Македонска берза

Член од
22 февруари 2019
Мислења
318
Поени од реакции
309
UNI ти е прилично ликвидна акција
Порано под ликвидни си ги есапев МБИ-10 и на сигурно као терав. Но пред негде месец дена имаше на неколку наврати пишано @therealgrim за неликвидните акции и акциите кои го сочинуваат МБИ-10 па се охрабрив во таа насока да размислувам малце. Гледајќи го прометот на УНИ во последно време ако вака продолжи и во спореба со SBT и TTK, декември ќе ја гледаме и UNI во МБИ-10.

Ти ли ми ја украде за 540 ;), држев на 520, ама никој не се удостои да продаде :P
И мене пред месец дена кога беа 300 за малку дури се мислев пред нос ми заминаа. Тргнат возот со нив. Читав и некои објави по медиуми постари деновиве за нив. Она што го работат мислам само ќе се потврди во извештаите како што излегуваат и мислам за брзо ќе си ја врати вредноста од лани 850. Мислам дека имаат капацитет за повеќе, но од сегашна перспективане би предвидувал ништо.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.334
Поени од реакции
7.699
Можеби причината за растот на банките е многу побанална. Не знам кој им е крајниот рок за предавање полугодишни извештаи во НБРСМ, ама нема да биде првпат да остварат огромни скокови пред добри резултати или дивиденди. Непишано правило во Северџанија е дека буквално секој што е у позиција да изврши некаква дубара или проневера - тоа и ќе го направи.

Да сум некој регулатор или обвинител, при ненадејни растови на цена би истражувал кој све имал пристап до инсајдерски информации и кој све купувал. Доколку се уапсат и казнат неколку високо позиционирани лица, веројатно и ќе се подигне довербата на граѓаните во правосудството што е на светски рекордно ниско ниво од само 3%!

Уште една симптоматична работа, во светот компании што вртат стотици милијарди за 2-3 недели исфрлаат квартални извештаи, а овие нашиве што свртат понекое милионче буквално чекаат по 2-3 месеци до последен ден додека да наштимаат колку да пријават!
Автоматски споено мислење:

Кога веќе разбуричкувам по жабокречината на северџанскиот финансиски систем, да му ја спомнам малку и мајката: НБРСМ. За нејзините 440 вработени минатата година биле исплатени 428.000.000 денари, односно просечната нето плата им е околу 55.000 денари :shok2::shok2::shok2:

За споредба, шведската централна банка има само 362 вработени, а веројатно управува и надзира стопати поголеми средства и субјекти. Ова доволно зборува какви сѐ бескорисни паразити се накачени на државна цицка у оваа „институција“, а којзнае како го пополнуваат недостатокот на работни обврски во денот. Можат за почеток да го поправат веројатно најлошиот сајт на македонскиот интернет којшто воопшто не е ни оптимизиран за Сафари.

Ете, тоа е слика и прилика на овие партиско-непотистички дувла: ќути си, дупи си, никогаш ништо не менувај и не таласај! Начекале затуцан народ што не бара никаква отчетност и резултати од нив и мислам дека бесрамно би го цицале додека трае светов и веков.
Добро бе, колку години имаш... Кај беше досега, во пештера да не живееше... Јасно ни е како функционира системот, ама темава е БЕРЗА.
Имаш други теми, јас таму пишувам, дојди помагај да ја опрајме Македонија. :oleee:
Остај ја оваа тема за акции само.
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
318
Поени од реакции
309
Добро бе, колку години имаш... Кај беше досега, во пештера да не живееше... Јасно ни е како функционира системот, ама темава е БЕРЗА.
Имаш други теми, јас таму пишувам, дојди помагај да ја опрајме Македонија. :oleee:
Остај ја оваа тема за акции само.
До март години си ја бркав работата. Ко ќе е се супер не се замараш. Кајгана го знаев сајтот, но не и форумот со сите илјадници теми :) Но еве ти еден позитивен исход од карантинот...барем за мене. За инвестирање можеби на повеќето тука ви е јасно, но јас немав никакво искуство иако и си ги научив основните лекции кои мораше да си ги поминам порано, на потежок начин со ефтино продавање во март. Истражив, симнав добра литература и од март гале гале по малку читам на форумот по некоја страна секој ден (до 2016та сум стр 196 :) Имам уште многу фурни леб за јадење :)
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Значи секогаш истиот одговор “ТРЕСЛА СЕ ГОРА, РОДИО СЕ МИШ” баш како мантра, кога од тебе ќе се побара некој конкретен одговор. Не се скриени, на секој веб сајт стојат Имињата и Презимињата на членовите, имаш LinkedIN за секој од нив. Но полесно е вакви copy/paste паушални одговори/изговори со еден куп придавки. Па нели 90% се, по слободен избор кој и да одбереш треба да е изгубен Германец.

Приватниот капитал врши многу строга селекција на кадри. Згора на тоа, сите тие биографии мора да добијат и регулаторен Амин.
Бројките се крајно убедливи, еве ги:

Screen Shot 2020-07-21 at 09.27.06.png Screen Shot 2020-07-21 at 09.51.10.png

Буквално СЕКОЈ фонд има полош поврат од просекот за време на своето постоење. Да им довериш пари да ти управуваат е како да отидеш кај доктор што 15 години лечел полошо него што луѓето сами би се лечеле. Никој не треба да става ни денар во овие фондови, а вториот пензиски столб треба да се укине пошто е најобичен паразит што македонските пензионери досега ги чинел накај 300 милиони евра.

На луѓе можеш со сила да им земеш, ама не можеш со сила да им дадеш. По ваков опис на институциите и фондовите, последен совет е да немаат никаква доверба во системот и во тие што самоуверено им даваат инвестициски совети, а особено во приватни пораки.

Ќе баталам пишување на некое време, а на сите ви посакувам многу среќа и пари.
 
Член од
2 септември 2014
Мислења
187
Поени од реакции
195
Каква неизвесност луѓе, имаме зголемена ликвидност со скоро двоцифрен скок на годишна основа и кај домаќинства и кај фирми на крај на јуни, а нели „мај, јуни и јули ќе крахира нашата економија“ според многумина овде, а да е уште потажно и кај јавните настапи т.н. експерти по економија.

Третиот пакет поддршка штотуку почна да се спроведува, картичките купувај домашно се штанцаа од почеток на јули, ваучерите за летување важат од средина на јули, поддршка на инвестиции со грантови од 25% почнува да се операционализира од крај на август, после повикот кој завршува на крај на јули.

Нормално е да се очекува пад на наплатени камати кај банките во втор и трет квартал заради одложувањето на кредитите, но баш да видиме колкав ќе е тој пад, и како им одело со наплата на провизиите.
@Prof. Josef зарем ова што го пишуваш и го мислиш?

Економијата е пред колапс, третиот паќет мерки нема ништо да и помогне на економијата, туку само ќе го одложи крахот. Компаниите се соочуваат со сериозни проблеми посебно малите и средни. Ефтините кредити кои требаа да ги добијат компаниите, за да се справат со кризата ниту ги добијаа ниту ако ги добијат ќе им бидат доволни.... и уште милион други проблем околу намалената потрошувачка, намалениот извоз и увоз... А да не зборувам за илјадниците испуштени од работа и уште толку во најава...

И пак ќе те прашам зарем стварно мислиш дека нашата економија е на вистински пат?
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635

Мислам, и тоа што ќе смислам го пишувам, врз база на аргументи и искуство. После скоро 2 децении работа исклучиво во приватен/реален сектор, и секојдневна комуникација со фирми, еве пак ќе ти кажам, државава како целина функционира најдобро до сега откако јас работам во неа.
Фирмата во која работам репрограмира кредит пред 3 месеци, и од 4,5% каматата им се намали на 3,6%, слично слушам и од пријатели физички лица дека овој лимбо период го искористиле за репрограмирање на кредити, па ете можеби ваквите репрограмирања се причината што банките билдаат кредитни пласмани на сред криза.
Намалената потрошувачка е факт, но тоа е проблем кој опфаќа 3-4 сектори од преку 100 кои функционираат во државава. Илјадници испуштени од работа нема, тоа што е испуштено е во најнискодоходовните гранки, ене гледај месечни извештаи за извршување на буџет и ќе видиш дека во мај годинава има скоро незабележителен пад на наплатени придонеси споредено со мај лани. Побарувачката за субвенциите кои ги користат погодените фирми за исплата на плата веќе во јули за јунската плата е значително намалена.
И само уште ова, наплатата на ДДВ во јули 2020 ќе биде поголема отколку во јули 2019 ;)
 
Единствено со ова за репрограмирањето се солгасувам со тебе за се друго имам тотално спротивно мислење, само да се наодврзам на твоето напишано дека имаме одлична економија во кој само 3 сектори се погодени, немаме испуштени од работа, немаме намалени приливи во државната каса и ред други работи... тоа ми личи на изјавите на Заев кога кажуваше како тоа буџетот изобилува со средства а кога фати криза ептен почнаа да ни фалат средства за мерките.

Само едно прашање, секторите туризам, трговија на мало и индустријата со колкав процент учествуваат во БДП?
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
343
Поени од реакции
333
Мислам, и тоа што ќе смислам го пишувам, врз база на аргументи и искуство. После скоро 2 децении работа исклучиво во приватен/реален сектор, и секојдневна комуникација со фирми, еве пак ќе ти кажам, државава како целина функционира најдобро до сега откако јас работам во неа.
Фирмата во која работам репрограмира кредит пред 3 месеци, и од 4,5% каматата им се намали на 3,6%, слично слушам и од пријатели физички лица дека овој лимбо период го искористиле за репрограмирање на кредити, па ете можеби ваквите репрограмирања се причината што банките билдаат кредитни пласмани на сред криза.
Намалената потрошувачка е факт, но тоа е проблем кој опфаќа 3-4 сектори од преку 100 кои функционираат во државава. Илјадници испуштени од работа нема, тоа што е испуштено е во најнискодоходовните гранки, ене гледај месечни извештаи за извршување на буџет и ќе видиш дека во мај годинава има скоро незабележителен пад на наплатени придонеси споредено со мај лани. Побарувачката за субвенциите кои ги користат погодените фирми за исплата на плата веќе во јули за јунската плата е значително намалена.
И само уште ова, наплатата на ДДВ во јули 2020 ќе биде поголема отколку во јули 2019 ;)
Со други зборови блескаме :lolzz: За овие бројки што ги кажуваш не сум упатен, но еве ќе ти верувам дека е така. Меѓутоа реалната состојба од моја перспектива е дека повеќето луѓе немаат ставено гориво во кола цел месец (иако беше евтино) бидејќи немаа кај да одат. Имаше период кога буквално немаше каде парите да се трошат, бидејќи се беше затворено. За туризам не ни правиме муабет, но еве нафташите изгубија многу, ЈПДП изгуби многу, аеродромски услуги и авионски сообраќај немаше, услужни дејности немаше или беа сведени на "за носење", спорт нула, културни манифестации нула... Има тука уште многу други дејности кои беа загрозени и кога ќе ги собереш сите не е баш некој маргинален процент, туку можеби (лупам) над 70% од стопанството беше засегнато од кризата. Е сега, после тоа дојде разлабување на заштитните мерки па пак почна да се раздвижуваат работите.Дури и податоците за раст на БДП не одат во прилог на твојата теза, но еве дај боже да си во право па навистина да блеснеме во трет квартал.
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
592
Поени од реакции
1.102
Може ние да се буфтаме кој е подобар инвеститор, ама г-динот Тито Беличанец нѐ шие сите. Имено, тој на 28.1. беше продал 4.000 акции од Тетекс по 2.800 денари, а денес тие се на половина од таа цена:

Прегледај го приврзокот 260012

Иако Седумте џуџуња од КХВ го казнија со цели 1.000 евра, верувам дека тој пеејќи ја платил таа казна пошо со продавањето на акциите спречил да претрпи капитална загуба од дури 70.000 евра! Секоја чест, мајсторе, еве дури и јас ти се поклонувам на генијалноста и далекувидоста!
Sakash da kazesh deka tete ne vredi 2.250 den. po akcija (ne 2.800) denari kolku sto gi prodade doticniov? Zatoa dobi kloca i od odbor na direktori na tete i od nadzoren na ttk...

P. S. Procepkaj po Internet od duelot na zaev i mickoski i vidi koja e prvata investicija so e najavena I vo koj iznos... Posle kje pravime muabet... :cool:

P. P. S. Nemoj da izleze deka doticniov e najgolem gibitnik vo cela situacija, pa togash da mu presmetuvash kolku izgubil..
 
Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714

Pa sto ne si kupuvate na 1400-1500 sega? ke se napunute kesh
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714
Se znae li koj prodade,a koj kupi 30.000akcii na Granit denes ?Sepak 30000 se mnogu akcii.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom