Труење на кучиња и мачки

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Најглупа работа е што овие трујачи на животни немаат никаква грижа на совест и дури мислат дека направиле нешто многу јако. Пред шест години мене ми отруја белгиски овчар. Во прв момент стварно не знаев кој е трујачот. После разбрав пошто сам се фалел во маалската продавница. Ни срам ни перде што се вика, отворено зборел како тој ги труел кучињата и мачките божем тие да се некаква напаст па тој го чисти маалото. Немав цврсти докази а плус се работеше за стар човек (сега е веќе починат) па на сета мака не можев да му направам ништо. Не можеш да го пријавиш (а и да го пријавев полицијата немаше да мрдне со прст) а да му направев нешто сам ќе одговарав...
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Денес сабајле татко ми во дворот го нашол фрлено ова:

IMG-a89659119c1da6037e2fb3e7723bf873-V.jpg

Кучката веднаш намирисала и се стрчала по мирисот, но за среќа бутнала саксија па татко ми ѝ свикал и не успеала да изеде ништо, он одма видел.
Но за жал откако го сликал веднаш го фрлил.. Јас му реков дека требало да пријави веднаш во полиција и да го чува како доказ.

Дали сега сепак е препорачливо да поднесе пријава, да се направи записник барем да се знае дека има УБИЕЦ во маало, или џабе ќе си троши време? Ми треба совет бидејќи до сега не сме имале вакво искуство, не знам како се постапува во вакви ситуации. :(
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Сакам кучиња. Сум чувал куче. Никогаш не сум удрил куче. Никогаш не сум ни помислил да отрујам некое куче. Дека можат да бидат агресивни, можат. Можат да повредат, па и да убијат некого. Се има тоа случувано повеќе пати. Ама треба да си психо за да труеш. Онака, стварно да ти се разлабавени шрафовите у главата.

Но психо паричката има и друга страна. Во една прилика, до една месарница го видов најдебелиот пес во животот. Предебело, пријателско настроено куче кое едвај се движи. Четири нозе не го крепат. И решив да го фотографирам со мобилниот. И од некаде ми се вдаде една госпожа: Кој си ти, што си ти, што му правиш на кучето? Ги знам таквите како тебе, убијци сите до еден! Џабе објаснувања дека тоа е само мобилен, дека кучето ми било интересно па сум решил да направам фотка.

Не знам што си мислела. Дека мобилниот е тајно оружје кое пушта смртоносни зраци кои ги убиваат кучињата од два метра. Или дека сум член на тајна антикучешка организација кој фотографира пцишта, а потоа комитетот решава дали ќе биде отруено кучето? Немам поим, ама женава беше поим за параноја и хистерија.

Во некоја нормална држава на трујачите би требало да им се стегне доста јака парична казна, многу часови општествено корисна работа и да им се подари куче од стационар кое ќе го чуваат, за чија состојба ќе одговараат, и кои одвреме навреме ќе бидат посетувани и контролирани од соодветна служба, која по потреба би интервенирала. Ама ова е само фантазија.
 
Член од
16 јуни 2013
Мислења
418
Поени од реакции
344
Денес сабајле татко ми во дворот го нашол фрлено ова:

Прегледај го приврзокот 260007

Кучката веднаш намирисала и се стрчала по мирисот, но за среќа бутнала саксија па татко ми ѝ свикал и не успеала да изеде ништо, он одма видел.
Но за жал откако го сликал веднаш го фрлил.. Јас му реков дека требало да пријави веднаш во полиција и да го чува како доказ.

Дали сега сепак е препорачливо да поднесе пријава, да се направи записник барем да се знае дека има УБИЕЦ во маало, или џабе ќе си троши време? Ми треба совет бидејќи до сега не сме имале вакво искуство, не знам како се постапува во вакви ситуации. :(
Во која населба е ова ако можам да знам? Кога ќе прочитам вакви вести страв ме фаќа.
Што се однесува до прашањето, не сум стручен ама мислам дека полицијата нема да ти помогне многу, само ако ја дознаеш личноста па правно тоа да се реши.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Во која населба е ова ако можам да знам? Кога ќе прочитам вакви вести страв ме фаќа.
Што се однесува до прашањето, не сум стручен ама мислам дека полицијата нема да ти помогне многу, само ако ја дознаеш личноста па правно тоа да се реши.
Во Тафталиџе. Татко ми го советував сепак да отиде во полиција и да поднесе пријава, бидејќи се работи за фрлање на отровна, смртоносна супстанца на приватен имот, значи нарушена е безбедноста и на некој начин е извршен напад врз домот. На страна кучето, може да има мало дете, да истрча да ги чепне патроните и да се затруе.

И бил денес и пријавил, му зеле изјава, податоци, направиле записник и му рекле дека најдобро било во моментот да ги викне да дојдат на лице место и да извршат увид. Сега е забележано во евиденција па во случај да се повтори, ете, има официјално пријавено, земени податоци и све тоа.
Сега ставам камера во дворот и тоа е..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom