Кога не сакал Груевски НАТО и ЕУ? Проблемот беше што не прифати да го промени името, веројатно уставното. Па, „ако ти „неќеш, има ко оќе“. И сега сме „модерна“ европска држава. Значи, проституирањето било модерно и правилен избор.Па и Грујо попушти. Отпрво не сакаше ЕУ и НАТО потоа се сврте кон нив и тој. Со евроатланските интеграции не дотуркаа до дереџе да си продадеме се што имаме. Задолжување од 6 милијарди и олигарси кои командеа се во државата. Ја разоружаа АРМ која се претвори во ловечко друштво.
Џоре, да бидеме објективни. После 2001 се што изгласавме се стремеше кон разнебитување на Македонија. Секоја чест на патриотите кои во тоа време на Грујо ги имаше во голем број па не смееше да им сврти грб. Со шарените си најде излез и сега зајко ќе досреди што нее средено.
На тролчињава не им замеравај, они више имаат свој став околу политикава во државата и не сакаат да се објаснуваат по стопати.
Мене друго ми беше мислата. Кога некој излезе како кандидат за пратеник (или што и да е), тој нуди свои ставови, заложби, програма... како дел од партијата. Осумте пратеници од листата на ВМРО ДПМНЕ во 2016 г. излегоа со став дека нема да го менуваат уставното име... итн... Добија поддршка од одреден број на гласачи, како група. Гласањето за промена на името е голема измама на гласачите која не е од мал обем. Јас знам дека тие тоа го сторија уценети од „ослободената“ држава, заканувајќи им се со долги години затвор. Сега, се најавува од ДУИ ќе „откраднеле“ 5 пратеника да гласаат само за предавникот Заев да е на власт. Па тие 5 пратеници не ги гласале граѓани за да бидат дел од СДСМ, туку за да ги спроведуваат политиките на ДУИ. И не верувам дека тие доброволно би го сториле тоа. Пак ќе е дело на „модерните европски вредности“ преточени преку предавникот Заев како лидер, кој ја „ослободи“ државата, а се стори со уцени. Секако, не сам, не може(ше) сам, помогнат од „демократските западни сили“.
Автоматски споено мислење:
И не се срамам.А ако си го ставил сопственото име во ник на кајгана форум значи дека не се плашиш?