Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 август 2009
Мислења
3.679
Поени од реакции
5.307
"Во кулоарите се зборува дека опозициски пратеници веќе добиле примамливи понуди да ја сменат страната и дека Заев се надева преговорите да ги почне со четири нови пратеници во неговиот табор, значи со вкупно 50 пратенички потписи." - Геровски

Овој зајаков да остане премиер ќе почне да купува пратеници. Незнам дали се случувало ова претходно, ако има некој што прати подолго и памти вакво нешто нека пише. Ептен комедија од држава станавме, ваков преседан направија за името, ама несмее да продужи понатака.
Ајде нека се кандидира некој милионер следни избори и нека купи 100 пратеника па нека праи шо сака со државава :ROFLMAO:
Нормално, и до интегритетот на пратениците е, за да има поткуп и корупција и во секојдневниот живот некој треба и да го прифати тоа, не е крив само тој што нуди.
У секој случај, комедија од држава, корупција на највисоко ниво у највисокото тело на државата, што ги "претставува" граѓаните. Ајде барем стварно добро не отсликува и претставува како држава и народ у случајов :)
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Нормално, и до интегритетот на пратениците е, за да има поткуп и корупција и во секојдневниот живот некој треба и да го прифати тоа, не е крив само тој што нуди.
Дијалектика....штом се нафатил да биде пратеник тој веќе е поткуплив :LOL:
Злото го содржи во себе семето на своето самоуништување....доказ за поредок во универзумов и за тоа дека системов ваков каков што е не го бива, иако можеби нема бољи до сега некој тестирано.
Ако можеа гласачи да поткупуваат зошто не и пратеници?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Незнам дали се случувало ова претходно,
Секогаш.

Впрочем и нема собраниски мандат во кој една коалиција (од поголемите нормално) го има завршено мандатот со ист број на пратеници со кои го има почнато.

Единствена разлика е што тие трансфери се дешавале во тек на сезоната воглавно, а не вака пред формирање влада, но тоа доволно ти говори колку ВМРО е во моментов склоно на внатрешен раскол.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
"Во кулоарите се зборува дека опозициски пратеници веќе добиле примамливи понуди да ја сменат страната и дека Заев се надева преговорите да ги почне со четири нови пратеници во неговиот табор, значи со вкупно 50 пратенички потписи." - Геровски

Овој зајаков да остане премиер ќе почне да купува пратеници. Незнам дали се случувало ова претходно, ако има некој што прати подолго и памти вакво нешто нека пише. Ептен комедија од држава станавме, ваков преседан направија за името, ама несмее да продужи понатака.
Ајде нека се кандидира некој милионер следни избори и нека купи 100 пратеника па нека праи шо сака со државава :ROFLMAO:
Нормално, и до интегритетот на пратениците е, за да има поткуп и корупција и во секојдневниот живот некој треба и да го прифати тоа, не е крив само тој што нуди.
У секој случај, комедија од држава, корупција на највисоко ниво у највисокото тело на државата, што ги "претставува" граѓаните. Ајде барем стварно добро не отсликува и претставува како држава и народ у случајов :)
Се случуваше редовно до 2006 дури Грујо не му бапна бланко меници на сите што сакаат да бидат пратеници од 2006 до кај 2016.

Реално ништо чудно и ништо ново, нашиве парламентарци се пример за корупција, непотизам и дно од интегритет.
 

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.231
Поени од реакции
665
Зошто тогаш ако идеологијата на Левица е да сме со источните сили Апасиев во континуитет повторува дека Е за членство во ЕУ? Зарем не е тоа малку контрадикторно? Да сакаш во ЕУ а ваму да застапуваш про руски и про кинески надворешни политики.
Никогаш не го рекол тоа, не шири дезинформации меѓу читателите. Рече ние сме дел од Еворпа и треба да бидеме во Европа, не рече унија. Ако им чиниме они сами ќе не повикаат како што ја викаат Србија, но таа е цврсто решена да си го зачува Косово. Ние сме плачипутки.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Единствена разлика е што тие трансфери се дешавале во тек на сезоната воглавно, а не вака пред формирање влада, но тоа доволно ти говори колку ВМРО е во моментов склоно на внатрешен раскол.
Она што му завидувам е школото кое го има...од луѓе кои не штедат 1 милијарда за да земат 10, секоја чест.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Единствена разлика е што тие трансфери се дешавале во тек на сезоната воглавно, а не вака пред формирање влада, но тоа доволно ти говори колку ВМРО е во моментов склоно на внатрешен раскол.
И уште една разлика има овој пат, односно конечно престана лажното ривалство помеѓу СДС-ДПНЕ и барем ќе им се разјасни на тие малку што не се сигурни дека комуњаро-вмроните во суштина се исти курац. Достигната е кулминацијата помеѓу нивните препукувања, сега останува омразата помеѓу двете клапи сендвичи, тие тешко дека нешто ќе сфатат во догледно време.
 

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.231
Поени од реакции
665
И уште една разлика има овој пат, односно конечно престана лажното ривалство помеѓу СДС-ДПНЕ и барем ќе им се разјасни на тие малку што не се сигурни дека комуњаро-вмроните во суштина се исти курац. Достигната е кулминацијата помеѓу нивните препукувања, сега останува омразата помеѓу двете клапи сендвичи, тие тешко дека нешто ќе сфатат во догледно време.
Халелуја.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Никогаш не го рекол тоа, не шири дезинформации меѓу читателите. Рече ние сме дел од Еворпа и треба да бидеме во Европа, не рече унија. Ако им чиниме они сами ќе не повикаат како што ја викаат Србија, но таа е цврсто решена да си го зачува Косово. Ние сме плачипутки.
Какви дезинформации? Па нели во програмата им стои дека се експлицитно контра НАТО а се ЗА евроинтегративните процеси. На интервју го има ова изјавено неколку пати, јас ништо не прејудицирам ниту ми е во интерес да ширам наводни дезинформации.
Хах, Србија и де факто го има изгубено Косово, наскоро тоа ќе го видиме и де јуре, кога официјално и ќе го признаат и самите. Се разбира, откако на Вучиќ ќе му скоцкаат некаков договор налик Преспанскиот, за да може дома да има со што да се правда, демек ја зачувал честа на Србијанството.
 

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
Никогаш не го рекол тоа, не шири дезинформации меѓу читателите. Рече ние сме дел од Еворпа и треба да бидеме во Европа, не рече унија. Ако им чиниме они сами ќе не повикаат како што ја викаат Србија, но таа е цврсто решена да си го зачува Косово. Ние сме плачипутки.
Аааа тогаш значи Апасиев е против тоа физички да се отцепиме од Европа. Јасен и храбар став.
 

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.231
Поени од реакции
665
Какви дезинформации? Па нели во програмата им стои дека се експлицитно контра НАТО а се ЗА евроинтегративните процеси. На интервју го има ова изјавено неколку пати, јас ништо не прејудицирам ниту ми е во интерес да ширам наводни дезинформации.
Хах, Србија и де факто го има изгубено Косово, наскоро тоа ќе го видиме и де јуре, кога официјално и ќе го признаат и самите. Се разбира, откако на Вучиќ ќе му скоцкаат некаков договор налик Преспанскиот, за да може дома да има со што да се правда, демек ја зачувал честа на Србијанството.


После втората минута од видеото јасно си кажа другарот.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591

После втората минута од видеото јасно си кажа другарот.
Добро и...сега што е алтернативата? Во услови кога сме членки на НАТО, најголемиот западен воен и политички блок, контратежа на истокот и неговите политики, ние ќе правиме нагли пресврт од 360° и ќе тераме про источна политика. Кога 90% од сите политички и економски релации ни се со ЕУ, кога најголемите трговски партнери ни се Германија, УК и ред други западни држави, исто членки и воедно и креатори на овие воено политички блокови, во време кога цицаме Европски фондови, кога на секој чекор гледаш табли и знамиња на ЕУ за проекти од водовод, патишта, канализации, школи, финансирани од нивните даночни обврзници...во време на корона криза, кога се крстиме и коленичиме да пуштат некое евро од сега усвоениот буџет...ние ќе му речеме фак ју, од утре Кина и Русија се нашите браќа по идеологија?
Маестрално!
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не ми се другарчиња. Разбираш каква глупост е некого да обвинуваш на јавен форум дека не си го напишал името? И каква врска има дали си го напишал името или не со она што го пишува во постовите?

Срамота е вака да се резилиш. Како од Марс да си паднат.
Реакција другар... Еве.. и ти се резилиш без да го знаеш муабетот.
Автоматски споено мислење:

Гласачите треба да гледаат за кого гласаат. Ако гласаат за некој кој може да биде уценет, купен, заплашен... тогаш добиваат таков пратеник и нема што да се жалат дека биле изиграни...
Гласачите не може тоа да го знаат. Треба системот да не' штити од тоа.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Реакција другар... Еве.. и ти се резилиш без да го знаеш муабетот.
Јас само добронамерно ти кажувам дека се бламираш со муабетот со никовите. Делуваш како да те имаат ид 1975 префрлено тука.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ќе си гласате по идеологија. ВМРО ДПМНЕ никогаш во ниеден момент не оспори промена на име, анти атлански интеграции, демократија... Сее исто као СДСМ, идеологијата им е иднината на севериџистан да е со западните сили. Идеологијата пак на Левица е со источните сили, оттула произлегува и надворешната политика со непризнавање на Косово и ред други работи.
Додуша на последниот состанок на ВМРО ДПМНЕ се промени идеологијата и сега и дефинитивно се изјаснија за западните сили. Имаше левичари бо ДПНЕ но сега веќе ги нема.
ВМРО ДПМНЕ е од старт „декларирана“ како продесна партија (кај нас е тешко да се застапува идеологија). Од стартот е со идеи за ЕУ и НАТО членство. Проблемот беше што бевме условени да го промениме името, а таа партија јавно и во изборни програми истакнуваше дека нема да го промени името, сем ако мнозинството на граѓани на референдум не одлучат така. Значи, јасно било декларирано. Не знам зошто нешто друго бараш од нив. Впрочем, сите „ујдурми“ што се сторија беа во насока за промена на името: стигматизирање на ВМРО ДПМНЕ, Груевски, неуставно СЈО, политички прогон, намера за забрана за партијата, тешки обвинителни акти, уцена на пратеници, лажење на гласачите.... Сето ова Заев го направи.
Никогаш не се изјасниле дека не се за „западните сили“. Не сакаше Груевски да го промени уставното име, па се поведе хајка за изолација, напади, итн... Не се дистанцираше партијата, ни тој од нив.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom