Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.231
Поени од реакции
666
Која комбинација е подобра? Да гледаш интервју на Апасиев со ракија и салата или пиво и некое помрсно мезе? За другар прашувам.
Ќути, како тргнала работава на екран нема да го видиме. Све да се изнесе на маса.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.647
Поени од реакции
22.380
Smesno e kako SDS-kite botovi se frlija kon Apasie i kako kupil stan. Pa postavuvaat slika od zgradata visokokatnica sto 200 stanovi a pored napadite cinis deka se raboti za loft srede New York vo vrednost od nekolku milioni. Tuku ne bi bilo loso za sporedba da se vidi vo koi uslovi (kukji/stanovi) ziveat drugite pratenici primer od SDS i da sporedime.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Сигурно ќе го напнат левица/десница, национализам, албанофобија итн, може слободно да праша, колку Македонци имало пред 2001 во предоминантно албански етнички средини, и колку има сега, и обратно, колку Албанци имало во предоминатно македонски етнички средини пред и по 2001, чисто за споредба може да ги земат Битола и Тетово.
Исто може да праша како тоа Сириза како левичарска партија не отстапи од грчкиот национализам, дури се погрижи да се избрише бројното словенско малцинство во Северниот дел на Грција, егзодусот на истото за време на Граѓанската војна итн.
Две тези и да ги од*би ова graxanite heroi i eno opsesvo zasite мруславењето.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Така како што рече.
Значи не е во ред Косово да е признаено а Баскија не. А во ред е Баскија да е признаена а Косово не.
Тешко на таа држава што ќе ја водат вакви политичари.
После ќе плачете дека сите се нафрлиле на Апасиев. Со вакви размислувања друго не ни заслужува.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
И јас се чудам на економската политика, од политичко- правен програмата им беше добра. Повлекувањето на признавањето на Израел ме буни. Не дека нашето или било кое признавање или непризнавање нешто ќе промени, ама претпоставувам дека проблемот е Палестина.

40% на персонален данок е премногу. Рамниот данок е фер данок. Даночната стапка е иста, но не и даночната основа. Од една страна социјалната помош е 11.800, колку што земаат и одредени наши пензионери, а од друга страна се тера крајно непродуктивна даночна политика, која нема да креира нови работни места, посебно сега при оваа Корона економска криза. Дпмне одеа на 8% данок! Ако требаат пари, државата нека не става фасади, панел плочи, печки, авионски карти или купува куќи и станови, меѓу кои се и социјалните станови. Значи од една страна сакаат да се земаат пари од бизнис секторот, а од друга страна тие пари нема да одат во капитални инвестиции, туку одат во вода.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Во реалноста Косово и Баскија не се споредуваат. Баскијците се народ со посебен идентитет, јазик, култура и традиција различни од народите кои ги опкружуваат, но за жал низ историјата скоро секогаш биле поробени и под постојан притисок од асимилација.
За разлика од баскијците, косоварите не се декларираат за посебен народ со своја култура, јазик и традиција, туку самите тврдат дека се албанци, зборуваат албански јазик, користат албански симболи. Албанците имаат своја држава. Тоа што косоварите при последното прекројување на границите во Европа ги сместило во рамките на друга држава, не ги прави да се во иста позиција со баскијците.
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.231
Поени од реакции
666
ПОЛИТИЧКА ЕКОНОМИЈА И ФИНАНСИИ
Редистрибуција на општественото богатство – од богатите кон сиромашните!
ГЕНЕРАЛНИ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ
• Спроведување попис на населението, домаќинствата и имотот, согласно сите меѓународни статистички
стандарди и методологии.
• Воведување на единствен интегриран Регистар на
население, кој ќе им овозможи на граѓаните лесно и едноставно менување на одредени податоци (име, адреса
на живеење и сл.).
• Реформа на Државниот завод за статистика во насока на негова професионализација и елиминирање на
секое политичко влијание, преку подигнување на научните стандарди во неговата работа.
• Укинување на привилегиите на странските инвеститори.
• Зголемена контрола врз работењето со компаниите
од оф-шор зоните, со неможност „странска инвестиција“ да потекнува од држава која се смета за т.н. даночен рај.
• Доследно спроведување на регулативите кои се однесуваат на преземањето фирми од шпекулативни или
сомнителни мотиви.
• Прохибиција и целосна забрана на коцкањето во
казина (со исклучок на некои погранични зони).
ПРОГРЕСИВНА ДАНОЧНА РЕФОРМА
• Проширување на листата производи и услуги со повластена стапка на ДДВ (данок на додадена вредност),
како данок на промет/потрошувачка.
• Воведување прогресивен персонален данок на личен доход (плата, хонорар и сл.), наместо сегашниот
рамен данок – со цел богатите да плаќаат повеќе од сиромашните:
- до 14.500 денари личен доход, персоналниот данок
не се плаќа;
- од 14.500 денари до 60.000 денари, персоналниот данок изнесува 10%;
- од 60.000 денари до 120.000 денари, персоналниот
данок изнесува 15%;
- од 120.000 денари до 300.000 денари, персоналниот
данок изнесува 30%;
- над 300.000 денари, персоналниот данок изнесува 40%.
• Воведување на прогресивен данок на добивка, како
би можело да се обезбедат повеќе средства за здравство, образование, инфраструктура и сите останати основни човечки потреби, но не од џебот на работниците!
Овој данок ќе се пресметува на две основи: (1) висината
на добивката и (2) степенот на експлоатација. Траншите
по првата основа би биле следните – на годишно ниво:
- за добивка до 12.000 ЕУР, данокот на добивка по првата основа изнесува 10%;
- за добивка од 12.000 до 60.000 ЕУР, данокот на добивка по првата основа изнесува 20%;
- за добивка од 60.000 до 120.000 ЕУР, данокот на добивка по првата основа изнесува 30%;
- за добивка над 120.000 ЕУР, данокот на добивка по
првата основа изнесува 40%.
Траншите по втората основа [степен на експлоатација]
би биле следните – на годишно ниво:
- доколку добивката изнесува половина од сумата на
исплатените плати, данокот на добивка се зголемува за
10%;
- доколку добивката е помеѓу половина од сумата на
исплатените плати и целата сума на исплатените плати, данокот на добивка се зголемува за 15%;
- доколку добивката е над сумата на исплатените плати, данокот на добивка се зголемува за 20%.
• Укинување на данокот на имот и воведување на
единствен прогресивен данок на богатство, или т.н. данок на луксуз, кој ќе се плаќа на вкупното нето-богатство кое домаќинствата го поседуваат! Во богатството
ќе влегуваат недвижнини, превозни средства, финансиски средства, акции и удели во фирми – а ќе бидат
исклучени долговите (на пример: кредит за стан и сл.).
Стапките ќе се плаќаат во транши и ќе бидат:
- 0% годишно на богатство до 80.000 ЕУР;
- 0.25% годишно на износот помеѓу 80.000 и 120.000 ЕУР;
- 0.5% годишно на износот помеѓу 120.000 и 200.000 ЕУР;
- 0.75% годишно на износот помеѓу 200.000 и 500.000 ЕУР;
- 1% годишно на износот над 500.000 ЕУР.
• Воведување на прогресивни стапки на данок на
промет со недвижности, кои ќе се движат од 1% до 3%,
во зависност од вредноста на недвижноста.
• Пресметување на сите парични глоби како процент
од доходот на казнетиот, при што стапките да бидат
прогресивни, т.е. скалести (посиромашните прекршители ќе плаќаат пониски глоби).
• Ставање крај на рекетирањето и збирањето „арач“
од успешните компании, т.е. селективното, волунтаристичко и дискреционо казнување на фирмите поради
политички мотиви.
• Иницирање соработка помеѓу балканските земји,
со цел формирање координативно тело за единствена
даночна унија, заради унифицирање на условите при
вложување странски инвестиции во регионот на Западен Балкан, а со единствена цел – избегнување на ‘трката до дното’ на полето на даночната политика.
ЈАВЕН ДОЛГ
• Целосна ревизија на јавниот долг и покренување
постапка за одговорност и рефундација од надлежните
функционери кои недомаќински и расипнички трошеле за време на нивниот мандат.
• Запирање на непродуктивните буџетски расходи.
• Воведување златно правило за јавните трошења,
со цел да се спречи дополнителен раст на јавниот долг
за непродуктивни цели (со други зборови, да не може
да се креира нов јавен долг за тековни трошења, туку
само за капитални инвестиции).
• Зголемување на транспарентноста, дисциплината
и отчетноста на јавните финансии, преку серија мерки
и објавување на многу поаналитични и поедноставни
буџети на институциите.
КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ
• Издвојување на капиталните инвестиции од јавните тековни трошоци (трошоците ќе останат под ингеренции на Министерството за финансии, а инвестициите ќе бидат во надлежност на нов државен Фонд за
развој и инвестиции).
• Формирање Фонд за развој и инвестиции, кој ќе
биде независен, ќе ги интегрира многуте постоечки
тела од оваа сфера, и ќе ја преземе функцијата за капитални инвестиции од Министерството за финансии.
Со Фондот ќе раководи стручно лице кое ќе има мандат подолг од мандатот на пратениците. Фондот ќе се
финансира од републичкиот Буџет и ќе располага со
15-20% од вкупните јавни приходи (за споредба, капиталните расходи моментално изнесуваат околу 12% од
јавните приходи). Фондот ќе ги има следните функции:
- инвестирање во инфраструктура (патишта, хидроцентрали, иригациони системи, железница, гасификација...);
- инвестирање во јавни добра (болници, училишта, студентски домови, градинки, детски одморалишта...);
- инвестирање во стратешки гранки на производството;
- градење општествени станови кои ќе им се продаваат
на финансиски ограничените граѓани (без учество и со
0% реална камата) и сл.
• Создавање Софтверска долина која би прераснала
во работен бизнис центар на ИТ/програмерските компании, со цел да се искористи и засили трендот на отворање и развој на домашни и странски претставништва
на ваквите фирми.
РЕГУЛАЦИЈА НА БАНКИТЕ
(Антилихварско законодавство)
• Воведување државна комерцијална Банка за бескаматно кредитирање на населението, а преку која вработените во јавниот сектор ќе ги примаат своите плати.
• Зауздување на банкарскиот сектор, преку намалување на вишокот на ликвидност на банките и ограничување на екстра-профитите и бонусите на банкарите.
• Ограничување на банкарските провизии:
- бесплатно електронско банкарство за секој клиент
(физичко или правно лице) без наплаќање членарини
и провизии;
- ограничување на провизиите за вршење платен промет на симболичен износ (пр. 5 денари по уплатница);
- укинување на провизиите за водење трансакциски
сметки на граѓаните и на правните лица;
- укинување на провизиите при наплата на административни и судски такси;
- укинување на провизиите при вадење пари од банкомати на различни банки;
- укинување на провизиите при проверка на сметки од
банкомати, т.е. вадење изводи од трансакциски сметки;
- укинување на членарината за користење кредитни и
дебитни картички;
- укинување на наплатата за издавање потврди за исплатен, т.е. целосно затворен потрошувачки или друг
вид кредит;
- укинување на административните трошоци при подигање станбени и други кредити.
• Воведување максимални каматни стапки кои банките можат да ги наплаќаат (максимум 3% камата).
• Намалување на казнените камати и нивно градуирање согласно приходите и богатството.
• Укинување на зеленашките т.н. „брзи кредити“, поради лихварски камати и предизвикување должничко
ропство на клиентите.
ЈАВНИ УСЛУГИ
• Забрана на натамошна приватизација на јавните
претпријатија кои даваат јавни услуги (пошта, железници, водостопанства, електрани и сл.).
• Ограничување на концесионерството на природните богатства и на јавните добра и услуги.
• Доследно спроведување на антимонополската регулатива за приватни корпорации.
• Државна инфраструктура на телекомуникациската
5G мрежа и забрана за приватна либерализација на истата.
• Укинување на наплатата за приклучок кон јавните
дистрибутивни мрежи (струја, вода, парно, гас, телефонија, интернет и сл.).
ПОТРОШУВАЧКИ ПРАВА
• Интервентно реагирање со отпис на стари долгови
на граѓани.
• Давање поголеми можности за плаќање на рати
на наталожените долгови кон државата од страна на
граѓаните.
• Еднократно отпишување на каматите на извршните пресуди – во зависност од висината на каматата и од
материјалната состојба на должникот.
• Забрана на анатоцизам, односно течење „камати на
камати“, т.е. престанување на течењето на затезните
камати во моментот кога тие ќе ја достигнат висината
на главниот долг.
• Преполовување на казнените законски затезни камати за неплатени сметки од страна на физички лица
со ниски примања.
• Зголемена правна помош на потрошувачите – особено при пружање услуги од јавен интерес (струја,
вода, парно, телевизија, телефон, интернет).
• Забрана за тужење на граѓаните од страна на компаниите кои пружаат јавни услуги, сè додека не се соберат кумулативно шест последователни неплатени
сметки за комуналии.
• Забрана за склучување орочени договори, на една
или две години, од страна на компании кои пружаат
телекомуникациски или интернет услуги (кабелски телевизии, интернет и мобилни оператори и сл.).
• Забрана за самоволно исклучување на потрошувачите од дистрибутивните мрежи, без претходна правосилна и извршна судска одлука.
• Проширување на листата на парични приходи врз
кои не смее присилно да се извршува (забрана за наплата доколку вкупните приходи во семејството се под
одредено законски утврдено ниво за нормално живеење).
• Скратување на рокот на застареност на правосилните и извршни судски пресуди за неплатени сметки
за комуналии (од десет на пет години), по кој рок тие
нема да можат присилно да се извршуваат.
• Воведување на можноста за колективно тужење
на компаниите кои давааат јавни услуги од страна на
здруженија на потрошувачи, заради заштита на т.н. колективни потрошувачки интереси.
• Намалување на цените на фиксната и мобилната
телефонија.
• Намалување на цените на интернетот и зголемување на квалитетот и брзината на услугите кои ги нудат приватните оператори.
• Детално регулирано етикетирање на сите прехранбени и други производи, заради постигнување т.н. мудро пазарање од страна на информирани потрошувачи.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Многу динамично лето!
Не можат да здивнат од Апасиев.
Вакво колективно предизвикување душевна болка последен пат имаше кога го предложија Дарко Лешоски за директор на Струшките вечери на поезијата.:aplauz:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Во реалноста Косово и Баскија не се споредуваат. Баскијците се народ со посебен идентитет, јазик, култура и традиција различни од народите кои ги опкружуваат, но за жал низ историјата скоро секогаш биле поробени и под постојан притисок од асимилација.
За разлика од баскијците, косоварите не се декларираат за посебен народ со своја култура, јазик и традиција, туку самите тврдат дека се албанци, зборуваат албански јазик, користат албански симболи. Албанците имаат своја држава. Тоа што косоварите при последното прекројување на границите во Европа ги сместило во рамките на друга држава, не ги прави да се во иста позиција со баскијците.
Турците имаат 6 држави па никому ништо :)
Во реалноста, „правдината“ се одредува според силата, и никакои поинаку ..
 
Со дел од идеите изнесени погоре се согласувам, но еден дел се тотално контрапродуктивни. Но тоа воопшто не е проблем се додека Левица не е во позиција да носи одлуки и закони. За старт имаат земено добра насока и намера и тоа е за поздрав. Но моментално живееме во тотално крахиран, хакиран (од неколку фамилии) и нефункционален систем што само целосен ресет може да не поправи. Правење закрпи на нефункционален систем само ќе ја зголеми неговата сложеност. Треба системот да почне да се средува комплет како од главата така и од опашката, како од политичарите на врвот така и од обичните граѓани.
 
Така е другар arakenx
Линкче од комплетната програма на Левица.
#ДржаватаЗаНародот
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Во реалноста Косово и Баскија не се споредуваат. Баскијците се народ со посебен идентитет, јазик, култура и традиција различни од народите кои ги опкружуваат, но за жал низ историјата скоро секогаш биле поробени и под постојан притисок од асимилација.
За разлика од баскијците, косоварите не се декларираат за посебен народ со своја култура, јазик и традиција, туку самите тврдат дека се албанци, зборуваат албански јазик, користат албански симболи. Албанците имаат своја држава. Тоа што косоварите при последното прекројување на границите во Европа ги сместило во рамките на друга држава, не ги прави да се во иста позиција со баскијците.
На Косово пред втората светска војна Албанците биле малцинство. За време на војната многу Срби биле принудно иселени, а после војната им било забрането враќање на родните огништа. На тој начин станале 50%. Се практикувало и доселување од Албанија, па нивниот број постојано се зголемувал. Со постојани притисоци, посебно засилени во осумдесетите, Србите (принудно) се отселија. Не знам дали сега ги има 10% и тоа претежно на северот. Јужно од Митровица безмалку ги нема.
Затоа се согласувам дека Косово и Баскија не можат да се споредуваат.
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.231
Поени од реакции
666
Благодарност до баскијските левичари од
Sortu
за честитките по повод изборниот резултат на Левица.
„Другари, во име на жените и мажите од баскијското движење за независност ви честитаме на резултатот на изборите одржани на 15ти јули 2020.
И покрај потешкотиите со кои се соочивте во минатото постигнавте одличен успех. Благодарност за вашата подршка кон Баскија и се надеваме дека ќе продолжи нашата соработка.
Борбата продолжува!
Да живее народот!
Подобро општество е неопходно.
Подобро општество е можно.
ЌЕ ПОБЕДИМЕ!“
#ЛевицаОдПарламент
115650296_619220512337794_2415812922157657793_o.png
 
Kajgana Shop

На врв Bottom