се занасаме на кривини. Не сме ние запад, па и таму каде како.
И таму( запад) каде доходот во село оди до некои 800К до милион, деците бираат да одат во град! И таму е ситуацијата тато носи мама меси , додека трае они се строго во урбана средина. Има исклучоци кои не успеале да се отргнат на пресијата на родителите, ама галеничињата се сите во град :D
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064

Па реално, милионерите и аристократијата живеат на село, ама и во град, си имаат станови. Јас така сакам да го замислувам живеењето на планина и во Скопје, на пример, па ми е супер :D
 
M

Macedon1um

Гостин
Реално да збориме нема услови нашето село да конкурира и на живот во град во 45м2. Да не се занасаме на кривини. Не сме ние запад, па и таму каде како.
И таму( запад) каде доходот во село оди до некои 800К до милион, деците бираат да одат во град! И таму е ситуацијата тато носи мама меси , додека трае они се строго во урбана средина. Има исклучоци кои не успеале да се отргнат на пресијата на родителите, ама галеничињата се сите во град :D
Реално да збориме кои услови ги нема во нашите села ? Не зборам за села народски кажано богу иза леџа туку овие во близина на градовите. Единствено и голема мана им е што ако си фамилијарен човек со мали деца нон стоп ќе треба да си на релација град-село и да изиграваш шофер се друго имаш..

Тоа на запад дека бегаат и покрај огромни приходи е точно, ама пр Америка таму се фарми огромни по 1000-2000 хектари и во близина имаш само куќа-две па затоа. Сосем др е ситуацијата во Италија каде што огромен дел стануваат да живеат на село, имаат фарми со огромна традицијја, добар стандард итн
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Само ќе речам дека додека некој во град се фрустрира оти годинава не можел да отиде на одмор во Грчка или каде било заради ситуацијава со вирусот, на друг на село му чади глаата летово. Замислете деновиве се најавува афрички топлотен бран, лекарите викаат да се седи дома заради висок УВ индекс, и сега на тие температури некој земјоделец, сточар на село работи турбо.
Имав една професорка во средно, нон стоп се жалеше колку и е тешка работата, поарно со земјоделие ќе се занимавала. Станува едно селско детуле и вели: - Професорке за летово ни требаат аргати за тутун берење, ако ви е толку мерак повелете, пат, јадење од нас е платено. Ја матира брзопотезно :pos:
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610

Кај нас е лошо што стана „срамота“ да се биде земјоделец, да имаш фарма и слично. Имам доста познаници што се баш Селски деца и се луѓе со огромно срце и луѓе на место. Многу луѓе не сфаќаат колку „стана“ кошта една фарма или пак колку „стана“ вади една нива... Ако некој ги има греота е да не ги користи до максимум.

Се работи во ладовина, сабајле од 4 и пол 5 до кај 9-10 најкасно. Или вечер од 18-19 до кај 21.00. Никој селанец, земјоделец итн не ти работи во 13:00 на најголемто сонце. Ние што работиме низ град работиме на +50 степени со угреан бетон. :) Не сум земјоделец, еве годинава пошто у куќа, мала бавчичка иаме насадено, додуша моите поише за мерак си ја „работат“. Секогаш и се наводнува и се поткопува-бере кога нема сонце а има дневна светлина. Да знам дека не е исто ко да имаш хектари земја ама со хектари земја/пластеници си иде и инфраструктура што ти ја олеснува работата. У превод тоа ти е бизнис и од тоа вадиш за живот, па и вложуваш многу повеќе од јас на пример што вложувам за 30тина корени така ? :) Баш пошто иам доста познаници што се од село, знам и доста муабети што и како иде, барем кај нив. Имам другар со 6 месеци работа што зима над 20 000 евра. Плус си работи другите 6 месеци од курташак. 10 000 да ги вложува 10 000 чисти му искачаат на него. Тоа ти се солидни примиња за една фамилија. Е сеа ќе се помачиш малце, ама си вреди маката.
 
Ќе се промени тоа мислење со времето, за десетина години кога сегашниве “стари“ земјоделци ќе заминат во пензија и ќе нема многу млади земјоделци ќе видат градските како ќе плаќаат земјоделски производи со Европски цени а Македонски плати ;) тогаш сите ќе сакаат по некој пријател земјоделец, или човек од село
 
На село секогаш се наоѓа работа. Можам да зборувам за тутунопроизводството, по што живеам во таков крај и имаме работено семејно неколку години на помала површина.
Се станува обично кај 4 саат наутро. Сега се бери и се нижи таму, директ на нива со машина за нижење тутун, не како порано на игла. Целиот процес трае од 5-6 часа, до кај 9-10 часот си дома. После се бесат низите во сушара, во скелиња со најлон покриени. Замисли ако надвор е +40 колку е под сушара, исто како во сауна, ќе излезеш надвор како од под туш :D. Е сега, на село обично имаат и бавчи, жнеење на житни култури, некои чуваат и стока. Имаш работа и околу тоа кога ќе се вратиш. После од 4 после пладне пак на нива, на берење до кај 7-8 додека не зајде сонцето.

Овој летен период, три месеци на село се работи турбо. После зимскиот период е порелаксирано.
Инаку приказната дека сме земјоделска држава веќе е мит. Оваа држава го уништи земјоделието тоталка.
 
M

Macedon1um

Гостин
Кога сме веќе кај тутунот порано се садеше на шило, се копаше на рака, се нижеше на рака сега овие три се механизирани и работата е олеснета. Иако нема збор дека мора и треба да биде уште повеќе платена, во Турција на пример ситнолисниот тутун што се произведува им го плаќаат 7е по кг а кај нас 5е макс со субвенции

Е сега, на село обично имаат и бавчи, жнеење на житни култури, некои чуваат и стока. Имаш работа и околу тоа кога ќе се вратиш. После од 4 после пладне пак на нива, на берење до кај 7-8 додека не зајде сонцето.
Јас живеам во град ама имам куќа на село, и не е веќе селото тоа што беше порано..
Стока скоро и да нема сега, житните култури се на етапи и брзо се завршуваат а некој ни корен патлиџан немаат по дворовите :D
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
На село секогаш се наоѓа работа. Можам да зборувам за тутунопроизводството, по што живеам во таков крај и имаме работено семејно неколку години на помала површина.
Се станува обично кај 4 саат наутро. Сега се бери и се нижи таму, директ на нива со машина за нижење тутун, не како порано на игла. Целиот процес трае од 5-6 часа, до кај 9-10 часот си дома. После се бесат низите во сушара, во скелиња со најлон покриени. Замисли ако надвор е +40 колку е под сушара, исто како во сауна, ќе излезеш надвор како од под туш :D. Е сега, на село обично имаат и бавчи, жнеење на житни култури, некои чуваат и стока. Имаш работа и околу тоа кога ќе се вратиш. После од 4 после пладне пак на нива, на берење до кај 7-8 додека не зајде сонцето.

Овој летен период, три месеци на село се работи турбо. После зимскиот период е порелаксирано.
Инаку приказната дека сме земјоделска држава веќе е мит. Оваа држава го уништи земјоделието тоталка.
За тутун искраено не знам.
Знам дека на село има доста работа цело време. Самиот живот во куќа со дворче си влече работа константно а не пак на село да си со добиток или нива/пластеник.
Поентата ми е дека доста пари се вадат од земјоделие и сточарство. За тутун реално не знам као точно и што се работи ама луѓе викаат дека добра пара и од тоа се зимало, само не знам детали и слично :)

Ќе се промени тоа мислење со времето, за десетина години кога сегашниве “стари“ земјоделци ќе заминат во пензија и ќе нема многу млади земјоделци ќе видат градските како ќе плаќаат земјоделски производи со Европски цени а Македонски плати ;) тогаш сите ќе сакаат по некој пријател земјоделец, или човек од село
Може ти текнуе на муабети од цс, многу од помладите (како мене) размислуваат се повеќе и повеќе за тие „алтернативни“ начини за заработка. Буквално се случува градски деца да си идат на „периферија“ и да си почнат по нешто сопствено а не да ринтаат за 250 евра плата... Само проблемот е што многу пари требаат за да се почне... Мене барем тоа ме кочи моментално. Инако идеи и начини за чесно убаво да си заработуваш има... :) Пак ќе кажам, иднината на младиве е или преку граница или „у њиву“ :D
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Па нема јас да ја јадам, не би можела животно што го имам да го јадам после, и ако треба да заколам животно, од глад ќе умрам побрзо ... ќе се најде некој да го купи за месо ... туку зарастено е полето, овде никој не чува кози, ќе ги замолев да ги носат на пасење во тоа поле - веројатно идејава не ми е реална, не знам, ама не е за заработување
Перфектен план, ако ги заколат други немаш гајле....
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
За тутун искраено не знам.
Знам дека на село има доста работа цело време. Самиот живот во куќа со дворче си влече работа константно а не пак на село да си со добиток или нива/пластеник.
Поентата ми е дека доста пари се вадат од земјоделие и сточарство. За тутун реално не знам као точно и што се работи ама луѓе викаат дека добра пара и од тоа се зимало, само не знам детали и слично :)
Прв пат кога се воведоа субвенциите за тутун многу луѓе се излажаа и насадија доста површина. Некои земаа и наемни работници, со субвенциите ним ги плаќаа а остатокот беше профит. Годиниве наназад се помалку се работи. Генерациите од Југославија полека стареат, младите си одат. Има доста работа, доста вложување. Трошоците за живот континуирано растат, цената на тутунот горе долу не се смена значајно за да го прати ваквиот тренд. Субвенционирањето ти е чист популизам. Земјоделецот бара реална откупна цена, зголемување на откупните класи. Се е тоа бизнис врз негов грб. Има доста да се пишува на оваа тема. Може да се преживее од земјоделие, ама да се преживее, да се живее лагодно се потешко и потешко. Зборам за обичниот земјоделец.
Условите за живот по селата се пак сосема друга приказна.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Не мислам баш на македонскиве села, но и животот на село може да има своја убавина. Може да биде особено атрактивна за постарите, посебно за свежо пензионираните и поздрави луѓе, кои сакаат мир и да се занимаваат со нешто. Доволно земја околу куќата за да се задоволат некои од сопствените прехранбени потреби, по некое живинче, добра комуникација и близина до некој град и ете ви сељачка идила.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
посебно за свежо пензионираните и поздрави луѓе, кои сакаат мир и да се занимаваат со нешто
Еден куп мои пријатели фантазираат дека кога ќе се пензионираат ќе си купат имот и куќа на село и ќе се занимаваат релаксирано со земјоделство, на пример. Тие сега, помлади, не би издржале да прекопаат еден декар, или наведнати саат-два да ги собираат пиперките, не па после 10-15 години, колку и да се витални и здрави ... Ми се чини дека таа идеја е илузија: во пензија да се оди на село заради земјоделство.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom